2 јуни, 2021 г.
Пред нас е долгото, топло лето. Нашиот неделен преглед на нови книги во НУ Библиотека „Григор Прличев“ го отстапуваме на новите наслови посветени на децата и младите.
На пултот за зајмување од денеска можете да ги подигнете за читање следните книги: „Весели вагони низ четри сезони“од поетесата Ели Маказлиева а во издание на Едука Мак, „Случајот со смрдливите чорапи“ од Катерина Трајановска во издание на Либи, ви ја нудиме на прочит и стихозбирката од веќе докажаниот автор Александар Кујунџиски со наслов: „На крилјата од песните“ кое е приватно издание поддржано од Министерството за култура.
Не помалку интерсни се и следните наслови: „Книга против грижи“ од Александар Чотриќ – Слово Љубве – Буквибукс, „Вонземјанинот од нашето маало“ од Миле Костов, Ад Вербум, стихозбирката „Шарен цвет“ од Ѓурѓица Цуклева поддржана од Министерството за култура.
Понудата ја заокружуваме со тинејџерскиот водич за преживување со наслов „Помош моето семејство ме излудува!“ Од Кетрин Лем во издание на Детска радост.
Годишната членарина во библиотеката за деца чини 200 а за возрасни 300 денари.
НУ Библиотека