BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
No Result
View All Result
Home Актуелно

Стефоска за 100 дена Влада: Тука сум да дадам максимум за доброто на сите во културата

декември 17, 2020
in Актуелно
Стефоска за 100 дена Влада: Тука сум да дадам максимум за доброто на сите во културата

17 декември 2020 г.

Министерката за култура Ирена Стефоска ја почна прес-конференцијата со информацијата дека минатата недела, на 98-от ден од новиот мандат, Владата ги усвои заклучоците во врска со информацијата за спроведување на планот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион.

Стефоска особено ја истакна важноста на заклучокот кој се однесува на градањето во Охрид, Струга и во Дебрца каде што нема да може ништо да се гради без да се земат предвид  заштитно-козерваторските услови. Како што рече Стефоска, со тоа ќе се запре процесот на упропастување на ова наше и светско природно и културно добро.

Во отчетот за своите 100 дена како министерка, Стефоска порача дека ја прифатила оваа одговорна позиција за да даде максимум за доброто на сите во културата.

Од активностите што се реализирани досега, Стефоска ги посочи: решавањето на проблемот со неисплатените плати на три илјади и шестотини вработени во културата, новиот концепт за Годишниот конкурс за поддршка на проекти од национален интерес во културата за следната година, и додаде дека како министерка останала доследна на законската обврска и на сопственото уверување дека членовите на стручните комисии мора да бидат докажани професионалци во својата област.

Стефоска потсети дека, со голема внимателност и неопходна стручност, започнаа конзерваторско-реставраторските интервенции на црквата „Свети Ѓорѓи“ во Курбиново, како и дека е обезбеден рекорден буџет за заштита на културното наследство за следната година, а е отворена и нова буџетска програма за културно наследство во опасност. Таа најави дека во планот за работа на штотуку формираниот Национален совет за заштита на културното наследство, е разгледување на елаборатот за прогласување на скопскиот Аквадукт за културно наследство од исклучително значење.

Стефоска информираше дека е поднесена иницијатива до Управата за заштита на културно наследство за да се преиспита статусот на „Порта Македонија“  како културно наследство.

Таа информираше и дека следната година, заедно со УНЕСКО, ќе ја чествуваме  стогодишнината од раѓањето на академикот, лингвист и поет Блаже Конески.

Во изминатиов период, на иницијатива од Министерството, културата стана дел од официјалната агенда на Европската Унија за Западен Балкан.

Од активностите што се во агендата на Министерството, Стефоска ги посочи: Законот за остварување на јавниот интерес во културата кој е во Собрание,  подготовката на Закон за културно наследство, како и работата над измените и дополнувањата на Законот за авторското право.

На  новинарски прашања, министерката Стефоска одговори дека се одделени буџетски средства за санација, поточно за изградба на оштетеното училиште во Љубојно, како и тоа дека Споменикот на Преспанското советување од НОБ во Отешево ќе биде саниран до напролет. За приоритетите во заштитата, таа одговори дека има голем број културни добра од недвижното наследство на кои ќе се посвети внимание, како што е и Чарши џамијата од 15 век во Прилеп, а од нематеријалното, недвижно наследство, Стефоска ги спомна старите словенски ракописи кои се делумно конзервирани, а се наоѓаат во Заводот и музеј – Охрид.

Министерката Стефоска одговори и на прашањата за Албанскиот театар во Скопје, истакнувајќи дека по долги години објектот доби технички прием и се планира наскоро да биде отворен за публиката.

ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА 100 ДЕНА МИНИСТЕР ЗА КУЛТУРА , ИРЕНА СТЕФОСКА

Извор: Министерство за култура

Посетеност: 367
Share30
Admin

Admin

Поврзани вести

Министерот за култура и туризам Седат Сулејмани ја посети НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид

by Admin
август 20, 2026
0
Министерот за култура и туризам Седат Сулејмани ја посети НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид

 Денеска Министерот за култура и туризам Седат Сулејмани  престојува во Охрид, Тој беше  во прва работна посета на институциите од областа на културата по неговото назначување на функцијата....

Read more

Заедничка промоција на туристичките потенцијали на Чешка и С. Македонија во Охрид

by Admin
август 18, 2026
0
Заедничка промоција на туристичките потенцијали на Чешка и С. Македонија во Охрид

Утре – среда 19 август во Охрид, во „Прличевата одаја “ на НУ Библиотека „Григор Прличев“ како придружен настан во рамките на официјалната посета на заменик-премиерот и министер...

Read more

Утре – сабота свечено ќе биде отворена обновената „Прличева одаја“

by Admin
јули 17, 2026
0
Утре – сабота свечено ќе биде отворена обновената „Прличева одаја“

Утре, 18 јули од 11 часот на пригодна свеченост во НУ Библиотека „Григор Прличев“ по неколку месечна адаптација ќе биде симболично отворена обновената „Прличева одаја“. Обновениот  мултифункционален простор...

Read more

Промоција на „Македонија низ вековите“ од д-р Виолета Ачкоска

by Admin
јули 15, 2026
0
Промоција на  „Македонија низ вековите“ од д-р Виолета Ачкоска

     Утре, четврток во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид ќе биде промовирана најновата книга на истакнатата македонска историчарка, проф. д-р Виолета Ачкоска „Македонија низ вековите.“ Книгата...

Read more

Утре ќе се одржи регионалниот поетски фестивал „Слушни го Езерото“

by Admin
јуни 18, 2026
0
Утре ќе се одржи регионалниот поетски фестивал „Слушни го Езерото“

Во пресрет на 21 јуни -  Денот на Охридското Езеро, НУ Библиотека „Григор Прличев“ утре од 11 часот  ќе ја одржи манифестацијата СЛУШНИ ГО ЕЗЕРОТО. Проектот е финансиски...

Read more
Next Post
Новата година дочекајте ја со книга во рацете

Новата година дочекајте ја со книга во рацете

Поврзани вести

Нови наслови во библиотеката

Нови наслови во библиотеката

февруари 17, 2022
Беседата  „Прличев и ние“ под шифра: „Гроф“ најдобра на Конкурсот на НУБ „Григор Прличев“ од Охрид

Беседата „Прличев и ние“ под шифра: „Гроф“ најдобра на Конкурсот на НУБ „Григор Прличев“ од Охрид

јануари 30, 2023
Промовирана книгата „Авантурите на космонаутко“ промовирана во Охрид

Промовирана книгата „Авантурите на космонаутко“ промовирана во Охрид

август 10, 2023

Категории

  • Актуелно
  • Без категорија
  • Библиографии
  • Видео записи
  • Зборници
  • Звучни записи
  • Каталози
  • Книги во издание на библиотеката
  • Книги чиј издавач е библиотеката
  • Нови книги
  • Огледало
  • Околу нас
  • Продажба на книги
Посетеност: 367

© 2024 bibliotekaohrid.mk

No Result
View All Result
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт

© 2024 bibliotekaohrid.mk

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?