6 август, 2021 г.
„Цркви во Охрид“ е 111 книга на акдаемик, д-р Миле Миќуновиќ и е во издание на НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид.
– Целта ми е жителите и посетителите на градот Охрид, во најкраток временски рок да посетат што повеќе цркви. За тоа во книгава, направив движење од Чинарот кон езерото во правец кон „Св. Софија“, „Св. Јован Богослов“ – Канео, се продолжува кон „Св. Климент и Пантелејмон“ – Плаошник и преку „Св. Богородица Перивлепта“ повторно се враќам до Чинарот. Секој читател на тој начин преку фотографија ќе ги посети сите цркви во стариот дел на градот Охрид, означени на следната карта со редни броеви на црквите, вели авоторот, д-р Миќуновиќ.
Книгата „Цркви во Охрид“ останува и како сведоштво за ова време и доказ дека во Општината Охрид има 32 населени места. Со опишувањето на црквите се почнува од запад кон север и се завршува кон југ, почнувајќи од Подмоље и завршувајќи со манастирскиот комплекс Св. Наум. Цркви нема во младите населби: Свети Стефан, Елешец и нас. Исток.
Вкупно се опишани 132 цркви со 1239 фотографии. Текстот и илустрациите на читателот ќе му дадат информции за црквите во градот Охрид и неговата околина како центар на црковниот и духовниот живот. Во исто време нивната архитектура и уметничкиот лик за читателот ќе биде слика за вековното културно траење, се вели во книгата.
Публицитет.мк