Ученици од ООУ „Ванчо Николески“ во рамки на проектот „Донеси понеси книга“беа во посета на нашата установа

Ученици од ООУ „Ванчо Николески“ во рамки на проектот „Донеси понеси книга“беа во посета на нашата установа

Posted by Milco Jovanoski in Околу нас 22 Dec 2021

22 декември, 2021 г. 

Со почитување на сите Ковид – 19 протоколи вчера во посета на НУ Библиотека во Охрид беа група ученици и дел од раководниот тим на ООУ „Ванчо Николески“ од Лескоец.

Библиотекари од библиотека ги поведоа гостите низ библиотеката детално информирајќи ги за секојдневната работа, за патот на книгата од нејзината набавка, обработка и  до пултот за зајмување. Истовремено запознавајќи го сите други работни обврски кои се извршуваат во установата а се во интерес на граѓаните.

Посетата беше  реализирана во рамките на проектот: „Донеси понеси книга“ кој се реализира во рамките на предметот Граѓанско образование чии цели се учениците да пројават поголем интерес кон книгата, да се поттикнат слободното време да го минуваат во друштво на книгата, да ја разберат големината и значењето на книгата во однос на писменоста, елоквентноста, изразувањето, видикот и широчината на отворениот ум, но и да се предочат негативните страни на дигиталниот свет.

Во посета на библиотека беа директорката на училиштето Елена Ел Нади, педагогот Весна Терзиоска, наставничката Александра Петревски и ученичките: Јована Крстаноска, Теодора Тодороска, Наталија Чулческа и Анастасија Чулческа.

Завршниот настан од проектот – Презентацијата и Новогодишниот базар ќе се одржат  во петок 24 декември од 11 часот.

НУ Библиотека