BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
No Result
View All Result
Home Околу нас

НУБ „Свети Климент Охридски“ одбележа 80 години од формирањето

ноември 24, 2024
in Околу нас
НУБ „Свети Климент Охридски“ одбележа 80 години од формирањето

24 ноември, 2024 г. 

Вчера Националната и универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“ во Скопје свечено го одбележа јубилејот – 80 години од именувањето на првиот директор Ѓорѓи Шоптрајанов и започнувањето со работа на библиотеката во слободна Македонија со заповед на Поверенството за народна просвета на Президиумот на АСНОМ на 23 ноември 1944 година.

-Во историските мигови на раѓање на македонската државност,  среде пепелта на војната, асномските визионери го положија темелот на народна библиотека – храм на словото и речта, симбол македонската ренесанса, рече во своето пригодно обраќање претседателката Гордана Сиљаноска – Давкова и доаде: – Осум децении од првите чекори на оваа институција, насловена како Народна библиотека, со првичен фонд од 150.000 книги, 50 читателски места и 12 вработени – вљубеници во книгата, се осум децении на учење, борба, непокорност и истрајност во мисијата – чувар на македонскиот идентитет, култура и колективна меморија. Од 1944 година, кога се круниса ослободувањето на татковината, па до денешната дигитална ера, библиотеката континуирано ги надминува границите на просторот и времето, посочи претседателката.

Како што рече претседателката Сиљаноска – Давкова НУБ „Свети Климент Охридски“ не е само духовна ризница, туку и амбасадор на македонската културна историја, чувар на македонскиот идентитет и симбол на вечноста.

Пред присутните се обратија и в.д. директорот Јовица Никчевски и државниот секретар во Министерството за култура и туризам, Марија Ѓоргова.

На одбележувањето на големиот јубилејот- 80 години од именувањето на првиот директор и започнувањето со работа на библиотеката во слободна Македонија присуствуваше и в.д. директорката на НУ Библиотека „Григор Прличев“ Христина Трпеска.

НУ Библиотека

Посетеност: 407
Share30
Admin

Admin

Поврзани вести

Вчера заврши осмиот Балкански поетски камп за млади „Ванчо Николески“кој се одржа во Охрид, Лескоец и Црвена Вода.

by Admin
август 24, 2026
0
Вчера заврши осмиот Балкански поетски камп за млади „Ванчо Николески“кој се одржа во Охрид, Лескоец и Црвена Вода.

Кампот  “Ванчо Николески”,традиционално започна во општинското основно училиште во Лескоец, кое е единствената установа во Македонија која го носи името на бардот на литературното создавање за деца и...

Read more

Охрид њуз: Фото: Отворена обновената „Прличева одаја“, збогатена понудата за развој на културниот туризам

by Admin
јули 18, 2026
0
Охрид њуз: Фото: Отворена обновената „Прличева одаја“, збогатена понудата за развој на културниот туризам

На пригодна свеченост во НУ Библиотека „Григор Прличев“ по неколку месечна адаптација денес во присуство на бројни гости, митрополитот на Дебарско-кичевската епархија г. Геориј, директори на национални и...

Read more

Одбележани осум децении од раѓањето на Иван Карадак

by Admin
јули 17, 2026
0
Одбележани осум децении од раѓањето на Иван Карадак

На пригоден настан што  вчера се одржа во ЦК „Григор Прличев“ во Охрид, беа одбележани 80 години од раѓањето на познатиот македонски писател, драматург, афорист и сатиричар Иван...

Read more

Валандовскиот патувачки културен караван во среда ќе биде во Охрид

by Admin
јуни 15, 2026
0
Валандовскиот патувачки културен караван во среда  ќе биде во Охрид

Валандово е мало гратче кое изобилува со историја, археологија и традиција во музиката. Кога зборуваме за Валандово, зборуваме за археолошките локалитети: Исар, Марвинци; Исар, Кулата; Стакина чешма. Зборуваме...

Read more

Библиотеката ,,Григор Прличев” од Охрид дел од Втората меѓународна конференција ,,Библиотекарот денес: професија во трансформација

by Admin
јуни 7, 2026
0
Библиотеката ,,Григор Прличев” од Охрид дел од Втората меѓународна конференција ,,Библиотекарот денес: професија во трансформација

Во организација на НУУБ ,,Свети Климент Охридски" - Битола на 4 и 5 јуни се одржа Втората меѓународна конференција на тема ,,Библиотекарот денес: професија во трансформација". Конференцијата обедини...

Read more
Next Post
Денови на српската книжевност се одржаа и во Охрид

Денови на српската книжевност се одржаа и во Охрид

Поврзани вести

Нови наслови во Библиотеката – мај 2020

Нови наслови во Библиотеката – мај 2020

мај 26, 2020
Вчера заврши осмиот Балкански поетски камп за млади „Ванчо Николески“кој се одржа во Охрид, Лескоец и Црвена Вода.

Вчера заврши осмиот Балкански поетски камп за млади „Ванчо Николески“кој се одржа во Охрид, Лескоец и Црвена Вода.

август 24, 2026
Нашата библиотека добитник на награда за нај издавач на книги од домашни автори за 2024 година

Нашата библиотека добитник на награда за нај издавач на книги од домашни автори за 2024 година

ноември 19, 2024

Категории

  • Актуелно
  • Без категорија
  • Библиографии
  • Видео записи
  • Зборници
  • Звучни записи
  • Каталози
  • Книги во издание на библиотеката
  • Книги чиј издавач е библиотеката
  • Нови книги
  • Огледало
  • Околу нас
  • Продажба на книги
Посетеност: 407

© 2024 bibliotekaohrid.mk

No Result
View All Result
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт

© 2024 bibliotekaohrid.mk

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?