BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
No Result
View All Result
Home Околу нас

Спироска: Ми беше предизвик да ја превeдам Вулф со нејзината автентичност и да го доловам ритамот на нејзината мисла

мај 18, 2021
in Околу нас
Спироска: Ми беше предизвик да ја превeдам Вулф со нејзината автентичност и да го доловам ритамот на нејзината мисла

18 мај, 2021 г.

Неодамна „ПНВ Публикации“ ја објави збирката раскази „Понеделник или вторник“ од Вирџинија Вулф на македонски јазик. Преводот од англиски е на Даниела Спироска, а книгата е прва во новата едиција „Мезанин“.

Спироска е професор по англиски јазик во гимназијата „Свети Климент Охридски“ во Охрид и ова е прв нејзин посериозен преведувачки потфат. Таа за порталот на нашата библиотека изјави:

-Гинтер Грас рекол дека преводот менува сѐ, но на таков начин што всушност ништо не се менува. Затоа преводот е и уметност и умешност. Умешно треба да се пријде кон еден уметнички текст и тој текст да се прелее на другиот јазик на таков начин што за читателот нема да биде изгубена ниту една автентична одлика на гласот на авторот. А имајќи во предвид дека мојот превод-првенец е Вирџинија Вулф, една од најзначајните и најоригиналните автори на дваесеттиот век, да се задржи нејзината автентичност и да се долови ритамот на нејзината мисла беше навистина предизвик. Предизвик во кој уживав, а  се надевам и читателите ќе уживаат во оваа одлична збирка раскази „Понеделник или вторник“ во издание на „ПНВ Публикации“, вели Спироска.

Преведувачката Даниела Спироска

Вулф, една од најистакнатите критичарки и најоригиналните писателки на 20. век ја објавила збирката раскази во 1921 година. Претходно веќе имала објавено два романа. Меѓутоа, токму преку овие нејзини први раскази се здобива со углед на писателка со најжива имагинација и најистенчен стил во тоа време. Под влијание на Џојс, на Пруст, теориите на Вилијам Џејмс, на Бергсон и на Фројд, настојува да напише нова белетристика што го нагласува постојаниот тек на свеста.

Читателите можат да ги откријат овие, како и другите, карактеристики на нејзиниот влијателен стил во осумте раскази од оваа збирка, а меѓу нив е поместен и еден прекрасен, феминистички ироничен приказ на машкиот интелект во расказот „Друштво“, како и чудесниот опис на природата во „Кралските ботанички градини“. Другите раскази во збирката се: „Ненапишан роман“, „Гудачки квартет“, „Куќа со духови“, „Сино и зелено“, „Дамката на ѕидот“, како и насловниот расказ.

– Во последно време стилот на Вулф, нејзиниот феминизам и моралниот сензибилитет, ѝ носат сѐ побројна читателска публика. Оваа импозантна збирка на таа публика ѝ нуди не само непроценливо уживање во расказите, туку и одличен вовед во обемниот опус на Вулф – потенцираат  од „ПНВ Публикации“.

НУ Библиотека

Посетеност: 127
Share30
Admin

Admin

Поврзани вести

Корисна посета и можност за идна сорабтока меѓу библиотеките од Охрид и Корча

by Admin
мај 19, 2025
0
Корисна посета и можност за идна сорабтока меѓу библиотеките од Охрид и Корча

19 мај, 2025г. Во рамките на Програмските активности во делот на меѓународната соработка деновиве  вработени во НУ Библиотека „Григор Прличев“  предводени од в.д. директорката на установата Христина Трпеска...

Read more

Почина Илче Стојаноски, новинар, публицист – роднокраен автор

by Admin
април 22, 2025
0
Почина Илче Стојаноски, новинар, публицист – роднокраен автор

22 април, 2025 г. Вчера во Охрид на 75 годишна возраст почина новинарот и публицист  Илче Стојаноски, кој целиот професионален работен век го помина во Центарот за печат...

Read more

„Аз,буки,веди – тајната на Словото од Григор Костески, дело инспирирано од словенската книжевна историја

by Admin
април 10, 2025
0
„Аз,буки,веди – тајната на Словото од Григор Костески, дело инспирирано од словенската книжевна историја

10 април, 2025 г.  -Со оваа книга авторот Костески навлегува длабоко во суштината на писмените знаци, етимиологијата на зборовите, слоговите и буквите. На тој начин ни открива нови...

Read more

Помогнавме во средувањето на училишната библиотека и поделивме бесплатни членски карти во Пештани

by Admin
април 7, 2025
0
Помогнавме во средувањето на училишната библиотека и поделивме бесплатни членски карти во Пештани

7 април, 2025 г.  На барање на ООУ „Св. Наум Охридски“ од Пештани и директорката Валентина Рубаноска а во рамките на одбележувањето на Втори април – Светскиот ден...

Read more

Регионалниот натпревар „Млади библиотекари“ ќе се одржи во април

by Admin
март 27, 2025
0
Регионалниот натпревар „Млади библиотекари“ ќе се одржи во април

27 март, 2025 г. На  повикот на нашата НУ Библиотека „Григор Прличев“ за учество на Регионалниот натпревар „Млади библиотекари“ закажан за 11 април во просториите на Библиотеката со...

Read more
Next Post
Нови 10 наслови од денеска ги чекаат читателите

Нови 10 наслови од денеска ги чекаат читателите

Поврзани вести

Пандемијата го зголеми бројот на читатели во библиотеките во Македонија

Пандемијата го зголеми бројот на читатели во библиотеките во Македонија

декември 4, 2020
Лани кај нас профункционираа обработката на периодиката и книговезницата

Лани кај нас профункционираа обработката на периодиката и книговезницата

јануари 22, 2024
Почина роднокрајниот автор Драган Спасески – Охридски

Почина роднокрајниот автор Драган Спасески – Охридски

ноември 28, 2020

Категории

  • Актуелно
  • Без категорија
  • Библиографии
  • Видео записи
  • Зборници
  • Звучни записи
  • Каталози
  • Книги во издание на библиотеката
  • Книги чиј издавач е библиотеката
  • Нови книги
  • Огледало
  • Околу нас
  • Продажба на книги
Посетеност: 127

© 2024 bibliotekaohrid.mk

No Result
View All Result
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт

© 2024 bibliotekaohrid.mk

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?