BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
No Result
View All Result
Home Околу нас

Денеска колегите од Прилеп одбележуваат 75 години од основањето на Градската библиотека

октомври 22, 2020
in Околу нас
Денеска колегите од Прилеп одбележуваат 75 години од основањето на Градската библиотека

22 октомври, 2020 г. 

Денеска чествуваме јубилеј-75 години успешен опстој и работа!

Денеска сите ние вработените во оваа установа се поклонуваме пред делото на своите колеги, претходници, на оние кои што пред 7, 5 децении го ставиле темелот на оваа дејност во Прилеп.

Потврдата за почетоците се наоѓа во писмото што на 22 октомври 1945 година, тогашниот управител на библиотеката Димче Најчески, го испратил до Околискиот просветен одбор.

„Другари, после ослободувањето на нашиот град, беше отворено Градско народно читалиште, на иницијатива на неколку другари. Се собра извесен број книги и читалиштето почна редовно да работи. Управата на градската библиотека и читалиште ‘Борка Талески’ наскоро ќе преземе акција за собирање доброволен прилог и книги…“

Оваа е првата народна библиотека, по некогашното народно читалиште „Надежда“, кое функционирало од 1867 година.

Во 1933 година трговското здружение формирало своја библиотека и читална. Формирана била и Трезвена ложа со читална. За време на Втората светска војна, бугарските власти настојувале да го обноват читалиштето „Надежда“ за да ја шират пропагандата меѓу македонскиот народ. На Собранието за обнова, Борка Талески предложил читалиштето да се вика „Гоце Делчев“. Затоа градската библиотека денес го носи неговото име.

 

nadezda - Денеска чествуваме заедно 75 години од основањето на нашата Библиотека

На почетокот библиотеката е сместена во просторија зад „Народниот магазин“ (НА-МА) во центарот на градот. Располагала со околу 1000 книги и неколку весници. Подоцна е преместена во поранешната кафеана на Солета, а во мај 1946 година библиотеката е пренесена во просторија наспроти градското пазариште.

stara nama - Денеска чествуваме заедно 75 години од основањето на нашата Библиотека

Во 1951 година во Прилеп е формиран „Културен дом“, па библиотеката влегува во неговиот состав.

Две години подоцна е вработен и првиот библиотекар со завршено средно библотекарско училиште, нашиот сограѓанин Димче Атанасоски. Тој вршел стручна обработка на книжниот фонд според тогашните библиотекарски правила и стандарди.

Тоа е време кога библиотеката почна да функционира како вистинска културна институција, во која се создадени и првите информативни  каталози и билтени.  Веќе во 1955 година, библиотеката се одделува од Културниот дом како самостојна културно-образовна институција, под името Градска библиотека  „Борка Талески“.

А, во 1961 година е преместена во подобри простории во куќата на доктор Шајкар, зад „Градските кина“, добивајќи статус на матична бибиотека за подрачјето на општина Прилеп.

biblioteka 4 - Денеска чествуваме заедно 75 години од основањето на нашата Библиотека

Пред новите предизвици, оваа установа има обврска да се грижи за развојната политика на библиотечната дејност во општината и да дава стручна помош на сите библиотекари во училишните и специјалните библиотеки.

Во 1984 година на „11 Октомври“ – Денот на востанието на македонскиот народ, свечено се пуштени во употреба новите простории на библиотеката, во блокот „Ц“ од објектот на домот на култура „Марко Цепенков“.

biblioteka nadvor - Денеска чествуваме заедно 75 години од основањето на нашата Библиотека

Тогаш установата располага со одлични услови, за својата дејност. Така што се отвора за деца од претшколска возраст, а се одржуваат и курсеви по англиски јазик.

Нејзиниот богат библиотечен фонд го користат голем број читатели, од општинава и пошироко.

Денес Јавната општинска установа „Борка Талески“, брои преку 130.000 книжни единици.  Роднокрајна збирка од над 3000 дела, книги, монографии, раскази, речници, весници, збирки … И раритетна збирка со над 1000 библиотечни единици.

marko cepenko - Денеска чествуваме заедно 75 години од основањето на нашата Библиотека

Во оваа установа работат 18 почитувачи на книжевноста, заштитници на македонското книжевно наследство и светско литературно творештво.

Во одделот за деца, одделот за возрасни и во стручниот оддел се врши набавка, обработка, чување, издавање на овој респектабилен библиотечен фонд на преку 10.000 членови- корисници на нашите услуги.

Вредноста на библиотечниот фонд создаван со децении е повеќе од 25 милиони денари.

BIBLIOTEKA 2 - Денеска чествуваме заедно 75 години од основањето на нашата Библиотека

И во овие тешки времиња на пандемијата предизвикана од „корона“ вирусот, нашата установа е постојано посетувана од читателите. Ако во март имавме и до 700 посетители дневно, овој месец доаѓаат и над 200 членови на двата пулта: за деца и возрасни.

107599011 3481081021915999 6331492737289406152 n - Денеска чествуваме заедно 75 години од основањето на нашата Библиотека

За жал читалните не можеме да ги отвориме и ставиме во функција, бидејќи овие сложени услови не ни дозволуваат да ги сервисираме и овие услуги за нашите читатели, корисници, за нашите сограѓани.

Со надеж и огромна желба заедницата да се избори со пандемискиот корона вирус, најавуваме дека сите наши планирани активности во чест на јубилејот ќе ги одложиме следната година.

