Грчкото месечно електронско списание за литература „Карта“ (“Χάρτης”, Νο.18, Ιούνιος 2020) објави извонреден портрет на Блаже Конески насловен „Житија на Блаже Конески“ ( Συναξάρια του Μπλάζε Κόνεσκι ), објави денеска на својот фејсбук профил познатиот македонски писател, новинар и публицист Томислав Османли.
Портретот е проследен со преводи на седум песни од поетската ризница на нашиот најистакнат книжевник и лингвист, именувајќи го „корифеј на духовниот живот на соседна Северна Македонија“. Уредништвото изразува жалење што преводите се посредувани, направени преку англиски преводи на поезијата на Конески, додавајќи: „бидејќи не знаеме македонски, а со цел песните на Конески да стигнат до грчкиот читател, овој избор беше направен и покрај неговите очигледни ограничувања“. Пријателски интонираниот текст – илустриран со сјајниот портрет на акад. Конески дело на акад. Димитар Кондовски – завршува со изразување надеж „дека наскоро ќе има преведувачи кои ќе се заложат да ја препорачаат работата на Конески во нашата земја директно од оригиналот“. Независно од напишаното преводите се многу добри. За поздравување се, особено, благородноите намери што стојат зад оваа бележита објава на нашите грчки колеги по чисто книжевно перо и по искрена καλοκαγαθία, напиша Османли.
Еве го линкот до оригиналниот текст во грчкото списание за литература:
https://www.hartismag.gr/hartis-18/metafrash/synaxaria?fbclid=IwAR31MkL_h3Y-P3Q2XvLrBP68Rs_BgcPlzFWt3cQN5CUgzzylcZjyrqn-NGU ж
Фејсбук профил на Томислав Османли