29 октомври, 2021 г.
Ученичката Марија Ѓиноска од деветто одделение од ООУ „Живко Чинго“ од Велгошти го освои првото место на Општинскиот натпревар „Млади библиотекари“ за 2021 година. Нејзин ментор е наставничката Снежана Стојаноска.
Ѓиноска ќе го претставува Охрид на Државниот натпревар „Млади библиотекари“ кој беше закажан за декември годинава, но поради Ковид пандемијата одложен е за мај, 2022. Домаќин ќе биде Охрид, поточно нашата НУ Библиотека „Григор Прличев“.
На општинскиот натпревар се натпреваруваа вкупно осум ученици подготвени од менторите од: ООУ „Св. Наум Охридски“, ООУ „Христо Узунов“, ООУ „Григор Прличев“, ООУ „Ванчо Николески“ од Лескоец и ООУ „Живко Чинго“ од Велгошти.
Организатор на Државниот натпревар „Млади библиотекари“ ќе биде Библиотечното здружение на Македонија.
НУ Библиотека