6 октомври, 2021 г.
И оваа среда ви презентираме нови изданија од старите, добри лектири со кои растеа генерации деца а и денес дел од овие изданија се вклучени во образовниот процес и се омилени меѓу младите генерации.
Се работи за следните наслови кои освен со содржината привлекуваат внимание и со модерниот ликовно – графички дизајн:
Збирката Басни „Мувата и кочијата“ содржи стотина поучни приказни создаден од познатите писатели и собирачи: Езоп, Лафонтен, Лесинг, Обрадовиќ, Крилов, Цепенков.
На прочит ви ја нудиме и „Двојната Лота“ од Ерих Кестнер, како и „Пајажината на Климентина“ од Елвин Брукс Вајт.
И по секое читање на популарната „Алиса во земјата на чудата“ од Луис Керол се открива нешто ново, тие заедно со „Волшебникот од Оз“ се книги за деца со трајни вредности омилени и меѓу новите генерации секако кај оние деца кај кои е развиено чувството за убавото и читањето.
Меѓу овие бестселери од странски автори е и „Мери Попинс“ од Памела Л. Траверс.
Не помaлку интересни и вредни се и македонските култни книги за деца – стихозбирката „Црни и жолти“ од Славко Јаневски и битовата драма „Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски.
Потсетуваме дека Библиотеката од понеделник до петок за читателите е отворена од 8 и 30 до 18 и 30 часот.
Годишната членарина за деца е 200 а за возрасни 300 денари.
НУ Библиотека