BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
No Result
View All Result
Home Околу нас

МАНУ објави Лингвистички атлас на македонските дијалекти

мај 26, 2020
in Околу нас
МАНУ објави Лингвистички атлас на македонските дијалекти

26 мај, 2020 г.

Во издание на Македонска академија на науките и уметностите (МАНУ) од печат излезе Лингвистичкиот атлас на македонските дијалекти (според материјалите на ОЛА), каде што се поместени 50 дијалектни карти и легенди кои ја покриваат македонската дијалектна територија претставена во мрежата на населени пунктови во рамките на Општословенскиот лингвистички атлас – ОЛА.

Како што соопштија од МАНУ, општословенскиот лингвистички атлас (ОЛА) е еден од проектите на Меѓународниот комитет на славистите и има меѓународен, мултилатерален карактер. Во ОЛА се застапени 13 национални академии на науки и/или соодветни институти од сите словенски земји. Во атласите на ОЛА се картографираат резултатите од 3.454 дијалектни прашања собирани во преку 850 населени места на целата словенска јазична територија при што македонската јазична територија е застапена со 24 населени места.

„Со овој меѓународен проект, првпат во историјата на словенската лингвистика, според единствена програма и единствена транскрипција, се истражуваат сите словенски јазици и нивните дијалекти на огромна територија која тие ја зафаќаат на европскиот континент“, велат од МАНУ.

Лингвистичкиот атлас на македонските дијалекти (според материјалите на ОЛА), додаваат, ја прикажува лексичката разнообразност на македонската дијалектна територија надоврзувајќи се и реинтерпретирајќи ги македонските дијалектни материјали претставени во неколку веќе објавени лексички атласи на ОЛА.

„Се надеваме дека овој Атлас ќе го најде своето место не само кај научната, туку и кај пошироката читателска публика и ќе придонесе за расветлување на некои процеси во развојот на лексиката на македонските дијалекти. Исто така, целта на овој Атлас е да го прикаже лексичкото богатство и разнообразност на македонските дијалекти и да одреди во колкава мера тие се надоврзуваат на словенскиот јазичен континуум“, се наведува во соопштението.

Извор: https://www.radiomof.mk/

Посетеност: 216
Share30
Admin

Admin

Поврзани вести

Корисна посета и можност за идна сорабтока меѓу библиотеките од Охрид и Корча

by Admin
мај 19, 2025
0
Корисна посета и можност за идна сорабтока меѓу библиотеките од Охрид и Корча

19 мај, 2025г. Во рамките на Програмските активности во делот на меѓународната соработка деновиве  вработени во НУ Библиотека „Григор Прличев“  предводени од в.д. директорката на установата Христина Трпеска...

Read more

Почина Илче Стојаноски, новинар, публицист – роднокраен автор

by Admin
април 22, 2025
0
Почина Илче Стојаноски, новинар, публицист – роднокраен автор

22 април, 2025 г. Вчера во Охрид на 75 годишна возраст почина новинарот и публицист  Илче Стојаноски, кој целиот професионален работен век го помина во Центарот за печат...

Read more

„Аз,буки,веди – тајната на Словото од Григор Костески, дело инспирирано од словенската книжевна историја

by Admin
април 10, 2025
0
„Аз,буки,веди – тајната на Словото од Григор Костески, дело инспирирано од словенската книжевна историја

10 април, 2025 г.  -Со оваа книга авторот Костески навлегува длабоко во суштината на писмените знаци, етимиологијата на зборовите, слоговите и буквите. На тој начин ни открива нови...

Read more

Помогнавме во средувањето на училишната библиотека и поделивме бесплатни членски карти во Пештани

by Admin
април 7, 2025
0
Помогнавме во средувањето на училишната библиотека и поделивме бесплатни членски карти во Пештани

7 април, 2025 г.  На барање на ООУ „Св. Наум Охридски“ од Пештани и директорката Валентина Рубаноска а во рамките на одбележувањето на Втори април – Светскиот ден...

Read more

Регионалниот натпревар „Млади библиотекари“ ќе се одржи во април

by Admin
март 27, 2025
0
Регионалниот натпревар „Млади библиотекари“ ќе се одржи во април

27 март, 2025 г. На  повикот на нашата НУ Библиотека „Григор Прличев“ за учество на Регионалниот натпревар „Млади библиотекари“ закажан за 11 април во просториите на Библиотеката со...

Read more
Next Post

Острите зборови касаат, иако се искрени

Поврзани вести

УКИМ и Рускиот центар при УКИМ со неколку настани по повод 200 години од раѓањето на Достоевски

УКИМ и Рускиот центар при УКИМ со неколку настани по повод 200 години од раѓањето на Достоевски

ноември 11, 2021
Пандемијата го зголеми бројот на читатели во библиотеките во Македонија

Пандемијата го зголеми бројот на читатели во библиотеките во Македонија

декември 4, 2020
Промоција на стихозбирката „Насолзено цвеќе“ израз на најдлабоката човечка болка

Промоција на стихозбирката „Насолзено цвеќе“ израз на најдлабоката човечка болка

февруари 25, 2025

Категории

  • Актуелно
  • Без категорија
  • Библиографии
  • Видео записи
  • Зборници
  • Звучни записи
  • Каталози
  • Книги во издание на библиотеката
  • Книги чиј издавач е библиотеката
  • Нови книги
  • Огледало
  • Околу нас
  • Продажба на книги
Посетеност: 216

© 2024 bibliotekaohrid.mk

No Result
View All Result
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт

© 2024 bibliotekaohrid.mk

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?