BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
No Result
View All Result
Home Актуелно

„Цветната штафета“ дочекана и во ООУ „Св. Наум Охридски“ подрачна единица во Долно Коњско

јуни 2, 2021
in Актуелно
„Цветната штафета“ дочекана и во ООУ „Св. Наум Охридски“ подрачна единица во Долно Коњско

2 јуни, 2021 г. 

     Следејќи ги светлите традиции  на словенските просветители светите браќа Кирил и Методиј и нивните ученици Климент и Наум а во Годината на големиот Блаже Конески   во организација на уметникот, хуманитарец и кандидат за Нобеловата награда за мир познатиот Живко Поповски – Цветин, НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид  и  ООУ „Св. Наум Охридски“ вчера заеднички  беше организиран  дочекот на Цветната штафета на мирот во подрачното училиште „Св. Наум Охридски“ во населбата Долно Коњско.

Живко Поповски– Цветин речиси целокупното свое творештво во изминатите три и пол децении  му го има посветено на цвеќето и на неговата мировна мисија, со основната порака: „ На светот му се потребни: мир, храна, солидарност, љубов…“

-На овој начин ја поддржавме идејата на познатиот Поповски – Цветин  преку неговата цветна штафета и од Охрид ( штафетата тргна на 21 јануари годинава од ОУ Живко Брајковски во Бутел – Скопје ) децата да ја испратат пораката за мир и љубов.   Не случајно бевме во ова училиште во Долно Коњско кое го носи името на Св. Наум  Охридски.

Сакавме во годината кога се одбележуваат 100 години од раѓањето на Блаже Конески   да ги споииме вековите и овој заслужен творец од областа на современиот македонски јазик, литература и култура  со светите Кирил и Методиј, Св. Климент, Св. Наум  и Григор Прличев  да останат врежани во колективната меморија на децата, рече Милчо Јованоски од Библиотеката „Григор Прличев“.

Охридската библиотека  на над 20  деца – учесници им подари по една книга, ја збогати и нивната училиштна библиотека со дела од познатиот автор Миле Волканоски а за својот ангажман сите деца и наставници – учесници добија мали минијатури со цветна порака од  уметникот Живко Поповски – Цветин.

Радоста беше видлива на лицата на децата ама и на нивните наставнички и дел од родителите присутни во училиштниот двор во која беше поставена изложбата од детски трудови посветени на мирот и цвеќето.

– Сакаме во име на целиот колектив од ООУ „Св. Наум Охридски“ со седиште во Пештани да се заблагодариме  на уметникот и хуманитарец Цветин и на Библиотеката што го одбраа нашето училиште за овој настан. Овој ден ќе остане врежан во сеќавањата на децата преку читањето на пораката за мир и љубов и нејзиното испраќање кон светот со пуштањето на балоните во разиграни бои, ни рече наставничката – ментор Лила Каранфиловска, која заедно со колешките Валентина Мојсовска и Даниела Бошалева Мојсоска, беа наши добри домаќинки.

Цветин над 55 000 слики „Цвеќе на мирот“ досега има подарено и се наоѓаат во колекциите на познати државници, политичари, поети, музичари, нобеловци, студенти и ученици, артисти, спортисти и разни хуманитарни организации и здруженија. Досега Поповски има организирано над 300 изложби на сите континенти.

Поповски е првиот македонски сликар чија ликовна изложба беше претставена на Интернет, под наслов „52 Цвеќиња на мирот за 52 години на ООН“ во 1997 година, по повод годишнината на ООН. Во 2009 година тој  беше кандидат за Нобелова награда за мир, кога од 205 кандидати, беше меѓу првите 5 во потесен избор.

Неодамна Цветната штафета беше пречекана во ООУ „Св. Климент Охридски“ а идејата е  во текот на оваа година да ја обиколи целата наша земја а по можност да продолжи и на Балканот.

НУ Библиотека

Посетеност: 12.269
Share30
Admin

Admin

Поврзани вести

НУ Библиотека „Григор Прличев“ наскоро со нов визуелен идентитет

by Admin
мај 13, 2025
0
НУ Библиотека „Григор Прличев“ наскоро со нов визуелен идентитет

13 мај, 2025 г.  Типографот и графички дизајнер Ласко Џуровски деновиве ја посети НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид и пред вработените го презентира новиот предлог - визуелен...

Read more

Свечено одбележан 5 Мај – Денот на македонскиот јазик

by Admin
мај 6, 2025
0
Свечено одбележан 5 Мај  – Денот на македонскиот јазик

6 мај, 2025 г.  Јазикот е единствената наша татковина. Сѐ додека го чуваме, го негуваме, го вардиме, го гледаме јазикот наш македонски – ќе може да сметаме дека...

Read more

Во понеделник свеченост по повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик

by Admin
мај 3, 2025
0
Во понеделник свеченост по повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик

3 мај, 2025 г. По повод Денот на македонскиот јазик во понеделник на 5 мај од 12 часот НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид организира пригодна свеченост. Премиерно...

Read more

Промовирани книгите „Филозофска Револуција I и II“ од Стефан Шорко

by Admin
мај 2, 2025
0
Промовирани книгите „Филозофска Револуција I и II“ од Стефан Шорко

2 мај, 2025 г.     Во организација на Лајонс клубот „Деница“ и НУ Библиотека „Григор Прличев“ денеска беа промовирани книгите „Филозофска Револуција I и II “ од Стефан...

Read more

Наскоро нова поетско – прозна збирка „По стапките на Прличев“

by Admin
април 30, 2025
0
Годинава ќе реализираме 17 проекти со средства од Министерството за култура и туризам

30 април, 2025 г.  Во рамките на Проектот: „Трета годишна средба на роднокрајни автори НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид наскоро ќе го отпечати вториот поетско – прозен Алманах...

Read more
Next Post
Набавивме нови интересни наслови за деца и млади

Набавивме нови интересни наслови за деца и млади

Поврзани вести

„Неодоливо сино“ нова книга на Академик Миќуновиќ

„Неодоливо сино“ нова книга на Академик Миќуновиќ

декември 14, 2021
Почина роднокрајниот автор Љупчо Јакимоски

Почина роднокрајниот автор Љупчо Јакимоски

март 7, 2023
Нови автори , нови книги…

Нови автори , нови книги…

октомври 21, 2020

Категории

  • Актуелно
  • Без категорија
  • Библиографии
  • Видео записи
  • Зборници
  • Звучни записи
  • Каталози
  • Книги во издание на библиотеката
  • Книги чиј издавач е библиотеката
  • Нови книги
  • Огледало
  • Околу нас
  • Продажба на книги
Посетеност: 12.269

© 2024 bibliotekaohrid.mk

No Result
View All Result
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт

© 2024 bibliotekaohrid.mk

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?