23 декември, 2020 г.
И оваа претпоследна среда од 2020 година ви нудиме на прочит нови девет наслови кои се веќе во одделот за издавање во нашата НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид.
Се работи за следните интересни наслови: „Ангелите од Москополе“ од Катја Максим во издание на Бата Прес, биографијата на „Пјер Кири“ од Марија Кири – Намапрес , „Последната камелија“ од Сара Џио – Сакам книги, „Корејски народни приказни“ – Македоника литера, „Златната средина“ од Анабел Лајон, – Табахон, „Воскресение“ од Мирче Нешовски – Македонија Презент, „Вистинскиот за мене“ Кејти Еванс – Сакам книги, „Звукот на формирањето на солта“ од Македоника литера и „Време за љубов“ од Маја Стојановска – Просветно дело. Библиотеката за читателите е отворена од понеделник до петок од 8 и 30 до 18 и 30 част. Годишната членарина за возрасни е 300 а за деца 200 денари.
НУ Библиотека