BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
No Result
View All Result
Home Актуелно

Свети Климент учеше: „Тргај се од злото и прави добро!“

август 9, 2021
in Актуелно
Свети Климент учеше: „Тргај се од злото и прави добро!“

9 август, 2021 г. 

На денешен ден во Охрид во 916 година умрел Свети Климент Охридски, родоначалник на словенската литература и црковното беседништво. Тој е прв оригинален словенски и македонски поет, говорник, преведувач, прв епископ словенски и македонски на Балканот, но и голем заштитник на Охрид. Роден бил во Охрид околу 840 година.  

И уште нешто важно. Најзначајната етичка личност во нашата историја е свети Климент Охридски, кој живеел пред единаесет столетија. Тој голем проповедник и наставник, писател и лекар, истовремено е и наш најголем учител за моралот, же напише во една своја беседа проф. д-р Кирил Темков.

Основните идеи на етиката се долговечни, тие се јавуваат во разни времиња и кај разни народи. Такви се десетте божји заповеди, кои се најраширени морални норми во историјата. Тоа се заповедите: „Не убивај!“, „Не кради!“, „Не мами!“, „Не му одземај ништо на другиот и не посакувај такво нешто!“, „Не зборувај невистини за другиот!“, „Почитувај ги родителите!“, општо земено „Внимавај што правиш!“, како и други слични морални барања. Нив ги почитува секој човек. Тие се основа на човечкиот морал веќе илјадници години. Луѓето ги повторуваат, ги следат и бараат сите да се придржуваат кон нив. Но има такви луѓе што не ги почитуваат основните етички начела. Нив ги сметаат за нелуѓе.

Сепак, моралот не се стекнува автоматски. Несреќната личност, која не е воспитана и која живее опкружена со неморални луѓе, нема сама по себе лесно да дојде до добри морални принципи. Оној што не се сретнува со моралните норми, може да постапува неетички. Затоа се бара да се учи етика и во секој народ има учители на моралот, кои своите блиски ги упатуваат да се издигнат над неетичкото однесување, кое е како кал, односно да живеат според здравите етички норми. Народите ги почитуваат своите морални учители, ги примаат кон срце нивните пораки како своја морална насока.
Најзначајната етичка личност во нашата историја е свети Климент Охридски, кој живеел пред единаесет столетија. Тој голем проповедник и наставник, писател и лекар, истовремено е и наш најголем учител за моралот. Покрај многуте други етички пораки, тој ја искажал и моралната мисла „Тргај се од злото и прави добро!“. Таа етичка порака вреди и денес и треба да стане основно начело на нашата етика, која ќе нè води по вистинскиот етички пат и ќе биде извор на сиот наш морал.

Злото најпрво е насочено кон повредување на луѓето, но тоа ѝ нанесува штета и на самата личност што го сака злото. Зло си прави оној што го прави злото. Злото е сконцентрирано кон уништување, навредување, создавање штета, вознемирување. Со злото се прави нешто што е против луѓето, што ги обеспокојува нив и им донесува несреќа.

Оној што го следи злото има негативни цели. Тој најпрво е алчен, посакува повеќе отколку што му припаѓа секому и нему. Тој не го почитува правото на секого на живот и на своја среќа. Тој не мисли на ближните, нив не ги сака, кон нив не се однесува како кон луѓе. Со ваква насоченост, следејќи го злото, тој постапува неправо, само се стреми кон извршување на своите лоши намери. Тој не ја почитува етиката, тој не сака никого и не внимава што прави. Тој не става огради на своето однесување, избира лоши цели, има грди намери, постапува нечовечно. Може дури и да убие, сигурно постојано некого повредува, а најмногу ужива кога прави несреќа.

