
Нови интересни наслови во библиотеката
Posted by Milco Jovanoski in Нови книги
21
Jul
2021
22 јули, 2021 г.
Најновиот избор од нови книги во НУ Библиотека „Григор Прличев“ го сочинуваат осум наслови во издание на Топер и Антолог.
Девојките од песочниот замок од Крис Бохџалијан, Остров од Дмитриј Орехов.
Следуваат романите: Господинот од Е.Л.Џејмс и Прашалникот е половина срце и Црвениот адресар обете од Софија Лундберј.
На пултот за издавање побарајте ги и Убиство со монограм од Софи Хана, Ослободување од Ирса Сигурдардотир и Без своја земја од Ајше Кулин.
Пултот за издавање до 1 септември работи од понеделник до петок од 8 и 30 до 16 часот.
Годишната членарина за деца е 200 а за возрасни 300 денари.
НУ Библиотека