BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
No Result
View All Result
Home Околу нас

Другите за нас: Најмладиот член има 7, а највозрасниот 89 години во НУ Библиотека „Григор Прличев“

ноември 23, 2021
in Околу нас
Другите за нас: Најмладиот член има 7, а највозрасниот 89 години во НУ Библиотека „Григор Прличев“

23.11.2021 г. 

Најмладиот член во охридската Библиотека има 7, а највозрасниот 89 години. Од НУ Библиотека „Григор Прличев“ велат дека моментално бројат околу 1000 членови. Од почетокот на пандемијата, Библиотеката функционира со спроведување на протоколите за заштита од Ковид-19, а е забележан и зголемен интерес за читање од сите генерации, пишува Охрид њуз. 

Независно од пандемијата, интересот за зајмување книги не се намалува, напротив бележиме зголемен интерес за читање и кај повозрасните, и она што посебно не радува кај помладата популација. Ова е резултат на континуираната набавка на нови изданија и обнова на старите барани лектирни изданија и белетристика која е основата на класичната литература. Библиотеката го збогатува својот фонд и преку донации од граѓаните, но и од авторите од Охрид и надвор од него, велат од НУ Библиотека „Григор Прличев“.

Сепак, и покрај постојаните набавки и збогатувањето на фондот со нови наслови, од НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид велат дека се соочуваат со проблемот на позајмени, а не вратени книги.

Од таа причина Библиотеката во јуни одлучи да ги повика сите корисници кои зајмиле книги до 2020 а не успеале да ги вратат, да го сторат тоа најдоцна до 31 декември, годинава. Целта е книгите повторно да го продолжат својот живот меѓу читателите, велат од НУ Библиотека „Григор Прличев“.

Според податоците од Библиотеката, се забележува и значителен интерес за домашните автори. Охриѓани најмногу ја одбирале литературата од Наде Стојилковиќ, Верица Митева , Маја Божиновска, Мирјана Проданова и Ивана Наскова, а од странските автори најчитани се Лусинда Рајли, Сара Џио, Колин Хувер, Себастијан Фицек, Тес Геритсен, Кристин Хана и ред други, додека најчитани жанровски се драмите, љубовните приказни и трилерите.

Имено, почетоците на библиотечната дејност во Охрид датираат уште од 19. век кога охридскиот терзија Ангел Групчев, за кого Прличев тогаш вели дека е „најчуениот маж“ во својот дуќан во охридската чаршија, отвора читалиште кое во тоа време привлекува големо внимание кај граѓаните. Оттогаш наваму се’ е веќе историја, велат од библиотеката. Градската библиотека во Охрид започнува со работа во 1946 година, а името „Григор Прличев“ го добива пред 70 години во 1951 година.

Извор: www.ohridnews.com

Посетеност: 257
Share30
Admin

Admin

Поврзани вести

ДРУГИТЕ ЗА НАС. horticulturna. biblioteka .org.mk ЦВЕTНА БИБЛИОТЕКА У ОХРИДУ

by Admin
јуни 13, 2025
0
Во Охрид успешно реализиран проектот „Цветна библиотека“

ЦВЕTНА БИБЛИОТЕКА У ОХРИДУ У оквиру активности које су део промоције и развоја мреже хортикултурних библиотека, у Охриду је реализован пројекат из годишњег програма НУ Библиотеке „Глигор Прличев“...

Read more

Проектот: „Книгата најдобар другар на децата“

by Admin
јуни 10, 2025
0
Проектот: „Книгата најдобар другар на децата“

10 јуни, 2025 г.  НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид во рамките на Годишната програма за работа во текот на овој месец  ќе го спроведе Проектот: „Книгата најдобар...

Read more

Поетите Мирко Томовски и Митре Мангоски – Радождански во Пула

by Admin
јуни 1, 2025
0
Поетите Мирко Томовски и Митре Мангоски – Радождански  во Пула

1 јуни 2025 г. Деновиве нашите роднокрајни автори Мирко Томовски и Митре Мангоски – Радождански настапија на две меѓународни поетски манифестации во Пула – Хрватска. 14. издание на...

Read more

Ученици од ООУ „Кочо Рацин“ од Охрид и „Веселин Маслеша“ од Белград ја посетија Библиотеката

by Admin
мај 24, 2025
0
Ученици од ООУ „Кочо Рацин“ од Охрид и „Веселин Маслеша“ од Белград ја посетија Библиотеката

24 мај, 2025 г. ООУ „Кочо Рацин“ од Охрид во рамките на својата меѓународна соработка со сродни училишта од Балканот деновиве е домаќин на ученици и наставници  од...

Read more

Корисна посета и можност за идна сорабтока меѓу библиотеките од Охрид и Корча

by Admin
мај 19, 2025
0
Корисна посета и можност за идна сорабтока меѓу библиотеките од Охрид и Корча

19 мај, 2025г. Во рамките на Програмските активности во делот на меѓународната соработка деновиве  вработени во НУ Библиотека „Григор Прличев“  предводени од в.д. директорката на установата Христина Трпеска...

Read more
Next Post
Нови наслови во нашата Библиотека

Нови наслови во нашата Библиотека

Поврзани вести

Нов месец – нови книги во Библиотеката

Нов месец – нови книги во Библиотеката

декември 2, 2020
Креативна работилница за изработка на честитки по повод 8 Март

Креативна работилница за изработка на честитки по повод 8 Март

март 5, 2025

test

мај 30, 2020

Категории

  • Актуелно
  • Без категорија
  • Библиографии
  • Видео записи
  • Зборници
  • Звучни записи
  • Каталози
  • Книги во издание на библиотеката
  • Книги чиј издавач е библиотеката
  • Нови книги
  • Огледало
  • Околу нас
  • Продажба на книги
Посетеност: 257

© 2024 bibliotekaohrid.mk

No Result
View All Result
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт

© 2024 bibliotekaohrid.mk

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?