BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
No Result
View All Result
Home Актуелно

„Прличеви беседи 2021“ и во услови на Ковид -19

февруари 2, 2021
in Актуелно
„Прличеви беседи 2021“ и во услови на Ковид -19

2 февруари, 2021 г. 

НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид и во услови на Ковид-19 и годинава достојно ќе ја чествува 128 годишнината од смртта на патронот Прличев и 160 годишнината од создавањето на неговата поема „Скендербег“.

Главниот настан во чест на големиот поет и преродбеник Григор Прличев во организација на библиотеката е закажан за 5 февруари – петок од 13 часот кога на малата сцена во Центарот за култура што го носи името на патронот ќе се одржи промоција на најновата книга на проф. д-р Вера Сточевска – Антиќ „За Прличев и неговиот XIX  век“ во која како приредувач се јавува м-р Милчо Јованоски.  Промотор ќе биде проф. д-р Димитар Пандев.

Книгата е симбиоза од  научно – истражувачки текстови од д-р Стојчевска – Антиќ објавувани и презентирани во период од  близу 40 години наназад на разни домашни и меѓународни конференции и настани и поводи. Од нив извира поврзаноста на Прличев со св Климент  и неговото силно влијание  врз одредени слова кои се мотивирани од заеднички извори. Трудот на д-р Стојчевска – Антиќ ги бара постојните преоди на нашиот јазик од времето на старословенскиот литературен јазик, кој во разните словенски средини преминува од XII век во црковнословенски, за да се дојде до XIX век со потреба од изрaзување на сопствен литературен јазик, различен од бугарскиот, од српскиот, а разбирливо тоа е евидентно и со грчкиот јазик.

Покрај 12 трудови од д-р Стојчевска – Антиќ книгата содржи и  13 автографски записи, документи, мислења од м-р Милчо Јованоски. Тој изнесува податоци и слики за куќата и гробот на Григор Прличев, за семејното стебло (прв пат во печатена форма) за најстарите македонски изданија на негови значајни дела, филмови за Прличев и ред негови мисли, за Прличевите визити, за добитниците на наградата за најдобра поема…

 

Авторката и приредувачот,  во книгата создадоа  концепт кој  ги спои минатото и сегашноста со надеж дека така ќе привлечат внимание од јавноста и читателите за нов прочит на големиот Прличев.  Оваа „книжевна читанка“ истовремено е мал туристички водич низ Охрид.  Издавач на книгата е  НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид со финансиска помош на Министерството за култура и општина Охрид.

Во деновите  пред беседите библиотеката на својата обновена веб страница ќе ја постави и сподели со посетителите на сајтот документарната снимка извлечена од архивата на МТВ – ТВ Скопје а посветана на манифестацијата „Прличеви беседи“ 1968 година – точно од пред 53 години кога се одбележала 75 годишнината од смртта на Прличев.

Истовремено на сајтот  www.bibliotekaohrid.mk ќе бидат споделени аудио изданијата „Сердарот“ и „ Автобиографијата“ кои се дел од архивираниот серијал „Звучна библиотека“ проект поддржан од Министерството за култура а реализиран од страна на охридската библиотека.

НУ Библиотека

 

Посетеност: 131
Share30
Admin

Admin

Поврзани вести

Утре,  Библиотеките од Охрид и Нашице – Хрватска ќе потпишат протокол за соработка

by Admin
јуни 19, 2025
0
Утре,  Библиотеките од Охрид и Нашице – Хрватска ќе потпишат протокол за соработка

 19 јуни,2025 г.                Во дводневна  посета на НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид доаѓаат претставници од Градската библиотека од Нашице –...

Read more

Утре, Трета средба на роднокрајнитe автори и промоција на збирката „По стапките на Прличев“

by Admin
јуни 17, 2025
0
Утре, Трета средба на роднокрајнитe автори и промоција на збирката „По стапките на Прличев“

17 јуни, 2025 г.  НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид во рамките на проектот „Трета годишна средба на роднокрајни автори“ дел од програмата за работа на установата а...

Read more

Во Охрид успешно реализиран проектот „Цветна библиотека“

by Admin
јуни 13, 2025
0
Во Охрид успешно реализиран проектот „Цветна библиотека“

13  јуни, 2025 г.  Пред два дена во рамки на активностите кои се дел од промоцијата и развојот на мрежата на хортикултурните библиотеки во државата и пошироко во...

Read more

Промоција на книгата „Ткаенина на животот“ од д-р Симона Мартиноска

by Admin
јуни 12, 2025
0
Промоција на книгата „Ткаенина на животот“ од  д-р Симона Мартиноска

12 јуни, 2025 г.  Утре, петок во 12 часот во Прличевата одаја на НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид ќе биде промовирана збирката раскази „Ткаенина на животот“  од...

Read more

Регионална средба и работилница „Цветна библиотека – Хортикултурна библиотека“ во Охрид

by Admin
јуни 10, 2025
0
Регионална средба и работилница „Цветна библиотека – Хортикултурна библиотека“ во Охрид

10 јуни, 2025 г.  Утре, среда од 11 часот во НУ Библиотека „Григор Прличев“ ќе се одржи Регионална средба и работилница на тема: „Цветна библиотека – Хортикултурна библиотека“....

Read more
Next Post
НУ Библиотека „Григор Прличев“-  Нови книги и родендени

НУ Библиотека „Григор Прличев“- Нови книги и родендени

Поврзани вести

Општина Охрид го започна проектот „Да ги овековечиме вредностите“

Општина Охрид го започна проектот „Да ги овековечиме вредностите“

јуни 27, 2024
Утре книжевен портрет посветен на проф. д-р  Димитар Пандев

Утре книжевен портрет посветен на проф. д-р  Димитар Пандев

март 24, 2022

Наутро, кога сонцето изгрева, дозволи му да влезе во тебе

август 24, 2020

Категории

  • Актуелно
  • Без категорија
  • Библиографии
  • Видео записи
  • Зборници
  • Звучни записи
  • Каталози
  • Книги во издание на библиотеката
  • Книги чиј издавач е библиотеката
  • Нови книги
  • Огледало
  • Околу нас
  • Продажба на книги
Посетеност: 131

© 2024 bibliotekaohrid.mk

No Result
View All Result
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт

© 2024 bibliotekaohrid.mk

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?