Денес е Светски ден на мајчиниот јазик

21 февруари, 2021 г.

Јазикот е богатство, оружје и еден културен белег на секоја заедница. Во светот постојат околу шест илјади јазици (воодушевувачки нели), а на половина од нив им се заканува исчезнување во многу делови од светот. Мајчиниот јазик кој го знаеме и говориме уште од мали нозе е идентитетски поврзан со нас и нашето постоење, тоа е јазикот на кој ни зборуваат родителите, тоа е оној на кој ги учиме првите зборови и лесно го разбираме. 

Јазикот е средство со кое ние дознаваме што мисли, што чувствува и што сака нашиот собеседник. Во него има одделни гласовни знакови или зборови за сите мисли, чувства и желби на еден човек, затоа јазикот на еден народ е негово духовно богатство и наследство во кое се заклучуваат отпечатени во гласовни знакови или зборови сите народни мисли, чувства и желби со коишто има живеено и живее еден народ и коишто се предаваат како нешто свето од едно поколение на друго.

Во светот денеска се одбележува Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, кој УНЕСКО го прогласи на 30-тата сесија на Генералната конференција во 1999 година. Во 2000 година 21 февруари е промовиран како Ден на лингвистичка и културна разновидност и мултилингвизам.

Анализите на УНЕСКО покажуваат дека може да исчезнат околу 2.500 јазици од речиси 6.000 што се зборуваат во светот. Во изминатите 90 години исчезнале околу 200 јазици, а 199 ги зборуваат помалку од десет луѓе. Последен што исчезнал е „ајак“, јазик што го зборувала жена која починала во 2008 на Алјаска.

Треба да го негуваме и чуваме ова културно наследство!

По повод денешниот ден споделуваме неколку цитати во чест на јазикот.

„Јазикот е нашата татковина“. – Блаже Конески

„Дај му повеќе одмор на јазикот отколку на рацете“. – Л. Толстој

„Ако со човек зборуваш на јазик кој тој го разбира, тоа заминува во неговата глава. Ако со човек зборуваш на неговиот јазик, тоа заминува во неговото срце“. – Н. Мандела

„Но, ако мислата може да го расипе јазикот, и јазикот може да ја расипе мислата“. – Џорџ Орвел

„Политичкиот јазик е осмислен така да прави лагите да звучат вистинито и убиството достојно за почит, и да му се даде цврстина на ветрот во магла“. – Џорџ Орвел

„Без јазикот ќе си недостигаме самите на себе, оти само јазикот никогаш не нè оставил сами и тој памети многу повеќе отколку што ние можеме да заборавиме“. – Петре М. Андреевски

Вистинско богатство е јазикот што глувите можат да го чујат, а слепите да го видат“. – Марк Твен

Поврзани вести

Корисна посета и можност за идна сорабтока меѓу библиотеките од Охрид и Корча

19 мај, 2025г. Во рамките на Програмските активности во делот на меѓународната соработка деновиве  вработени во НУ Библиотека „Григор Прличев“  предводени од в.д. директорката на установата Христина Трпеска...

Read more
„Аз,буки,веди – тајната на Словото од Григор Костески, дело инспирирано од словенската книжевна историја

10 април, 2025 г.  -Со оваа книга авторот Костески навлегува длабоко во суштината на писмените знаци, етимиологијата на зборовите, слоговите и буквите. На тој начин ни открива нови...

Read more
Помогнавме во средувањето на училишната библиотека и поделивме бесплатни членски карти во Пештани

7 април, 2025 г.  На барање на ООУ „Св. Наум Охридски“ од Пештани и директорката Валентина Рубаноска а во рамките на одбележувањето на Втори април – Светскиот ден...

Read more
Next Post

Поврзани вести

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?