BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
No Result
View All Result
Home Актуелно

По 60 пат отворени „Струшките вечери на поезијата“

август 27, 2021
in Актуелно
По 60 пат отворени „Струшките вечери на поезијата“

27 август, 2021 г.

Со традиционално палење на поетскиот оган и рецитацијата на Т’га за југ од Константин Миладинов синоќа свечено се отворија  јубилејните 60. „Струшки вечери на поезијата“. 

На летната тераса на хотелот „Дрим“ во присутни беа  голем број поети од земјава и од странство, како и  владини претставници и љубители на пишаниот збор.

Вечерта ја отвори поетот и писател и некогашен директор на СВП, Јован Стрезовски, кој имаше наративно излагање, ставајќи акцент на историјата на фестивалот, на неговото создавање, тек и растеж.

– Со доделувањето на меѓународната награда „Златен венец“ на „Струшките вечери на поезијата“, и со издавањето на посебна книга со поезијата на добитниците двојазично: на оригиналниот јазик и во превод на македонски јазик, собрани во педесетина изданија, странските јазици придонесоа за прекрасен спој и потпора во нашиот јазик. Нашиот голем Блаже Конески, кому оваа година му ја чествуваме 100-годишнината од раѓањето, кога во 1981 година беше прогласен за добитник на „Златниот венец“ и кога требеше да објавиме избор од неговата поезија, ни испрати најкраток, строго направен избор. Кога му јавивме дека книгата ќе биде мала и ќе се изгуби на полиците меѓу дебелите книги на другите добитници, ни рече дека „за поезијата не е важно колку е голема книгата, туку – да биде добра“. Секое писмо што ми го испраќаше го завршуваше со следниот поздрав: „Биди ми добра мисла…“ или „Остани со добра мисла…“ Па, еве, на крајот, и јас ве поздравувам со тие негови зборови: „Останете со добра мисла…“ – рече во своето обраќање Стрезовски.

Обраќање имаше и министерката за култура Ирена Стефоска, чиј говор беше изведен во акростих од песната „Т’га за југ“ на Константин Миладинов.

– Тивката Струга по 60-ти пат ги рашири своите прегратки за поетите од целиот свет. Гостољубива е нашата Струга. Во неа добредојдени сме сите. А дури и Дрим денеска ги стивна своите води за да ги слушнеме стиховите, за  да се напоиме со збор во ова време без зборови. А тука беа и Блаже Конески и Десанка Максимовиќ и  Вознесенски и Оден и  Диздар и Гинсберг и Гилвик и Падрон и Хјуз и заминаа, останаа нивните зборови и празни страници за уште поети. Јагулата тргнува на своето свадбено патување минувајќи среде овој град. Утеха од најдолгиот пат и е нејзината рожба. Ќе се врати таа, како што се враќа и поетот во градот на Миладиновци. Секоја година во исто време. Ова обраќање како акростих вам ви го посветувам почитувани поети. Нека се множат вашите стихови. Нека се множат годините на Струшките вечери на поезијата – рече во своето обраќање министерката Стефоска.

Специјално видеообраќање имаше и годинешната лауреатка, британската поетеса Керол Ен Дафи, која го најави своето физичко присуство на следното издание во 2022 година.

– Во овие сурови, мрачни времиња за светот, трогната сум што пред мојот праг го наоѓам сјајот на „Златниот венец“. Тоа што им се придружувам на поети коишто толку многу ми значеле во текот на целиот мој живот како читателка и писателка е извонреден подарок за којшто сум многу благодарна. Последниве 18 месеци, изразот „останав без зборови“ доби ново значење за мене како поетеса, па оваа прекрасна награда од Струга ми го врати духот и радосна сум што сум добредојдена во оваа голема македонска традиција на вреднување на поезијата. Првпат ги посетив Струшките поетски читања пред 30 години, како релативно нова поетеса во деновите пред мобилните телефони, социјалните медиуми и Пандорината кутија на интернетот. Тогаш, навистина, светот беше поинаков и песните што се рецитираа на Мостот на поезијата не мораа да викаат за да бидат чуени над деноноќното брборење на звукот којшто, за жал, сега ни е добро познат. Но вашиот фестивал и неговиот „Златен венец“ опстојуваат и нè потсетуваат дека поезијата мора да опстане, како што и е случајот. Повеќе од кога било, можеме да се согласиме со Семјуел Бекет дека „сета поезија е молитва“. И, можеби, како добитничка на оваа награда, треба да се сетам на Дилан Томас и неговата причина за пишување:„ Не за слава или леб/Ни за да се топорам и тргувам со восхитот/На бините од слонова коска/Туку, за просто, да ми платат/Со нивното најскришно срце.“

Ги испраќам мојата љубов и благодарност до сите во Струга и со нетрпение очекувам да ве посетам повторно следната година и да го запознам следниот лауреат на Златниот венец – рече Ен Дафи во своето видеообраќање.

