14 јуни, 2021 г.
Неодамна од печат излезе првата стихозбирка „Сите бои на виножитото“ од Надица Глигороска од Охрид.
„Се работи за 36 песни поделени во два циклуси: За љубовта и За животот. Во првиот циклус преовладува љубовната тематика, а во вториот – поетските рефлексии за животот“, вели рецензентот Тоде Илиевски.
Надица Глигороска е ново име на поетското небо. Родена е во Дебар 1987 година. Во 2001 година се преселува во Охрид . За време на студентските денови за прв пат јавно ќе почне да објавува дел од своето творештво на својот блог под псевдонимот „Врба“.
Избраните песни во збирката првенче се пишувани во периодот од 2011 до 2020 година.
СКЛАД
Замислив дрво во есен,
со полупожолтени лисја,
што го играат најубавиот танц,
Смирено на тивкото ветре.
Видов прекрасна слика –
тивка уметност на природата.
Ја препознав својата душа тивка, мирна
од гревови измиена
како бескрајна хармонија.
НУ Библиотека