BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
No Result
View All Result
Home Актуелно

Реакција на дел од изјавата сврзан со нашата НУ при гостувањето на кандидатот за градоначалник Кирил Пецаков во емисијата ОБЈЕКТИВ на МТВ 1 емитувана во петокот 1 октомври

октомври 4, 2021
in Актуелно
Реакција на дел од изјавата сврзан со нашата НУ при гостувањето на кандидатот за градоначалник Кирил Пецаков во емисијата ОБЈЕКТИВ на МТВ 1 емитувана во петокот 1 октомври

Без некој посебен повод и причина почитуваниот пратеник д-р Кирил Пецаков, сега во улога на кандидат за градоначалник на општина Охрид, реплицирајќи му на против кандидатот и актуелен градоначалник на Охрид, Константин Георгиески јавно ја прозва локалната власт, а со тоа и нашата Национална Установа,  дословно велејќи: – Имате готова Библиотека којашто до ден денеска не е опремена ни со столчиња…

Во интерес на вистината и дигнитетот на НУ Библиотека „Григор Прличев“ реагираме на овој дел од искажувањето на Пецаков и го отфрламе како целосно неточно.

Пецаков,  очигледно во предизборен и еуфоричен занес заборави дека во Охрид  ниту една Установа  од областа на културата не под ингеренции на локалната власт, туку  под Владата, односно Министерството за култура.

Да појасниме. Кога говори за готова Библиотека, Пецаков очигледно мисли на просторот кој до 2013 година  беше дирекција на НУ Фестивал „Охридско лето“. Тој  со Одлука , токму на нивната Влада – предводена од ВМРО ДПМНЕ и беше даден на користење на Библиотеката. Следеше градежна адаптација, менување на подот и санитарни јазли. И тука застанаа. Недостигаше мебел, софистициран систем, грее – лади, компјутерска опрема… За тоа да го одобри  Министерството предводено од кадар на ВМРО ДПМНЕ имаше скоро три години, но познато е – нивната власт инвестираше во споменици а во Установите она што ќе остане – трошките.

За волја на вистината претходното раководно лице и Установата конкурирале со Проекти за доопремување на Библиотеката со инвентар и  други потреби, но проектите во тоа поблагопријатно време за културата не поминаа.

И така фамозните столчиња за кои се фати Пецаков, а кои Локалната не ги обезбедила, токму се обезбедени и купени, како и останатиот мебел во 2018 година, откако сегашното Министерство за култура ги одобри Проектите.

Во периодот потоа, благодарение на инвентивноста на менаџерскиот тим,  Библиотеката полека се доопремуваше и со помош на трите Лајонс клубови од Охрид го реши во најголем дел затоплувањето и ладењето на овој – условно речено нов простор.

Стигна Ковид пандемијата која во целост го наруши животот, па и режимот на работа на Библиотеката а почна речиси во мигот кога наголемо се размислуваше условно речено и овој простор да биде и физички и функционално ставен во употреба. Во мигов во завршна фаза е преселбата на богатиот книжен фонд.

Што се однесува до соработката со Општина Охрид  и Библиотеката должни сме да кажеме дека и покрај тоа што локалната нема надлежност за наше финансирање оваа последна раководна гарнитура, за првпат преку Одделението за култура помага во финансирање на дел од нашите издавачки проекти, во организирањето на нашиот дел од манифестацијата Прличеви беседи а неколку промоции и културни настани во изминатите четири години се организирани заеднички.

Што направила  и како работи НУ Библиотека „Григор Прличев“ во периодот кој беше предмет на критика од страна на кандидатот за градоначалник Киирл Пецаков може слободно да се види на веб страницата на нашата Установа на која транспарентно стои запишано а јавноста знае дека токму во овој четиригодишен мандат Библиотеката и покрај ова тешко Ковид време со почитување на протоколи е целосно во функција на читателите и отворена за сите писатели и автори и бележи рекорден број настани и реализирани Проекти во кои се вклучени сите вработени.

 

04.10.2021 г. Охрид

Со почит,

НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид

 

Посетеност: 269
Share30
Admin

Admin

Поврзани вести

Утре,  Библиотеките од Охрид и Нашице – Хрватска ќе потпишат протокол за соработка

by Admin
јуни 19, 2025
0
Утре,  Библиотеките од Охрид и Нашице – Хрватска ќе потпишат протокол за соработка

 19 јуни,2025 г.                Во дводневна  посета на НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид доаѓаат претставници од Градската библиотека од Нашице –...

Read more

Утре, Трета средба на роднокрајнитe автори и промоција на збирката „По стапките на Прличев“

by Admin
јуни 17, 2025
0
Утре, Трета средба на роднокрајнитe автори и промоција на збирката „По стапките на Прличев“

17 јуни, 2025 г.  НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид во рамките на проектот „Трета годишна средба на роднокрајни автори“ дел од програмата за работа на установата а...

Read more

Во Охрид успешно реализиран проектот „Цветна библиотека“

by Admin
јуни 13, 2025
0
Во Охрид успешно реализиран проектот „Цветна библиотека“

13  јуни, 2025 г.  Пред два дена во рамки на активностите кои се дел од промоцијата и развојот на мрежата на хортикултурните библиотеки во државата и пошироко во...

Read more

Промоција на книгата „Ткаенина на животот“ од д-р Симона Мартиноска

by Admin
јуни 12, 2025
0
Промоција на книгата „Ткаенина на животот“ од  д-р Симона Мартиноска

12 јуни, 2025 г.  Утре, петок во 12 часот во Прличевата одаја на НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид ќе биде промовирана збирката раскази „Ткаенина на животот“  од...

Read more

Регионална средба и работилница „Цветна библиотека – Хортикултурна библиотека“ во Охрид

by Admin
јуни 10, 2025
0
Регионална средба и работилница „Цветна библиотека – Хортикултурна библиотека“ во Охрид

10 јуни, 2025 г.  Утре, среда од 11 часот во НУ Библиотека „Григор Прличев“ ќе се одржи Регионална средба и работилница на тема: „Цветна библиотека – Хортикултурна библиотека“....

Read more
Next Post
Нови изданија од старите, добри лектири

Нови изданија од старите, добри лектири

Поврзани вести

Прва Роднокрајна средба на писателите од Охрид

Прва Роднокрајна средба на писателите од Охрид

јуни 20, 2023
Со поезија, цртежи и музика библиотеките од Охрид, Струга и Поградец заедно во проектот „Слушни го Езерото“

„Слушни го езерото“ 2024 ( видео )

јуни 27, 2024
Избрано е  ново раководство на Библиотекарското здружение за периодот 2024-2028

Избрано е ново раководство на Библиотекарското здружение за периодот 2024-2028

декември 11, 2024

Категории

  • Актуелно
  • Без категорија
  • Библиографии
  • Видео записи
  • Зборници
  • Звучни записи
  • Каталози
  • Книги во издание на библиотеката
  • Книги чиј издавач е библиотеката
  • Нови книги
  • Огледало
  • Околу нас
  • Продажба на книги
Посетеност: 269

© 2024 bibliotekaohrid.mk

No Result
View All Result
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт

© 2024 bibliotekaohrid.mk

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?