Вечерта продолжи со меѓународната манифестација „Поетски меридијани“, на која настапија поголем дел од странските гости.

Програмата на фестивалот, почнувајќи од изданието во 2019 година, целосно се пренесува  во живо на официјалниот јутјуб-канал на СВП со што е овозможено целосно следење од страна на поширокиот аудиториум.

„Струшките вечери на поезијата“, кои ќе траат до 30 август, годинава се одржуваат под мотото „Извишени сведоштва, возвишени стихови“ со кое се потенцира значењето на Паркот на поезијата и симболиката на засадување на дрво од страна на лауретите секоја година, како чин со кој се одбележува растежот на фестивалот.

Фестивалот се одвива според сите протоколи за заштита од коронавирусот.

 НУ Библиотека 

Посетеност: 386
Share30
Admin

Admin

Поврзани вести

Министерот за култура и туризам Седат Сулејмани ја посети НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид

by Admin
август 20, 2026
0
Министерот за култура и туризам Седат Сулејмани ја посети НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид

 Денеска Министерот за култура и туризам Седат Сулејмани  престојува во Охрид, Тој беше  во прва работна посета на институциите од областа на културата по неговото назначување на функцијата....

Read more

Заедничка промоција на туристичките потенцијали на Чешка и С. Македонија во Охрид

by Admin
август 18, 2026
0
Заедничка промоција на туристичките потенцијали на Чешка и С. Македонија во Охрид

Утре – среда 19 август во Охрид, во „Прличевата одаја “ на НУ Библиотека „Григор Прличев“ како придружен настан во рамките на официјалната посета на заменик-премиерот и министер...

Read more

Утре – сабота свечено ќе биде отворена обновената „Прличева одаја“

by Admin
јули 17, 2026
0
Утре – сабота свечено ќе биде отворена обновената „Прличева одаја“

Утре, 18 јули од 11 часот на пригодна свеченост во НУ Библиотека „Григор Прличев“ по неколку месечна адаптација ќе биде симболично отворена обновената „Прличева одаја“. Обновениот  мултифункционален простор...

Read more

Промоција на „Македонија низ вековите“ од д-р Виолета Ачкоска

by Admin
јули 15, 2026
0
Промоција на  „Македонија низ вековите“ од д-р Виолета Ачкоска

     Утре, четврток во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид ќе биде промовирана најновата книга на истакнатата македонска историчарка, проф. д-р Виолета Ачкоска „Македонија низ вековите.“ Книгата...

Read more

Утре ќе се одржи регионалниот поетски фестивал „Слушни го Езерото“

by Admin
јуни 18, 2026
0
Утре ќе се одржи регионалниот поетски фестивал „Слушни го Езерото“

Во пресрет на 21 јуни -  Денот на Охридското Езеро, НУ Библиотека „Григор Прличев“ утре од 11 часот  ќе ја одржи манифестацијата СЛУШНИ ГО ЕЗЕРОТО. Проектот е финансиски...

Read more
Next Post

Кој нешто многу сака, ќе најде начин, кој не сака ,ќе најде оправудвање

Поврзани вести

За Прличев и добивањето Ловоров венец за првпат чествуваме во куќата на акдемик Ѓурчинов во Охрид

За Прличев и добивањето Ловоров венец за првпат чествуваме во куќата на акдемик Ѓурчинов во Охрид

март 25, 2023
Во сеќавање на Ванчо Николески

Во сеќавање на Ванчо Николески

април 15, 2022

„Од добрите работи учиме да бидеме благодарни, а од лошите да бидеме силни личности.“ – Вилсон Канади

јули 6, 2020

Категории

  • Актуелно
  • Без категорија
  • Библиографии
  • Видео записи
  • Зборници
  • Звучни записи
  • Каталози
  • Книги во издание на библиотеката
  • Книги чиј издавач е библиотеката
  • Нови книги
  • Огледало
  • Околу нас
  • Продажба на книги
Посетеност: 386

© 2024 bibliotekaohrid.mk

No Result
View All Result
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт

© 2024 bibliotekaohrid.mk

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?