3 февруари, 2021
Оваа среда изборот на нови девет наслови е направен од продукцијата на издавачките куќи „Култура“ и „Матица македонска“.
Еве ги насловите: „Таблета против стравот“ од Андреј Курпатов, двата дела од хит романот „Сестрата на сонцето“од Лусинда Рајли, „Белата хризантема“ од Мери Лин Бракт, „ И тогаш таа исчезна“, Лиса Џул, „Сакам да те држам за рака“ од Форс Мари, „Париз за еден и други приказни“ Џоџо Мојес, „Јоргованот секогаш цвета по зимата“ од Марта Хол Кели и илустрираната книга за деца „Магичната ноќ на џуџињата “ од Стилтон Џеронимо.
Посочените книги уште од денес можат да се зајмат на пултот во библиотеката. Годишната членарина за деца е 200 а за возрасни 300 денари.
И овој февруари НУ Библиотека „Григор Прличев“ потсетува на родендените на роднокрајните автори. Од Прличевата одаја на читателите им е на дофат целокупното творештво од авторите: Борис Бојаџиски, Владимир Попоски, Панде Шикаловски – Чкалов, Трајан Мартиноски и Ристо Јованоски.
НОВИТЕ КНИГИ СЕ ПРЕПОЗНАВААТ И ПО ДИЗАЈНОТ И ОДЛИЧНИТЕ ЛИКОВНО – ГРАФИЧКИ РЕШЕНИЈА И ВЕ „ПОВИКУВААТ “ ДА ГИ ЗЕМЕТЕ И ПРОЧИТАТЕ.
НУ Библиотека