20 октомври, 2020г.
Од неодамна започна дислокацијата на спомен – бистата на Григор Прличев на новиот простор помеѓу двете национални установи што го носат неговото име.
По налог на Општина Охрид градежните работи за уредување на просторот и постаментот ги изведуваат вработени на ЈП Градски гробишта – Охрид.
Идејата за дислокација е уште од мигот кога до поранешната локација на бистата беа поставени подземните контејнери а јавноста излезе со бурни реакции.
Преместување на споменикот бараше и НУ Библиотека „Григор Прличев“.
Општина Охрид подготвителните работи ги започна од почетокот на годинава , но поради студот и подоцна појавата на Ковид -19 работите беа запрени.
НУ Библиотека „Григор Прличев“