3 ноември, 2021 г.
И оваа среда неделниот преглед на нови книги во НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид е отстапен за литературата за деца и млади.
На одделот за зајмување читателите ги чекаат уште девет наслови.
„Свадбата на Ежо и Ежа“ од Александар Кујунџиски, Збирката од група автори „За Денот на детето’ издание на Вера Б Самарјанин, „За сите деца“ од Вера Лилиќ и „Тино од мојот влез“од Жарко Кујунџиски.
Посебен интерес кај читателите се очекува да предизвикаат петте книги од авторката Пола Харисон во кои главен лик е девојчето Кити и се прикажани нејзините згоди и незгоди со златниот тигар, бркотницата, големата парада , спасувањето и авантурата во небесната градина.
Потсетуваме дека годишната членарина во библиотеката за деца е 200 а за возрасни 300 денари.
Пултот за издавање од понеделник до петок е отворен од 8 и 30 до 18 и 30 часот.
НУ Библиотека