15 април, 2022 г.
Младиот Славко Илоски е роден на 01.03.1999 во Струга. После завршувањето на средното училиште реши да се надградува и да студира во Скопје. Славко покрај студиите наоѓа време и за пишување. Твори константно, не се откажа од жарчето кое го тера да издава дела. „Време“ е негов втор роман и беше издаден три години после издавањето на првиот негов романот “Бел демон”, промовиран своевремено и кај нас. Славко на нашата библиотека и подари неколку примероци од романот „Време“ тие се обработени и можат да се зајмат на пултот за зајмување.
Романот „Време“ ве носи на патување со вашите мисли, ве тера длабоко да размислувате за вашиот живот, одлуките кои сте ги донесле, постапките кои понекогаш ве гонат и не ви дозволуваат да заспиете доцна навечер. Во овој роман се опфатени многу теми, за реалноста на животот во Македонија, за проблемите со кои сите адолесценти односно студенти на наша возраст се соочуваат, за една огромна емоционална катарза во животот на главните ликови, Леа и Евгениј, ќе рече авторот.
Лесно читлива приказна, која навидум изгледа како приказна за студентскиот живот, другарствата, врските, семејните проблеми на една млада девојка, но во текот на читањето читателот доаѓа до сознание дека се работи за многу повеќе од тоа. Се се променува со запознавањето на Евгениј и неговото постојано присуство во нејзиниот живот после тоа. Проблеми и необјасниви животни искуства, тага нанесена од болки кои главните ликови ги претрпуваат од суровоста на животот. Реалност и илузија. Сето ова е дел од романот кој на крај ве остава без збор, ве удира од земи со неочекуваното.
Леа и Евгениј се навидум нормална двојка, но ништо од нивниот прв судир не е нормално. Нивната приказна е посебна и расте до точка на кулминација со тајните кои Евгениј ги носи длабоко во себе, а не може да ги објасни на својата сакана, колку и да сака, некои нешта во неговиот живот се необјасниви и за самиот Евгениј. Колку навистина сме живееле, ако во текот на нашиот живот постојано сме мислеле и размислувале за секој наш потег, за секој наш чекор? Колку навистина сме живееле ако сме го поминале нашиот живот во самокритичност? Тоа е навистина добра тема за размислување која овој роман дефинитивно ќе ја поттикне кај секој читател.
Имате топла препорака да го прочитате романот “Време”, ќе ве поттикне да не дозволите никогаш да го губите времето, никогаш да не се трошите себеси за нешто што не ве исполнува, никогаш да не пропуштате нешто за да не можете да се каете во иднина, уживајте во времето, ваше е, направете го вредно и нахранете си ја душа со убавина и мигови кои се вредни вашето време.
Време. Тежок збор на кој ние луѓето не му даваме доволна тежина. А не можеме да го сопреме, животот тече. Евгениј ќе ве научи многу важна и поучна лекција, дека времето потрошено залудно може да е само идна болка која ќе ни ја оцрни душата. Гушнете ги саканите, вели авторот, зграпчете го моментот, бидејќи болката и бесцелниот живот може да ви го уништат истиот.
Леа и Евгениј, претставени низ зборовите на авторот, сме всушност сите ние, сите ние кои го живееме животот полни со недоволна страст и волја за него, полни со негатива, ние кои понекогаш го земаме здраво за готово и живееме од денес за утре. Славко и неговиот роман “Време” имаат прекрасна порака која ќе допре до сите. Толку силна порака ќе ја разбуди свеста на читателот и ќе го мотивира да го живее животот со големо ценење и почитување на тоа “Време” кое го имаме.
НУ Библиотека