-Промоција на монографија со наслов: 75 години ЈОУ Градска библиотека „Борка Талески“-Прилеп;

-Библиотекарството во Прилеп, историски развој;

-Промоција на Зборник на творби од прилепските современи автори;

-Промоции на најновите дела на членовите на Клубот на литературни творци од Прилеп;

– Конкурси за: „Најдобар рецитатор“, „Автор на најдобра лична творба“, „Краснопис“, „Најдобар библиотекар“;

-Доделување на плакети на најредовни читатели во двата оддела;

-Доделување платеки за најистакнатите соработници на установата, меѓу нив поранешни и вработени во моментов, кои што оставиле белег со својата работа;

-Изложба на дела од раритетната поставка;

-Изложба на дела од сопствена продукција;

-Изложба на дела од роднокрајните автори;

-Изложба на изданија на весникот „Народен Глас“,

-Изложба на други списанија и дробен печат кои што се дел од поставката на нашата установа;

-Организање на продажен саем со издавачките куќи;

-Литературни читања, ораторски вечери, матинеа …

На разни сцени во центарот на градот, на периферијата, Могилата на непобедените, во амфитеатарот во населбата „Варош“ … со цел книгата да ја доближиме до сите граѓани, сите возрасти, да чествуваме заедно.

Бидејќи чествувајќи го овој јубилеј, го чествуваме делото на нашите сограѓани, втемелувачи на македонскиот јазик, литература, граматика, правопис, култура …

Оддаваме почит на Марко Цепенков, Стале Попов, Блаже Конески, Круме Кепески, Борка Талески, Коле Чашуле, Благоја Ристески – Платнар … на сите кои што дале влог во македонската писмесност, култура, литература.

Се заблагодаруваме на сите вас, почитувани наши читатели, кои што сите овие години не поддржувате, ни ја давате својата доверба, со вашите посети, совети, размена на убави мисли, заеднички проекти, промоции, планови, идеи …

Честит да ни е јубилејот! Чествуваме заедно! Зашто ние постоиме за Вас!

НУ Библиотека Охрид

Посетеност: 221
Share30
Admin

Admin

Поврзани вести

Корисна посета и можност за идна сорабтока меѓу библиотеките од Охрид и Корча

by Admin
мај 19, 2025
0
Корисна посета и можност за идна сорабтока меѓу библиотеките од Охрид и Корча

19 мај, 2025г. Во рамките на Програмските активности во делот на меѓународната соработка деновиве  вработени во НУ Библиотека „Григор Прличев“  предводени од в.д. директорката на установата Христина Трпеска...

Read more

Почина Илче Стојаноски, новинар, публицист – роднокраен автор

by Admin
април 22, 2025
0
Почина Илче Стојаноски, новинар, публицист – роднокраен автор

22 април, 2025 г. Вчера во Охрид на 75 годишна возраст почина новинарот и публицист  Илче Стојаноски, кој целиот професионален работен век го помина во Центарот за печат...

Read more

„Аз,буки,веди – тајната на Словото од Григор Костески, дело инспирирано од словенската книжевна историја

by Admin
април 10, 2025
0
„Аз,буки,веди – тајната на Словото од Григор Костески, дело инспирирано од словенската книжевна историја

10 април, 2025 г.  -Со оваа книга авторот Костески навлегува длабоко во суштината на писмените знаци, етимиологијата на зборовите, слоговите и буквите. На тој начин ни открива нови...

Read more

Помогнавме во средувањето на училишната библиотека и поделивме бесплатни членски карти во Пештани

by Admin
април 7, 2025
0
Помогнавме во средувањето на училишната библиотека и поделивме бесплатни членски карти во Пештани

7 април, 2025 г.  На барање на ООУ „Св. Наум Охридски“ од Пештани и директорката Валентина Рубаноска а во рамките на одбележувањето на Втори април – Светскиот ден...

Read more

Регионалниот натпревар „Млади библиотекари“ ќе се одржи во април

by Admin
март 27, 2025
0
Регионалниот натпревар „Млади библиотекари“ ќе се одржи во април

27 март, 2025 г. На  повикот на нашата НУ Библиотека „Григор Прличев“ за учество на Регионалниот натпревар „Млади библиотекари“ закажан за 11 април во просториите на Библиотеката со...

Read more
Next Post
Спомен – бистата на Прличев на нова локација, непосредно до Библиотеката

Спомен - бистата на Прличев на нова локација, непосредно до Библиотеката

Поврзани вести

Почина колегата Слободан Стојаноски

Почина колегата Слободан Стојаноски

ноември 25, 2024
Мусала Софт донира новогодишни пакетчиња  во библиотеката „Григор Прличев“

Мусала Софт донира новогодишни пакетчиња во библиотеката „Григор Прличев“

декември 31, 2020
За Прличев и добивањето Ловоров венец за првпат чествуваме во куќата на акдемик Ѓурчинов во Охрид

За Прличев и добивањето Ловоров венец за првпат чествуваме во куќата на акдемик Ѓурчинов во Охрид

март 25, 2023

Категории

  • Актуелно
  • Без категорија
  • Библиографии
  • Видео записи
  • Зборници
  • Звучни записи
  • Каталози
  • Книги во издание на библиотеката
  • Книги чиј издавач е библиотеката
  • Нови книги
  • Огледало
  • Околу нас
  • Продажба на книги
Посетеност: 221

© 2024 bibliotekaohrid.mk

No Result
View All Result
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт

© 2024 bibliotekaohrid.mk

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?