BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
No Result
View All Result
Home Околу нас

Поемата „Цветко“ под шифрата „Когито“ е најдобрата поема на Конкурсот „Григор Прличев“

декември 28, 2021
in Околу нас
Поемата „Цветко“ под шифрата „Когито“ е најдобрата поема на Конкурсот „Григор Прличев“
Жири комисијата за доделување на наградата „Григор Прличев“ што НУ Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид ја доделува за најдобра поема во ракопис во 2021 година, во состав: проф. д-р Маја Јакимовска-Тошиќ (претседател), проф. д-р Мишел Павловски (член) и д-р Славчо Ковилоски (член), на својот заеднички состанок одржан на 24.12. 2021 година едногласно ја донесе ОДЛУКАТА за избор на најдобра поема за 2021 година, при што како највисоко рангиран го посочи ракописот : „Цветко“, Шифра: Когито.
ОБРАЗЛОЖЕНИЕ
Поемата „Цветко“ под шифра: Когито, пишувана во модернистички манир, претставува вешто компониран поетски исказ, сугестивен и хармоничен, згуснато сензитивен и напати спокоен, кој, преку навидум едноставниот лирски расказ за животот на Цветко, отвара суштински егзистенцијалистички прашања. Поемата има изградено цврста интегрирана приказна со структурна издиференцираност во мотивски поглавја (Пролог, Семе за надеж, Детството, Младост, Големата љубов, Брак, Лизгање по угорнина, Гости, Епилог), обединети околу одредени семантички јадра, кои го следат животот на главниот лик – Цветко. Поемата ја третира вечната тема за човековата ранливост и минливост, (не)исполентоста на очекувањата во дослух со самиот себесе, но и со традицијата, менталитетот, обичаите карактеристични за поднебјето под кое живееме, каде низ слободен стих се движи содржината на случувањата во ритам и стилска одржливост со помош на едноставен јазик, ставен во функција на пораката која треба да ја пренесе. Структурните мотивски конкретизации освен што ги третираат универзалните поимања за филозофијата на опстанокот, сврзани со вечните егзистенцијални дилеми: приклонување кон одредени етички категории, животни избори, (не)реализираност, верба, се труди да достигне и поетскиот квалитет. Притоа, чувственоста како димензија и прочувствуваноста како состојба стануваат доминанти во поетскиот лирски израз. Авторот/авторката ги излева своите ставови за значењето на љубовта и љубовниот опит низ низата од стихови на: Данте, Петрарка, Бајрон, Шекспир, Гете, Хименес, Валери, Хајне, Пушкин…, бидејќи во светот на Цветко се прекршуваат чувствата, речиси оксиморонски. Но еден вид сублимат на неговите размисли како поет и како доминантно човек се содржат во стиховите на Бела Хамваш, цитирани во поемата: „Животот може да се изживее искривено./ Лесно, лажно, игриво, неозбилно/ Со една рака, рамнодушно, одважно/ Премногу ревносно и завршно/, кои во духот на поетски преточената животна сторија на јунакот, го одразуваат поетовиот светоглед за предодретеноста и личниот влог во сопствениот почеток, текот и крајот на животниот век. Поемата комуницира и со културните симболи на времето, умешно вградувајќи ги во сопствената поетика. Авторот/авторката амбиентот на случувањата напати сака да ни го долови низ мелодијата, аромата и здивот на песните на Бери Вајт, иконата на фанкот и соулот, низ музиката на Тајм, Стонси, Квин и Стинг, и на тој начин да нѐ пренесе во некои животни модалитети на 70-тите, 80-тите и 90-тите години на 20. век, но и деконструирајќи ги и прилагодувајќи ги во сопствената естетика.
НУ Библиотека
Посетеност: 255
Share30
Admin

Admin

Поврзани вести

ДРУГИТЕ ЗА НАС. horticulturna. biblioteka .org.mk ЦВЕTНА БИБЛИОТЕКА У ОХРИДУ

by Admin
јуни 13, 2025
0
Во Охрид успешно реализиран проектот „Цветна библиотека“

ЦВЕTНА БИБЛИОТЕКА У ОХРИДУ У оквиру активности које су део промоције и развоја мреже хортикултурних библиотека, у Охриду је реализован пројекат из годишњег програма НУ Библиотеке „Глигор Прличев“...

Read more

Проектот: „Книгата најдобар другар на децата“

by Admin
јуни 10, 2025
0
Проектот: „Книгата најдобар другар на децата“

10 јуни, 2025 г.  НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид во рамките на Годишната програма за работа во текот на овој месец  ќе го спроведе Проектот: „Книгата најдобар...

Read more

Поетите Мирко Томовски и Митре Мангоски – Радождански во Пула

by Admin
јуни 1, 2025
0
Поетите Мирко Томовски и Митре Мангоски – Радождански  во Пула

1 јуни 2025 г. Деновиве нашите роднокрајни автори Мирко Томовски и Митре Мангоски – Радождански настапија на две меѓународни поетски манифестации во Пула – Хрватска. 14. издание на...

Read more

Ученици од ООУ „Кочо Рацин“ од Охрид и „Веселин Маслеша“ од Белград ја посетија Библиотеката

by Admin
мај 24, 2025
0
Ученици од ООУ „Кочо Рацин“ од Охрид и „Веселин Маслеша“ од Белград ја посетија Библиотеката

24 мај, 2025 г. ООУ „Кочо Рацин“ од Охрид во рамките на својата меѓународна соработка со сродни училишта од Балканот деновиве е домаќин на ученици и наставници  од...

Read more

Корисна посета и можност за идна сорабтока меѓу библиотеките од Охрид и Корча

by Admin
мај 19, 2025
0
Корисна посета и можност за идна сорабтока меѓу библиотеките од Охрид и Корча

19 мај, 2025г. Во рамките на Програмските активности во делот на меѓународната соработка деновиве  вработени во НУ Библиотека „Григор Прличев“  предводени од в.д. директорката на установата Христина Трпеска...

Read more
Next Post
НУ Библиотека „Григор Прличев“ подари книги во охридските градинки

НУ Библиотека „Григор Прличев“ подари книги во охридските градинки

Поврзани вести

Еколошка библиотека во Кина покриена со 40.000 дрвени гранки

Еколошка библиотека во Кина покриена со 40.000 дрвени гранки

февруари 28, 2021
Годината ни почна убаво во еден ден 54 читатели во Библиотеката

Годината ни почна убаво во еден ден 54 читатели во Библиотеката

јануари 3, 2024
Интересни факти за Нобеловата награда за литература

Интересни факти за Нобеловата награда за литература

октомври 8, 2021

Категории

  • Актуелно
  • Без категорија
  • Библиографии
  • Видео записи
  • Зборници
  • Звучни записи
  • Каталози
  • Книги во издание на библиотеката
  • Книги чиј издавач е библиотеката
  • Нови книги
  • Огледало
  • Околу нас
  • Продажба на книги
Посетеност: 255

© 2024 bibliotekaohrid.mk

No Result
View All Result
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт

© 2024 bibliotekaohrid.mk

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?