BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
No Result
View All Result
Home Околу нас

Видео – записи со поезијата на Конески во Годината посветена на великанот на македонската култура

декември 7, 2021
in Околу нас
Видео – записи со поезијата на Конески во Годината посветена на великанот на македонската култура

7 декември, 2021 г. 

Во годинава што изминува, Владата на Република Северна Македонија ја усвои Националната програма „2021 – Година во чест на Блаже Конески”, која е дел и од календарот на важни меѓународни јубилеи на УНЕСКО.

Министерството за култура реализираше и видео-материјал со поезијата на Блаже Конески на шест јазици: македонски, турски, ромски, српски, влашки и босански јазик.

Видео-материјалот е достапен за користење и истиот може да го подигнете на следниот линк:

https://wetransfer.com/downloads/24b311a30ca32a21514868d54ff97e0c20211207123716/bcac0725417524891398f6d4d5dac39e20211207123734/e1c849?utm_campaign=WT_email_tracking&utm_content=general&utm_medium=download_button&utm_source=notify_recipient_email

Иницијативата за Национална програма за одбележување на капиталното научно и литературно дело на големиот Конески ја започнаа Министерството за култура и Министерството за образование и наука. За меѓународните активности се вклучи и Министерството за надворешни работи, а покровител на Програмата е претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски.

Програмата се реализираше во текот на целата година, со активности на повеќе институции, министерства, органи на државната управа, здруженија во земјава и во странство, а средствата беа обезбедени од Министерството за култура, од Министерството за образование и наука и од Агенцијата за спорт и млади.

Покрај институционалните форми, делото на Конески на оригинален начин се чува, се негува и се осовременува и низ различни форми на граѓански и образовни институции, кои изготвија алтернативни начини и на современ јазик говореа за темелните вредности на Конески.

100-годишнината од раѓањето на Блаже Конески се чествуваше и во седиштето на УНЕСКО во Париз, Франција, каде што на 21 март, по повод Светскиот ден на поезијата, песни од Конески на своите јазици прочитаа повеќе високи дипломатски претставници во УНЕСКО.

Во знакот на оставината на поетот, македонист, академик и еден од кодификаторите на македонскиот литературен јазик, се одржа и 60. издание на светски реномираната поетска манифестација „Струшки вечери на поезијата“, а беше издадено и монографско издание посветено на Конески.

Беа распишани и конкурсите за ученици од основните училишта, како и за млади автори за создавање дела инспирирани од поезијата на Блаже Конески. Беа промовирани и илустрации создадени на Јавниот конкурс на Факултетот за ликовни уметности при УКИМ, со што студентите оддадоа почит кон поетското наследство на Конески, но дадоа и нова димензија за афирмација на визуелната уметност, преку илустрацијата во издаваштвото.

Во рамките на јубилејот, Народната банка на Северна Македонија издаде златна кована монета со ликот на Блаже Конески, а Поштата на Северна Македонија издаде поштенска марка со ликот на оваа наша национална гордост.

Во оваа јубилејна година, неколкупати со топлина каква што го красеше скромниот и голем поет, научник и човек – Конески, настани се одржаа и во неговото родно Небрегово – во спомен-куќата каде што е роден.

Извор: Министерство за култура

Посетеност: 215
Share30
Admin

Admin

Поврзани вести

Почина Илче Стојаноски, новинар, публицист – роднокраен автор

by Admin
април 22, 2025
0
Почина Илче Стојаноски, новинар, публицист – роднокраен автор

22 април, 2025 г. Вчера во Охрид на 75 годишна возраст почина новинарот и публицист  Илче Стојаноски, кој целиот професионален работен век го помина во Центарот за печат...

Read more

„Аз,буки,веди – тајната на Словото од Григор Костески, дело инспирирано од словенската книжевна историја

by Admin
април 10, 2025
0
„Аз,буки,веди – тајната на Словото од Григор Костески, дело инспирирано од словенската книжевна историја

10 април, 2025 г.  -Со оваа книга авторот Костески навлегува длабоко во суштината на писмените знаци, етимиологијата на зборовите, слоговите и буквите. На тој начин ни открива нови...

Read more

Помогнавме во средувањето на училишната библиотека и поделивме бесплатни членски карти во Пештани

by Admin
април 7, 2025
0
Помогнавме во средувањето на училишната библиотека и поделивме бесплатни членски карти во Пештани

7 април, 2025 г.  На барање на ООУ „Св. Наум Охридски“ од Пештани и директорката Валентина Рубаноска а во рамките на одбележувањето на Втори април – Светскиот ден...

Read more

Регионалниот натпревар „Млади библиотекари“ ќе се одржи во април

by Admin
март 27, 2025
0
Регионалниот натпревар „Млади библиотекари“ ќе се одржи во април

27 март, 2025 г. На  повикот на нашата НУ Библиотека „Григор Прличев“ за учество на Регионалниот натпревар „Млади библиотекари“ закажан за 11 април во просториите на Библиотеката со...

Read more

Здружението на лица со дијабет од Охрид организира предавање на тема: ,, Дијабетично стапало, дијагноза и превенција“

by Admin
март 3, 2025
0
Здружението на лица со дијабет од Охрид организира предавање на тема: ,, Дијабетично стапало, дијагноза и превенција“

3 март, 2025 г. Утре - вторник, 4  март, во НУ Библиотека ,,Григор Прличев“ д-р Арсо Митрески ќе одржи предавање на тема ,, Дијабетично стапало, дијагноза и превенција“....

Read more
Next Post
Фотографии од новиот работен простор на НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид

Фотографии од новиот работен простор на НУ Библиотека „Григор Прличев“ - Охрид

Поврзани вести

Нова веб страница, нови можности

Нова веб страница, нови можности

мај 26, 2020
Постхумно во Струга промовирани две книги од писателот Петко Шипинкаровски

Постхумно во Струга промовирани две книги од писателот Петко Шипинкаровски

октомври 5, 2020
Заедно да ја креираме набавната политика на нови книги во оваа 2025

Заедно да ја креираме набавната политика на нови книги во оваа 2025

февруари 19, 2025

Категории

  • Актуелно
  • Без категорија
  • Библиографии
  • Видео записи
  • Зборници
  • Звучни записи
  • Каталози
  • Книги во издание на библиотеката
  • Книги чиј издавач е библиотеката
  • Нови книги
  • Огледало
  • Околу нас
  • Продажба на книги
Посетеност: 215

© 2024 bibliotekaohrid.mk

No Result
View All Result
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт

© 2024 bibliotekaohrid.mk

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?