BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
No Result
View All Result
Home Актуелно

Д-р Чепреганов, автор на македонската порака за Светскиот ден на книгата…

мај 21, 2020
in Актуелно
Д-р Чепреганов, автор на македонската порака за Светскиот ден на книгата…

23 април 2020 г.

Порака од проф. д-р Методи Чепреганов, невропсихијатар  –   УМОТ ЦАРУВА, А КНИГАТА ГО ХРАНИ

Веќе повеќе од шеесет години се занимавам со проблемите на созревањето на психичкиот профил на личноста, на колективниот психо-профил (популарно наречен ментален склоп на еден народ) и на цивилизациската свест со име Планетарна совест или социјално сознание за односот кон Мајката Земја. Ќе си дозволам да го елаборирам, од моето богато психолошко-психијатриско искуство само психо-профилот на личноста.
Конфуциј, многу одамна, во своите капитални и вековни дела напишал дека УМОТ ЦАРУВА, А МОЌТА И СНАГАТА СЕ ГУБАТ, и ја означил најмоќната прошетка низ цивилизациските психо-емотивни основи на животот со мислата: да живееш и да постоиш значи да учиш, да работиш, да твориш, да креираш, да создаваш, да умееш, да почитуваш, да те краси емпатија, флексибилност и толерантност, значи да имаш изграден свој психолошки профил со високо инкорпорирани норми во совеста на сопствената личност.
Симбиозата на нашата психа и тело го сочинува нашето постоење, нашето огледало и експресија на мисловните капацитети и дела во нашите интерперсонални односи кон надвор. Тоа е нашата совест, фундаментален еволутивен процес при кој на психофизичката обдареност од мајката природа со текот на времето личноста насобира и во себе вградува воспитување, едукација, знаење, искуство, социјални, морални, етички и духовни норми. Таа постепено созрева во средината во која постои, во средината на фамилијата и на опкружувањето.
Тоа се насушните норми кои ја формираат психичката архитектура на една личност кои го креираат и формираат нејзиниот психо-профил.
Модерната психологија, сознанието за зрела личност го надградува: во името на зрелоста со социјално кое означува збир од ментални процеси кои поддржуваат одредени наши социјални интеракции во нашите контакти со другите, со околината, со реалноста и со осмисленоста на специфичноста на нашите намери, планови, желби, замисли, верувања, емоции и дејства.
Капацитетот на социјалната когниција во името на емоционална интелигенција, нè води сите нас и управува со нашето социјално однесување, со нашата адаптација, како многу значаен фактор во примањето, но и во одговорот на нашите соодветни и реални, или несоодветни хистерични и непромислени социјални интеракции.
Денес, невронауката ја потврди архитектурата на нашиот психо-профил, со богатство на знаење што сме го внеле во нашите мемориски записи. Прашањето е кој ја оформува, осознава и инкорпорира менталната и емоционалната интелектуална зрелост на нашата личност? Има само еден одговор. Книгата и богатиот резервоар на знаења. Книгата ни го евоцира минатото и таа меморија нè насочува со поуки; книгата ни ја проектира и осмислува иднината, како реална надеж, која со ум, знаење и работа, треба да ја оствариме и обистиниме и конечно книгата нè учи и нè држи под контрола како да го живееме мигот. Најголемото слепило за една личност е ако книгата не му е пријател и секојдневен сопатник. Таа го храни, го оживува, му ја покажува насоката на неговото постоење, ги орнаментира и збогатува неговите мемориски квалитети и конечно му го осмислува и покажува начинот и насоката на неговата креација, живот, однос со околината, знаење, почит, духовност и постоење. Книгата е изворот, фундаментот и светлината во животната филозофија на нашата секојдневна егзистенција. Дружете се со неа и почитувајте ја како секојдневна насушна храна, којашто ќе ви го збогати умот и животот.

НУ Библиотека Охрид

Посетеност: 143
Share30
Admin

Admin

Поврзани вести

НУ Библиотека „Григор Прличев“ наскоро со нов визуелен идентитет

by Admin
мај 13, 2025
0
НУ Библиотека „Григор Прличев“ наскоро со нов визуелен идентитет

13 мај, 2025 г.  Типографот и графички дизајнер Ласко Џуровски деновиве ја посети НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид и пред вработените го презентира новиот предлог - визуелен...

Read more

Свечено одбележан 5 Мај – Денот на македонскиот јазик

by Admin
мај 6, 2025
0
Свечено одбележан 5 Мај  – Денот на македонскиот јазик

6 мај, 2025 г.  Јазикот е единствената наша татковина. Сѐ додека го чуваме, го негуваме, го вардиме, го гледаме јазикот наш македонски – ќе може да сметаме дека...

Read more

Во понеделник свеченост по повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик

by Admin
мај 3, 2025
0
Во понеделник свеченост по повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик

3 мај, 2025 г. По повод Денот на македонскиот јазик во понеделник на 5 мај од 12 часот НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид организира пригодна свеченост. Премиерно...

Read more

Промовирани книгите „Филозофска Револуција I и II“ од Стефан Шорко

by Admin
мај 2, 2025
0
Промовирани книгите „Филозофска Револуција I и II“ од Стефан Шорко

2 мај, 2025 г.     Во организација на Лајонс клубот „Деница“ и НУ Библиотека „Григор Прличев“ денеска беа промовирани книгите „Филозофска Револуција I и II “ од Стефан...

Read more

Наскоро нова поетско – прозна збирка „По стапките на Прличев“

by Admin
април 30, 2025
0
Годинава ќе реализираме 17 проекти со средства од Министерството за култура и туризам

30 април, 2025 г.  Во рамките на Проектот: „Трета годишна средба на роднокрајни автори НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид наскоро ќе го отпечати вториот поетско – прозен Алманах...

Read more
Next Post
УНЕСКО со порака за Светскиот ден на книгата и на авторското право

УНЕСКО со порака за Светскиот ден на книгата и на авторското право

Поврзани вести

Прва Роднокрајна средба на писателите од Охрид

Прва Роднокрајна средба на писателите од Охрид

јуни 20, 2023
Меморандум за соработка меѓу УИНТ „Св. Апостол Павле“и НУ Библиотека „Григор Прличев“

Меморандум за соработка меѓу УИНТ „Св. Апостол Павле“и НУ Библиотека „Григор Прличев“

април 27, 2023
Ново во нашата Библиотека

Ново во нашата Библиотека

февруари 17, 2021

Категории

  • Актуелно
  • Без категорија
  • Библиографии
  • Видео записи
  • Зборници
  • Звучни записи
  • Каталози
  • Книги во издание на библиотеката
  • Книги чиј издавач е библиотеката
  • Нови книги
  • Огледало
  • Околу нас
  • Продажба на книги
Посетеност: 143

© 2024 bibliotekaohrid.mk

No Result
View All Result
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт

© 2024 bibliotekaohrid.mk

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?