22 септември, 2021 г.
НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид пред почетокот и на оваа учебна година се потруди да го збогати и осовремени книжниот фонд со лектирни изданија и за основците.
Старите и амортизирани книги заминуваат во депото на библиотеката а со новата набавка не само што е извршена нивна замена, туку и бројот на примероците е далеку поголем за повеќе ученици одеднаш да можат да го прочитаат бараниот наслов.
Тоа е причина повеќе основците да се зачленат во Библиотеката и да ја продолжат дружбата со лектирите.
Потсетуваме дека годишната членарина за ученици е 200 а за возрасни 300 денари.
Од новата понуда на старите, добри наслови ги издвојуваме:
„Робинзон Крусо“ од Даниел Дефо, „Автобиографијата“ од Григор Прличев, „Калеш Анѓа“ од Стале Попов, „Збунети години“ од Велко Неделковски.
Од денеска подготвени за првите читатели чекаат и следните наслови:
„Времеплов“ од Џорџ Херберт Велс, „Трнливата полјанка “ од Катажина Рирх, „Уципуци си го бара домот“ од Зане Зуста , „Сонот на Ѕуница“ од Филиз Оздем и „Леле ми се скрши срцето“ од Елиф Јеменџи.
Работното време на пултот за издавање од понеделник до петок е од 8 и 30 до 18 и 30 часот.
НУ Библиотека