7 октомври, 2020 г.
Од новиот избор книги кои библиотеката ги набави со средства од Министерството за култура оваа среда издвојуваме уште девет нови и интересни наслови кои ќе го најдат патот до читателите.
Се работи за книгите: „Анонимна девојка“ од Грир Хендрикс, „Девојката од писмото“ Емили Гунис, „Изгубеното писмо“ од Џилијан Кантор , „Тивката жена“ од А.С.А Харисон, „Доказ за љубов“ Памела Клер, „Мојата прекрасна сопруга“ од Саманта Даунинг, бестселерот според Њујорк Тајмс „Американски брак“ од Тајери Џонс , „Сопруга на хартија“ од авторката Лајла Ибрахим и „Изгубената ќерка“ од Џил Пол.
И потсетуваме со зачленување во библиотеката сите книги ќе ви се на дофат за годишна членарина од 300 денари за возрасни и 200 денари за деца.
Работното време на НУ Библиотека „Григор Прличев“ е секој работен ден од 8 и 30 до 18 и 30 со пауза за дезинфекција на просторот за издавање од 12 до 12 и 30 часот.
„Анонимна девојка“ од Грир Хендрикс
„Девојката од писмото“ Емили Гунис
„Изгубеното писмо“ од Џилијан Кантор
„Тивката жена“ од А.С.А Харисон
„Доказ за љубов“ Памела Клер
„Мојата прекрасна сопруга“ Саманта Даунинг
„Американски брак“ Тајери Џонс
„Сопруга на хартија“ Лајла Ибрахим
„Изгубената ќерка“ Џил Пол
НУ Библиотека – Охрид