BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
No Result
View All Result
Home Околу нас

Промоција на збирката раскази „Интимно со пандемијата“

април 14, 2021
in Околу нас
Промоција на збирката раскази „Интимно со пандемијата“

14 април, 2021  

Здружението за книжевност и други уметности „Креативна верига“ од Охрид, во петок, 16 април, ќе одржи онлајн промоција на збирката раскази „Интимно со пандемијата“. Сите заинтересирани љубители на уметноста, ќе можат да го проследат настанот преку следната врска: Zoom. Почетокот е  во 20:15 часот.

Во збирката се претставуваат седумнаесет автори, кои творат во различни прозни форми, како: кратки-кратки раскази, класични раскази, дневник, записи, стрип, мемоари, патописи… Основната појдовна точка што ги поврзува застапените прозни дела во збирката, е соочувањето со пандемијата на ковид 19, од литературен, културен и општествен аспект и како таа се одразува врз квалитетот на животот на поединецот, семејните врски или пошироко на глобално ниво. Застапени се реномирани автори, но и млади автори, како и творци кои пишуваат извесен период, но досега немаат издадено свое самостојно дело.

Процесот на создавање на оваа збирка одбележува речиси една година, практично, некаде од периодот  кога се воспоставија првите мерки за заштита на населението од ширењето на вирусот. Преку повик  беа објавувани творби на фејсбук-страницата на здружението. Печатеното издание на „Интимно со пандемијата“ е потесен избор на прозни дела од сите предходно електронски објавени автори. Збирката изобилува со квалитетни прозни дела, додека содржински, покрај основната тематика, секој автор дава своја слика или доживување на целокупната ситуација. Комични, весели и оптимистички, наспроти тажни и несреќни моменти, исповеди, стравови, желби и потреби на главните и споредните ликови, реализам наспроти фантазија, случки, размислувања и отпор кон недоволно спознаеното зло што ја зафати целата планета земја, правила, забрани, но и надеж за подобро утре… Сите овие, а и многу други компоненти се застапени во збирката што, секако, ќе предизвика интерес кај читателската публика.

По промоцијата, книгата ќе се најде во продажба. Воедно, изданието е еден од многуте проекти на здружението „Креативна верига“.

НУ Библиотека

Посетеност: 240
Share30
Admin

Admin

Поврзани вести

ДРУГИТЕ ЗА НАС. horticulturna. biblioteka .org.mk ЦВЕTНА БИБЛИОТЕКА У ОХРИДУ

by Admin
јуни 13, 2025
0
Во Охрид успешно реализиран проектот „Цветна библиотека“

ЦВЕTНА БИБЛИОТЕКА У ОХРИДУ У оквиру активности које су део промоције и развоја мреже хортикултурних библиотека, у Охриду је реализован пројекат из годишњег програма НУ Библиотеке „Глигор Прличев“...

Read more

Проектот: „Книгата најдобар другар на децата“

by Admin
јуни 10, 2025
0
Проектот: „Книгата најдобар другар на децата“

10 јуни, 2025 г.  НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид во рамките на Годишната програма за работа во текот на овој месец  ќе го спроведе Проектот: „Книгата најдобар...

Read more

Поетите Мирко Томовски и Митре Мангоски – Радождански во Пула

by Admin
јуни 1, 2025
0
Поетите Мирко Томовски и Митре Мангоски – Радождански  во Пула

1 јуни 2025 г. Деновиве нашите роднокрајни автори Мирко Томовски и Митре Мангоски – Радождански настапија на две меѓународни поетски манифестации во Пула – Хрватска. 14. издание на...

Read more

Ученици од ООУ „Кочо Рацин“ од Охрид и „Веселин Маслеша“ од Белград ја посетија Библиотеката

by Admin
мај 24, 2025
0
Ученици од ООУ „Кочо Рацин“ од Охрид и „Веселин Маслеша“ од Белград ја посетија Библиотеката

24 мај, 2025 г. ООУ „Кочо Рацин“ од Охрид во рамките на својата меѓународна соработка со сродни училишта од Балканот деновиве е домаќин на ученици и наставници  од...

Read more

Корисна посета и можност за идна сорабтока меѓу библиотеките од Охрид и Корча

by Admin
мај 19, 2025
0
Корисна посета и можност за идна сорабтока меѓу библиотеките од Охрид и Корча

19 мај, 2025г. Во рамките на Програмските активности во делот на меѓународната соработка деновиве  вработени во НУ Библиотека „Григор Прличев“  предводени од в.д. директорката на установата Христина Трпеска...

Read more
Next Post
Денеска се навршуваат 41 година од смртта на Ванчо Николески

Денеска се навршуваат 41 година од смртта на Ванчо Николески

Поврзани вести

Во Загреб пред 160 години излезе Зборникот на Браќата Миладиновци

Во Загреб пред 160 години излезе Зборникот на Браќата Миладиновци

јуни 24, 2021
„На зајдисонце“ во Трпејца одбележан и јубилејот 100 г.од раѓањето на Конески

„На зајдисонце“ во Трпејца одбележан и јубилејот 100 г.од раѓањето на Конески

јули 26, 2021
Го започнавме проектот: „За вкусовите се дискутира“

Го започнавме проектот: „За вкусовите се дискутира“

април 23, 2021

Категории

  • Актуелно
  • Без категорија
  • Библиографии
  • Видео записи
  • Зборници
  • Звучни записи
  • Каталози
  • Книги во издание на библиотеката
  • Книги чиј издавач е библиотеката
  • Нови книги
  • Огледало
  • Околу нас
  • Продажба на книги
Посетеност: 240

© 2024 bibliotekaohrid.mk

No Result
View All Result
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт

© 2024 bibliotekaohrid.mk

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?