Против таквиот живот со зло е упатена пораката на свети Климент. Нормалните луѓе бегаат од злото не само за да избегнат да не им се направи нешто лошо ним. Тие бегаат од злото за да не прават нешто нечовечно. Зрелата личност, вистинскиот човек се препознава според тоа што не го сака злото и што не прави зло. Тој се почитува себеси и ги уважува другите. Нему луѓето му се блиски и тој не ги повредува нив, како што и за себеси посакува само добро и го прави она што му донесува етичко задоволство од своето однесување.

Затоа избегнувањето на злото, како што укажува нашиот најпознат учител свети Климент Охридски, е првата стапка на израснувањето на секоја личност. Тоа е првото нешто што секој мора да го научи, најважното што секој треба да го знае во животот и што мора да го следи на својот човечки пат, заклучува проф. д-р Кирил Темков.

НУ Библиотека

Посетеност: 296
Share30
Admin

Admin

Поврзани вести

Утре,  Библиотеките од Охрид и Нашице – Хрватска ќе потпишат протокол за соработка

by Admin
јуни 19, 2025
0
Утре,  Библиотеките од Охрид и Нашице – Хрватска ќе потпишат протокол за соработка

 19 јуни,2025 г.                Во дводневна  посета на НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид доаѓаат претставници од Градската библиотека од Нашице –...

Read more

Утре, Трета средба на роднокрајнитe автори и промоција на збирката „По стапките на Прличев“

by Admin
јуни 17, 2025
0
Утре, Трета средба на роднокрајнитe автори и промоција на збирката „По стапките на Прличев“

17 јуни, 2025 г.  НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид во рамките на проектот „Трета годишна средба на роднокрајни автори“ дел од програмата за работа на установата а...

Read more

Во Охрид успешно реализиран проектот „Цветна библиотека“

by Admin
јуни 13, 2025
0
Во Охрид успешно реализиран проектот „Цветна библиотека“

13  јуни, 2025 г.  Пред два дена во рамки на активностите кои се дел од промоцијата и развојот на мрежата на хортикултурните библиотеки во државата и пошироко во...

Read more

Промоција на книгата „Ткаенина на животот“ од д-р Симона Мартиноска

by Admin
јуни 12, 2025
0
Промоција на книгата „Ткаенина на животот“ од  д-р Симона Мартиноска

12 јуни, 2025 г.  Утре, петок во 12 часот во Прличевата одаја на НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид ќе биде промовирана збирката раскази „Ткаенина на животот“  од...

Read more

Регионална средба и работилница „Цветна библиотека – Хортикултурна библиотека“ во Охрид

by Admin
јуни 10, 2025
0
Регионална средба и работилница „Цветна библиотека – Хортикултурна библиотека“ во Охрид

10 јуни, 2025 г.  Утре, среда од 11 часот во НУ Библиотека „Григор Прличев“ ќе се одржи Регионална средба и работилница на тема: „Цветна библиотека – Хортикултурна библиотека“....

Read more
Next Post
„Пура во Осака“ од Јована Матевска Атанасова најдобар расказ на конкурсот „Живко Чинго“

„Пура во Осака“ од Јована Матевска Атанасова најдобар расказ на конкурсот „Живко Чинго“

Поврзани вести

Три дена Саем на книгата  – дојдете, видете, купете

Три дена Саем на книгата – дојдете, видете, купете

март 27, 2022
Ги бележиме првите читатели во оваа 2025 година

Ги бележиме првите читатели во оваа 2025 година

јануари 2, 2025
Започна ревизијата на книжниот фонд во НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид

Започна ревизијата на книжниот фонд во НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид

ноември 6, 2023

Категории

  • Актуелно
  • Без категорија
  • Библиографии
  • Видео записи
  • Зборници
  • Звучни записи
  • Каталози
  • Книги во издание на библиотеката
  • Книги чиј издавач е библиотеката
  • Нови книги
  • Огледало
  • Околу нас
  • Продажба на книги
Посетеност: 296

© 2024 bibliotekaohrid.mk

No Result
View All Result
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт

© 2024 bibliotekaohrid.mk

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?