BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
No Result
View All Result
Home Актуелно

Почина роднокрајниот автор – д-р Стојан Ристески

јануари 31, 2021
in Актуелно

31 јануари, 2021 г. 

Вчера во Охрид  на 88 годишна возраст почина проф. д-р Стојан Ристески, унив. професор, културно-национален и јазично-литературен историчар, филолог и публицист. Преку своите научно-истражувачки трудови ја промовираше и афирмираше засебноста и посебноста на македонскиот јазик како во научен поглед, така и во процесот на функционирање на јазикот во практика.

Роден е на 2 ноември 1932 година во с. Лешани, Охридско. Со основно образование се стекнувал во Лешани, Белчишта и Охрид. Во Битола завршил учителска школа, а во Скопје завршил Виша педагошка школа и Философски факултет (група Историја на книжевностите на народите на Југославија). На 30 јуни 1975 година докторирал на Философскиот факултет во Нови Сад со тезата “Книжевното дело и живот на Радослав К. Петкоски“.Ш1Ќ

Д-р Стојан Ристески работел во основните училишта во селата Оровник, Злести и Требеништа, како и во учителската школа и во Гимназијата во Охрид(1960 – 1978); бил самостоен педагошки советник за македонски јазик (1978 – 1983). Од 1983 до пензионирањето во 1993 година бил професор по македонски јазик на универзитетите во Приштина и Ниш, а на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид предавал Културно наследство и Култура на однесувањето.

Неговите дела освен што одразуваат значајни особености од развојот на македонскиот јазик, туку содржат и значајни податоци за културната историја на македонскиот народ, како и богат ономастички материјал.

  • „Методија Патче“ (1974)
  • „Дејан Војвода“ (1974)
  • „Естреја Овадја Мара“ (повест, 1978; во скратена форма на еврејски јазик во Израел, 1984)
  • „Жубори“ (стихозбирка, 1978)
  • „Лазар Поп Трајков“ (1980)
  • „Коста Абраш“ (1981)
  • „Велгошти“ (1982)
  • „Литературни испитувања“ (1983)
  • „Прилози за писмените задачи и за литературниот јазик“ (1983)
  • „Македонски текстови“ (1987)
  • „Создавање на современиот македонски литературен јазик“ (1988)
  • „Костурчанки“ (1988)
  • „Две македонски судбини“ (1988)
  • „Григор Прличев – нови страници“ (1989)
  • „Оровник и Подмолје“ (1989)
  • „Легенди и преданија за Свети Наум“ (1990)
  • „Партизанскиот одред “Славеј““ (1990)
  • „Народни приказни, преданија и обичаи кај Египќаните (Еѓупците) во Македонија“ (1991)
  • „Една голооточка голгота“ (1991)
  • „Една необјавена македонска граматика“ (1991)
  • „Преспа под Албанија“ (1993)
  • „Судени за Македонија“ (1993 / 1995 / книга 2, 1996)
  • „Табу темата: Киселинов – Конески“ (1994)
  • „Невините жртви Босилка и Стојанчо“ (1994)
  • „Волино“ (1995)
  • „Непробол“ (стихозбирка, 1995)
  • „Голготата на Гоцевата внука Катерина“ (1997)
  • „Литературно-фолклорни прилози“ (1999)
  • „Навраќања на историски теми“ (2000)
  • „Прилози за историјата на македонскиот јазик“ (2000)
  • „Лешани“ (2000)
  • „Невреме“ (раскази, 2000)
  • „Стенографски белешки од Првата јазична комисија (2000)
  • „Естреја“ (2001)
  • „Моите кодоши“ (2001)
  • „Голооточка исповед“ (2003)
  • „Охридското Езеро и неговата заштита“ (2003)
  • „Златните раце на Вангел Деребан“ (2003)
  • „Војводата Аргир Маринче“ (2003)
  • „Свештеникот Васил Попангелев“ (2003)
  • „Верица“ (2004)
  • „Пред карикатурата“ (2004)
  • „Записи за Миќуновиќ“ (2005)
  • „Охридски митрополиски кодекс“ (2005)
  • „Вишенската црква Света Петка“ (2007)
  • „Димитар Узунов“ (2007)
  • „Манастирот Света Пречиста Кичевска“ (2007)
  • „Си Свети (Сите Светии) од село Лешани“ (2007)
  • „Белички светости“ (2008)
  • „Прогонуван за идеја, Славе Циркоски“ (2008)
  • „Воислав И. Илиќ: алка на две литератури, на две култури“ (2010)
  • „Сеќавања за генералот Васко Карангелески“ (2011)
  • „Библиографија“ (2012)

