BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
No Result
View All Result
Home Околу нас

МТВ за нас: Охридската библиотека ќе премине кон отворен тип на работа

декември 16, 2021
in Околу нас
МТВ за нас: Охридската библиотека ќе премине кон отворен тип на работа

16 декември, 2021 г.

Во изминатите неколку месеци вработените во Националната установа- Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид вложија многу труд за да го уредат адаптираниот простор кој им беше отстапен со цел библиотеката да добие оптимални услови за работа. На тој начин се создадоа услови библиотеката да профункционира како установа од отворен тип. Наскоро ќе профункционира и Италијанско катче кое е зачеток на нов проект со кој е предвидено Прличевата одаја да биде огледало на светската литература…

Една стара кинеска поговорка вели дека доколку три дена не прочиташ книга твоите зборови ќе ја изгубат убавината. Почитуваќи ја оваа мисла вработените во Охридската библиотека со цел да ја зголемат читателската публика во рекордно време во адаптираниот простор кој им беше отстапен од некогашната дирекција на Фестивалот „Охридско лето“ поместија околу 150.000 библиотечни единици со цел охриѓани и сите оние што ќе го посетат Охрид да уживаат во читањето.

„Новиот простор ни дава шанса оваа библиотека во иднина да биде, откако ќе помине се надевам за брзо короната, да биде простор каде што ќе може самостојно да се одбира литературата. Значи од затворен преминуваме во еден отворен тип на работа на библиотеката. Луѓето ќе можат да прошетаат помеѓу книгите, да одберат она што сакаат“, изјави Милчо Јованоски- НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид.

Во библиотеката наскоро ќе профункционира италијанско катче во кое ќе бидат поместени италијанска литература и списанија. Се работи за процес кој што допрва ќе се надоградува во соработка со италијанската и други амбасади во земјава при што ќе се отворат и други литературни катчиња со што Прличевата одаја ќе биде Центар на светската литература.

„Ние ги следиме тие светски трендови, особено од туристичките места и библиотеките кои што работат во светот, а имаат некоја слична природна позиција како Охрид. И се надеваме дека наскоро можеби во текот на следната сезона да отвориме деташирани библиотеки надвор од нашата библиотека, можеби на плоштадот или пред самата библиотека каде што луѓето ќе можат да си зајмуваат книги“, додава Јованоски.

Вработените во библиотеката се среќни поради тоа што во последните години се зголемува читачката публика бидеќи покрај читањето од потреба се зголемува и бројот на луѓето кои што читаат од задоволство.

 

Сашо Нелоски МТВ 

 

Посетеност: 241
Share30
Admin

Admin

Поврзани вести

ДРУГИТЕ ЗА НАС. horticulturna. biblioteka .org.mk ЦВЕTНА БИБЛИОТЕКА У ОХРИДУ

by Admin
јуни 13, 2025
0
Во Охрид успешно реализиран проектот „Цветна библиотека“

ЦВЕTНА БИБЛИОТЕКА У ОХРИДУ У оквиру активности које су део промоције и развоја мреже хортикултурних библиотека, у Охриду је реализован пројекат из годишњег програма НУ Библиотеке „Глигор Прличев“...

Read more

Проектот: „Книгата најдобар другар на децата“

by Admin
јуни 10, 2025
0
Проектот: „Книгата најдобар другар на децата“

10 јуни, 2025 г.  НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид во рамките на Годишната програма за работа во текот на овој месец  ќе го спроведе Проектот: „Книгата најдобар...

Read more

Поетите Мирко Томовски и Митре Мангоски – Радождански во Пула

by Admin
јуни 1, 2025
0
Поетите Мирко Томовски и Митре Мангоски – Радождански  во Пула

1 јуни 2025 г. Деновиве нашите роднокрајни автори Мирко Томовски и Митре Мангоски – Радождански настапија на две меѓународни поетски манифестации во Пула – Хрватска. 14. издание на...

Read more

Ученици од ООУ „Кочо Рацин“ од Охрид и „Веселин Маслеша“ од Белград ја посетија Библиотеката

by Admin
мај 24, 2025
0
Ученици од ООУ „Кочо Рацин“ од Охрид и „Веселин Маслеша“ од Белград ја посетија Библиотеката

24 мај, 2025 г. ООУ „Кочо Рацин“ од Охрид во рамките на својата меѓународна соработка со сродни училишта од Балканот деновиве е домаќин на ученици и наставници  од...

Read more

Корисна посета и можност за идна сорабтока меѓу библиотеките од Охрид и Корча

by Admin
мај 19, 2025
0
Корисна посета и можност за идна сорабтока меѓу библиотеките од Охрид и Корча

19 мај, 2025г. Во рамките на Програмските активности во делот на меѓународната соработка деновиве  вработени во НУ Библиотека „Григор Прличев“  предводени од в.д. директорката на установата Христина Трпеска...

Read more
Next Post
Денеска се навршуваат точно 100 години од раѓањето на академик Блаже Конески

Денеска се навршуваат точно 100 години од раѓањето на академик Блаже Конески

Поврзани вести

Во сеќавање на Ванчо Николески

Во сеќавање на Ванчо Николески

април 15, 2022
Заеднички со Црвен крст го промовираме проектот: „Книгата поблиску до старите лица“

Заеднички со Црвен крст го промовираме проектот: „Книгата поблиску до старите лица“

април 9, 2024
И ние дел од настанот „Охрид во чест на Блаже Конески“

И ние дел од настанот „Охрид во чест на Блаже Конески“

јули 9, 2021

Категории

  • Актуелно
  • Без категорија
  • Библиографии
  • Видео записи
  • Зборници
  • Звучни записи
  • Каталози
  • Книги во издание на библиотеката
  • Книги чиј издавач е библиотеката
  • Нови книги
  • Огледало
  • Околу нас
  • Продажба на книги
Посетеност: 241

© 2024 bibliotekaohrid.mk

No Result
View All Result
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт

© 2024 bibliotekaohrid.mk

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?