6 февруари, 2024 г.
Со уметничкиот перфоманс „Стихови и звуци за Прличев“, денес во спомен куќата која го носи неговото име, продолжија свеченостите за македонскиот и охридски великан Григор Прличев. Настанот започна со познатата „1762 лето“ во изведба на групата „Св.Софија“ и вокалистите Митко Колушевски и Венко Пашовски.
Во името на локалната самоуправа, пред присутните се обрати заменик градоначалникот Перчо Божиновски. Како локална самоуправа која води исклучителна грижа за нашите историски и културни вредности, ја продолжуваме акцијата за печатење на книги со Брајово писмо. Годинава ќе доделиме два примероци на книгата “Гоце Делчев“ од Ванчо Николески, на НУ Библиотека „Григор Прличев“ и Здружението на слепи лица од Охрид, рече Божиновски.
На настанот присуствуваше и директорот на НУ Библиотека „Григор Прличев“ м-р Милчо Јованоски
Пред присутните беа прочитени и првонаградените литературни творби на ученичките Матеја Колеска и Ивана Митре.
Во рамки на годинашните „Прличеви беседи“ беше промовирана книгата „Охридски поети“ од авторите Димитар Пандев и Славе Ѓорѓо Димоски, а во издание на Општина Охрид.
НУ Библиотека