Понудата на библиотеката збогатена со уште девет наслови

Понудата на библиотеката збогатена со уште девет наслови

Posted by Milco Jovanoski in Нови книги 10 Feb 2021

10 февруари, 2021 г. 

Од продукцијата на издавачката куќа Просветно дело НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид ги препорачува своевидните енциклопедии: Историја на античкиот свет од Мишел Анхелико  и 1001 Прашање и одговори за човечкото тело.

                   

Во денешниот избор од нови книги ви ги препорачуваме и следниве наслови:  Цвеќиња од Круш Афонсо – Полица, Не е баш совршената мајка во издание на Сакам книги од авторот  Ејми Молој.

                   

Еден плус еден од Мојсеј Џоџо и Вдовицата од Фиона Бартон, обете во издание на Култура,

               

како и трите следни наслови во издание на Матица македонска: Девојчето што молчеше  од Јорт Микаел, Цвеќе над Инферно – Иларија Тути и Тоа е само љубов од  Мари Форс.

          

Во ова време на Ковид – 19 библи     отеката од понеделник до петок е отворена за читателие од 8 и 30 до 18 и 30 часот со пауза за дезинфекција од половина час со почеток во 13 часот.

Годишната членарина за деца е 200 а за ворасни 300 денари.

НУ Библиотека