BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
No Result
View All Result
Home Актуелно

Излезе од печат книгата„За Прличев и неговиот XIX век

јануари 18, 2021
in Актуелно
Излезе од печат книгата„За Прличев и неговиот XIX век

18 јануари, 2020 г. 

Неодамна, во издание на НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид  излезе книгата „За Прличев и неговиот ХIХ век“ од Вера Сточевска – Антиќ и приредувачот Милчо Јованоски. 

Книгата со својата содржина е посебно актуелна денес. Познато е дека доменот на научни истражувања на авторката, проф. д-р Стојчевска – Антиќ  се движи од IX до XIX век. Колку што биле силни и значајни тие почетоци во IX век, толку на одреден начин останале недоволно идентификувани во XIX век. Таа и во овој труд ги бара постојните преоди на нашиот јазик од времето на старословенскиот литературен јазик, кој во разните словенски средини преминува од XII век во црковнословенски, за да се дојде до XIX век со потреба од изрзување на сопствен литературен јазик, различен од бугарскиот, од српскиот, а разбирливо тоа е евидентно и со грчкиот јазик.

„Григор Прличев е најочевидниот пример на интелектуалец од Охрид кој во својот постепен и длабок развоен  пaт, од детството до знаменит „Втор Хомер“ во Атина, за да дојде до сознание дека еден „општословенски“ јазик е за него добредојден, појасно од употребата на бугарскиот јазик. Во суштина тој одлично го говори својот мајчин охридски дијалект, но ја чувствува потребата за еден општословенски јазик, кој сака да го поврзе со вековното влијание на словенскиот развоен пат на јазикот, поточно поврзан уште со времето на Климента, како еден вид измислен од него „литературен јазик“. Пред него „и денес горат безбројни кандилца во Охрид“. Толку е длабок Климентовиот култ во Охрид и денес. В. Стојчевска – Антиќ  запира и на заедничките мотивации за создавање на слова, посебно влијанијата на Св. Клиемт Охридски врз одредени слова на Григор Прличев, кои се мотивирани од заеднички извори,“ вели рецензентот,  проф. д-р Георги Сталев, еден од најдобрите познавачи на животот и делото на Прличев кај нас.

Покрај 12 трудови од д-р Стојчевска – Антиќ книгата содржи и автографски записи, документи, мислења од охридскиот новинар, Милчо Јованоски. Тој изнесува податоци и слики за куќата и гробот на Григор Прличев, за семејното стебло (прв пат во печатена форма) за најастарите македонски изданија на негови значајни дела, филмови за Прличев, Прличевите визити, добитниците на наградата за најдобра поема…

„Од Охрид до Атина, Софија, Солун и пак Охрид.  Животот на Прличев е преполн со плими и осеки. Воздигнат до Хомера, нападнат од мнозина. Болен не само физички туку и во душата. Разочаран од постапките на луѓето околу него, згаснува неговиот живот.  Вљубеноста во родниот Охрид била дотолку голема што градот го нарекувал „таткојна“. Тоа доволно сведочи за него и односот кон сограѓаните, градот и дојденците. Проф. д-р Вера Стојчевска – Антиќ и нејзиниот некогашен студент, а сега наш колега м-р Милчо Јованоски создадоа концепт кој  го спои минатото и сегашноста со надеж дека така ќе привлечат внимание од јавноста и читателите за нов прочит на големиот Прличев.  Оваа „книжевна читанка“ истовремено е мал туристички водич низ Охрид. Книга која сум сигурна дека ќе ни го доближи Прличев уште повеќе до нас, вели директорката на Библиотеката, Гордана Змејковска, уредник на изданието.

Плановите се книгата „За Прличев и неговиот XIX век“  посветена на патронот на НУ Библиотека во Охрид да биде промоворана на почетокот од февруари во рамките на манифестацијата „Прличеви беседи“. Нејзиното издавање финансиски е помогнато од Министерството за култура и Општина Охрид.

НУ Библиотека

 

Посетеност: 246
Share30
Admin

Admin

Поврзани вести

Утре,  Библиотеките од Охрид и Нашице – Хрватска ќе потпишат протокол за соработка

by Admin
јуни 19, 2025
0
Утре,  Библиотеките од Охрид и Нашице – Хрватска ќе потпишат протокол за соработка

 19 јуни,2025 г.                Во дводневна  посета на НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид доаѓаат претставници од Градската библиотека од Нашице –...

Read more

Утре, Трета средба на роднокрајнитe автори и промоција на збирката „По стапките на Прличев“

by Admin
јуни 17, 2025
0
Утре, Трета средба на роднокрајнитe автори и промоција на збирката „По стапките на Прличев“

17 јуни, 2025 г.  НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид во рамките на проектот „Трета годишна средба на роднокрајни автори“ дел од програмата за работа на установата а...

Read more

Во Охрид успешно реализиран проектот „Цветна библиотека“

by Admin
јуни 13, 2025
0
Во Охрид успешно реализиран проектот „Цветна библиотека“

13  јуни, 2025 г.  Пред два дена во рамки на активностите кои се дел од промоцијата и развојот на мрежата на хортикултурните библиотеки во државата и пошироко во...

Read more

Промоција на книгата „Ткаенина на животот“ од д-р Симона Мартиноска

by Admin
јуни 12, 2025
0
Промоција на книгата „Ткаенина на животот“ од  д-р Симона Мартиноска

12 јуни, 2025 г.  Утре, петок во 12 часот во Прличевата одаја на НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид ќе биде промовирана збирката раскази „Ткаенина на животот“  од...

Read more

Регионална средба и работилница „Цветна библиотека – Хортикултурна библиотека“ во Охрид

by Admin
јуни 10, 2025
0
Регионална средба и работилница „Цветна библиотека – Хортикултурна библиотека“ во Охрид

10 јуни, 2025 г.  Утре, среда од 11 часот во НУ Библиотека „Григор Прличев“ ќе се одржи Регионална средба и работилница на тема: „Цветна библиотека – Хортикултурна библиотека“....

Read more
Next Post
На денешен ден пред 191 година роден е охридскиот поет и преродбеник Григор Прличев

На денешен ден пред 191 година роден е охридскиот поет и преродбеник Григор Прличев

Поврзани вести

Помогнавме во средувањето на училишната библиотека и поделивме бесплатни членски карти во Пештани

Помогнавме во средувањето на училишната библиотека и поделивме бесплатни членски карти во Пештани

април 7, 2025
Сеќавања: 15 години од смртта на охридскиот писател Зоран Ковачески

Сеќавања: 15 години од смртта на охридскиот писател Зоран Ковачески

јануари 21, 2021

Интервју со академик Милан Ѓурчинов

мај 31, 2020

Категории

  • Актуелно
  • Без категорија
  • Библиографии
  • Видео записи
  • Зборници
  • Звучни записи
  • Каталози
  • Книги во издание на библиотеката
  • Книги чиј издавач е библиотеката
  • Нови книги
  • Огледало
  • Околу нас
  • Продажба на книги
Посетеност: 246

© 2024 bibliotekaohrid.mk

No Result
View All Result
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт

© 2024 bibliotekaohrid.mk

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?