BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
No Result
View All Result
Home Актуелно

Се одржа традиционаланата „Вечер на Чинго“

август 14, 2021
in Актуелно
Се одржа традиционаланата „Вечер на Чинго“

14 август, 2021 г. 

Синоќа во атарот на црквата Св. Петка во Велгошти, се одржа традиционалната културна манифестација “Вечер на Живко Чинго“, посветена на познатиот раскажувач и писател Живко Чинго. 

На  Јована Матевска Атанасова  и беше врачена  наградата за најдобар расказ за расказот “Пура во Осака“ а беше промовирана и антологијата  “Книга за Чинго“ подготвена од проф. д-р Димитар Пандев и проф. Славе Ѓорго Димоски.

Од името на Општина Охрид пред присутните се обрати, претседателката на советот на општината, Живка Ангелоска.

– Почитувано семејство на Живко Чинго, почитувани дами и господа, драги пријатели,

Волшебната Пасквелија и оваа година не собра на едно место, за да искажеме должна почит, на магот на пишаниот збор, најголемиот македонски раскажувач, еден од најголемите синови на Велгошти и Македонија, вечниот Живко Чинго. Чествувањето на великанот преку манифестацијата “Вечер на Живко Чинго“, ја покажува нашата сегашна определба, а воедно е и аманет за идните генерации, делото на големиот книжевник, засекогаш да биде запаметено во колективната меморија на Охрид и Македонија. Со вечерашново чествување, исполнуваме само мал дел од обврската кон сите великани кои оставиле културен и цивилизациски белег во милениумската историја на Охрид и Македонија, а Живко Чинго е во самиот врв на таа листа на достоенственици.

 Веќе неколку децении, Конкурсот за најдобар расказ, што го распишува Општина Охрид,  е во врвот на македонските книжевни манифестации. Секоја година расте конкуренцијата и во бројот на пристигнати раскази и во литературниот израз, што покажува дека ликот и делото на Живко Чинго се слави на најсоодветен начин. Неговото творештво е во врвот на македонската литература, а преку преводите е значаен дел од светското книжевно наследство. Почитувани присутни. И вечерва како и секоја година, кон сите, а посебно кон идните генерации, замолница и аманет: Читајте го и славете го творештвото на магичниот раскажувач, нашиот вечен Живко Чинго – истакна во своето обраќање Ангелоска.

Лауреатот за најдобар расказ Јована Матевска Атанасова, која втора година по ред ја добива престижната награда, истакна дека за неа ова е огромна чест и врв на досегашната нејзина писателска кариера.

За првото издание на “Книга за Чинго“, зборуваше проф. д-р Виолета Ачкоска и проф. д-р Димитар Пандев. Во неа се поместени бројни прилози на домашни и странски писатели и литературни критичари, кои фрлаат нова светлина врз великанот Живко Чинго.

Претставници на општината и училиштата , село Велгошти и други институции положија свежо цвеќе во знак на почит на великанот Чинго. Почит на писателот во име на НУ Библиотека „Григор Прличев“ му одадоа и колешките: Мариче Боздоганова, Елизабета Бојчевска и Нада Ристеска.

Примероци од  „Книга за Чинго“ доби и  нашата библиотека од која приредувачите користеа дел од богатиот книжен фонд на нашата установа.

Вечерта беше збогатена со извонредниот музички перфоманс на младите академски музичари Даниела Петкоска и Милош Дрпа.

Посетеност: 252
Share30
Admin

Admin

Поврзани вести

Утре,  Библиотеките од Охрид и Нашице – Хрватска ќе потпишат протокол за соработка

by Admin
јуни 19, 2025
0
Утре,  Библиотеките од Охрид и Нашице – Хрватска ќе потпишат протокол за соработка

 19 јуни,2025 г.                Во дводневна  посета на НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид доаѓаат претставници од Градската библиотека од Нашице –...

Read more

Утре, Трета средба на роднокрајнитe автори и промоција на збирката „По стапките на Прличев“

by Admin
јуни 17, 2025
0
Утре, Трета средба на роднокрајнитe автори и промоција на збирката „По стапките на Прличев“

17 јуни, 2025 г.  НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид во рамките на проектот „Трета годишна средба на роднокрајни автори“ дел од програмата за работа на установата а...

Read more

Во Охрид успешно реализиран проектот „Цветна библиотека“

by Admin
јуни 13, 2025
0
Во Охрид успешно реализиран проектот „Цветна библиотека“

13  јуни, 2025 г.  Пред два дена во рамки на активностите кои се дел од промоцијата и развојот на мрежата на хортикултурните библиотеки во државата и пошироко во...

Read more

Промоција на книгата „Ткаенина на животот“ од д-р Симона Мартиноска

by Admin
јуни 12, 2025
0
Промоција на книгата „Ткаенина на животот“ од  д-р Симона Мартиноска

12 јуни, 2025 г.  Утре, петок во 12 часот во Прличевата одаја на НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид ќе биде промовирана збирката раскази „Ткаенина на животот“  од...

Read more

Регионална средба и работилница „Цветна библиотека – Хортикултурна библиотека“ во Охрид

by Admin
јуни 10, 2025
0
Регионална средба и работилница „Цветна библиотека – Хортикултурна библиотека“ во Охрид

10 јуни, 2025 г.  Утре, среда од 11 часот во НУ Библиотека „Григор Прличев“ ќе се одржи Регионална средба и работилница на тема: „Цветна библиотека – Хортикултурна библиотека“....

Read more
Next Post
Роднокрајни автори родени во август

Роднокрајни автори родени во август

Поврзани вести

Нови книги – нови приказни

Нови книги – нови приказни

април 21, 2021
Почина роднокрајниот автор Видое Видически

Почина роднокрајниот автор Видое Видически

декември 12, 2020
Свечено одбележан 5 Мај  – Денот на македонскиот јазик

Свечено одбележан 5 Мај – Денот на македонскиот јазик

мај 6, 2025

Категории

  • Актуелно
  • Без категорија
  • Библиографии
  • Видео записи
  • Зборници
  • Звучни записи
  • Каталози
  • Книги во издание на библиотеката
  • Книги чиј издавач е библиотеката
  • Нови книги
  • Огледало
  • Околу нас
  • Продажба на книги
Посетеност: 252

© 2024 bibliotekaohrid.mk

No Result
View All Result
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт

© 2024 bibliotekaohrid.mk

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?