11 ноември 2020 г.
Оваa среда ви претставуваме осум нови наслови кои уште од денеска ќе можат да се позајмат во Библиотеката.
Се работи за дела од домашни и странски автори кои имаат интересен, впечатлив и привлечен раскажувачки стил. Прва на листата е книгата „Каде е Елизабет?“од Ема Хили која во светски познатиот Sunday Times е најавена како бестселер од авторката и добитник на наградата Costa за 2014 г. Во денешната понуда се и книгите: „Марсовецот“ од Енди Вир, „Паралел“ од Верица Ацеска, биографијата на Фрнац Кафка од Макс Брод, „Јапонски бајки“ – Јеи Теодора Озаки, „Елеганцијата на ежот“ од Мириел Барбери, „Три жени“ од Марџ Пирси и делото „Остров“ од Меша Селимовиќ. Понудените книги се во издание на: Дата Понс, Прозарт Медиа, Просветно дело, В и Г Зеница, Антолог, Матица, Три и Ѓурѓа.
Годишното членство во НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид за деца чини 200 а за возрасни 300 денари. Работното време на Пултот за издавање од понеделник до петок е од 8 и 30 до 18 и 30 часот со пауза поради спроведување на Ковид мерките од 13 до 13 и 30 часот.
НУ Библиотека