НУ Библиотека

Посетеност: 252
Share30
Admin

Admin

Поврзани вести

Утре,  Библиотеките од Охрид и Нашице – Хрватска ќе потпишат протокол за соработка

by Admin
јуни 19, 2025
0
Утре,  Библиотеките од Охрид и Нашице – Хрватска ќе потпишат протокол за соработка

 19 јуни,2025 г.                Во дводневна  посета на НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид доаѓаат претставници од Градската библиотека од Нашице –...

Read more

Утре, Трета средба на роднокрајнитe автори и промоција на збирката „По стапките на Прличев“

by Admin
јуни 17, 2025
0
Утре, Трета средба на роднокрајнитe автори и промоција на збирката „По стапките на Прличев“

17 јуни, 2025 г.  НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид во рамките на проектот „Трета годишна средба на роднокрајни автори“ дел од програмата за работа на установата а...

Read more

Во Охрид успешно реализиран проектот „Цветна библиотека“

by Admin
јуни 13, 2025
0
Во Охрид успешно реализиран проектот „Цветна библиотека“

13  јуни, 2025 г.  Пред два дена во рамки на активностите кои се дел од промоцијата и развојот на мрежата на хортикултурните библиотеки во државата и пошироко во...

Read more

Промоција на книгата „Ткаенина на животот“ од д-р Симона Мартиноска

by Admin
јуни 12, 2025
0
Промоција на книгата „Ткаенина на животот“ од  д-р Симона Мартиноска

12 јуни, 2025 г.  Утре, петок во 12 часот во Прличевата одаја на НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид ќе биде промовирана збирката раскази „Ткаенина на животот“  од...

Read more

Регионална средба и работилница „Цветна библиотека – Хортикултурна библиотека“ во Охрид

by Admin
јуни 10, 2025
0
Регионална средба и работилница „Цветна библиотека – Хортикултурна библиотека“ во Охрид

10 јуни, 2025 г.  Утре, среда од 11 часот во НУ Библиотека „Григор Прличев“ ќе се одржи Регионална средба и работилница на тема: „Цветна библиотека – Хортикултурна библиотека“....

Read more
Next Post
„Прличеви беседи 2021“ и во услови на Ковид -19

„Прличеви беседи 2021“ и во услови на Ковид -19

Поврзани вести

Нови наслови во НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид

Нови наслови во НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид

септември 1, 2021
Во Охрид започна Меѓународниот семина за македонски јазик, литература и култура

Во Охрид започна Меѓународниот семина за македонски јазик, литература и култура

август 16, 2021
По повод Светскиот ден на поезијата следи „Напиши стих – купи кафе“

По повод Светскиот ден на поезијата следи „Напиши стих – купи кафе“

март 15, 2022

Категории

  • Актуелно
  • Без категорија
  • Библиографии
  • Видео записи
  • Зборници
  • Звучни записи
  • Каталози
  • Книги во издание на библиотеката
  • Книги чиј издавач е библиотеката
  • Нови книги
  • Огледало
  • Околу нас
  • Продажба на книги
Посетеност: 252

© 2024 bibliotekaohrid.mk

No Result
View All Result
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт

© 2024 bibliotekaohrid.mk

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?