3 ноември, 2020 г.
Од нашата нова понуда од книги за оваа недела ја издвојуваме и ви ја препорачуваме за читање книгата „Мадам Кири“.
Марија Склодовска Кири (1867-1934) е првата жена што добила светско признание и е една од најголемите научници на дваесеттиот век.
Биографијата,напишана од нејзината ќерка Ева Кири, позната меѓународна активистка, ги забележува нејзините легендарни постигнувања во науката, вклучително и нејзините пионерски обиди во проучувањето на радиоактивноста, како и нејзините две Нобелови награди по физика и хемија.
Биографијата исто така го опишува нејзиниот маркантен живот, од детството во Полска, нејзиниот среќен париски брак со колегата научник Пјер Кири, до нејзината трагична смрт,токму од истиот оној радиум кој ѝ ја донесе славата.
НУ Библиотека