Нови 10 наслови од денеска ги чекаат читателите

Нови 10 наслови од денеска ги чекаат читателите

Posted by Milco Jovanoski in Нови книги 19 May 2021

19 мај 2021 

Во нашата НУ Библиотека „Григор Прличев“ секојдневно се обработуваат нови наслови кои го наоѓаат патот до читателската публика . Во денешнава понуда се десет книги кои и официјално го почнуваат животот меѓу читателите и може да ги побарате на пултот за издавање.

Побарајте ги: стихозбирката „Кали“ од Ирена Нешковска а во издание на Нов Вавилон, „Срцето на една жена“ од Јасминка Ѓорѓиева во издание на Клубот „Коста Солев Рацин“ од Велес.

   

„Шафране мој“ од Сања Атанасовска , издавач Слово Љубве – Буквибукс.  Понудата на дела од жени – автори ја завршуваме со „Пукнатина на светлината“ од Билјана Станковска  во издание на Македонија презент.

 

Следат книгите на познатиот новинар и публицист од Крушево Крсто Топузоски „Крушевски Дангарлуци“ и „Жега и река“ од Кочо Топузоски обете во издание на Дијалог.

   

На денешната предлог листа се и насловите: „Ѕвездоскок“  од  Ален Нанов – Студио Батев , „Истапени сечила“ од Зоран Милошевски – ПНВ Публикации и „Сеништа на сонцето“ од Иван Стојановски од издавачот Современост.

Од странската, преведена литература ви ја предлагаме книгата „Рико,Оскар и Таинствените сенки“ од Андреас Штајнхефел во издание на Либи – дел од Арс Ламина.

За да можете да ги користите нашите услуги и позајмување на посочените и други книги треба да се зачлените во НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид ако досега не сте го сториле тоа.

Годишната членарина за возрасни е 300 а за ученици 200 денари.  Работното време на пултот за зајмување книги од понеделник до петок е од 8 и 30 до 18 и 30 часот.

НУ Библиотека