BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
No Result
View All Result
Home Околу нас

Валандовскиот патувачки културен караван во среда ќе биде во Охрид

јуни 15, 2026
in Околу нас
Валандовскиот патувачки културен караван во среда  ќе биде во Охрид

Валандово е мало гратче кое изобилува со историја, археологија и традиција во музиката.

Кога зборуваме за Валандово, зборуваме за археолошките локалитети: Исар, Марвинци; Исар, Кулата; Стакина чешма. Зборуваме за најстариот фестивал за новокомпонирана музика во стилот на македонската народна песна, Фолк Фест, Валандово. Зборуваме за традиционална локална храна приготвена од калинка, смоква и Валандовски дренак… Зборуваме за најтоплото гратче кое има дури 360 сончеви денови во годината.
Оваа манифестација во рамки на проектот „Валандовска (патувачка) книжевна ноќ“ ќе се одржи во Библиотеката „Григор Прличев“ во Охрид, во среда од 12.00 часот.

Преку манифестацијата имаме цел да зборуваме за валандовската култура надвор од Валандово. Во програмата ќе бидат вклучени неколку активности.
Ќе биде отворена изложба на слики „Старо Валандово низ текот на 20 век“. Посетителите ќе имаат можност старата приказна за Валандово да ја доживееат преку фотографија и ќе можат да видат многу значајни кадри за животот на луѓето во Валандово од тој период. Ќе биде изложена дел од роднокрајната книжевна збирка која што се чува во Библиотеката „Гоце Делчев“ при Домот на културата.

Покрај сите други останати творци, писатели и локалци кои што направиле или прават обид за пишување, на манифестацијата ќе биде претставено творештвото на тројцата најплодни роднокрајни автори: Костадин Кајдамов, Апостол Поп Јовановски и Мирчо Карамучев.

Исто така, посетителите ќе имаат можност да дегустираат локална традиционална храна и локални производи кои што ќе бидат изложени и претставени на манифестацијата.

Проектот е финансиран и поддржан од страна на Министерството за култура и туризам.

Автор на проектот е Станка Бајлозова-Барламова, дипломиран книжевник и вработена во Домот на културата „25 Мај“, Валандово во областа на литературната дејност.

Учесник во проектот во делот претставување на роднокрајната збирка: Љилијана Нанова, долгогодишен библиотекар во Библиотеката „Гоце Делчев“, при Домот на културата а  в.д. директор: Виктор Давчев ќе се обрати на отворањето на настанот.

НУ Библиотека

Посетеност: 781
Share30
Admin

Admin

Поврзани вести

Вчера заврши осмиот Балкански поетски камп за млади „Ванчо Николески“кој се одржа во Охрид, Лескоец и Црвена Вода.

by Admin
август 24, 2026
0
Вчера заврши осмиот Балкански поетски камп за млади „Ванчо Николески“кој се одржа во Охрид, Лескоец и Црвена Вода.

Кампот  “Ванчо Николески”,традиционално започна во општинското основно училиште во Лескоец, кое е единствената установа во Македонија која го носи името на бардот на литературното создавање за деца и...

Read more

Охрид њуз: Фото: Отворена обновената „Прличева одаја“, збогатена понудата за развој на културниот туризам

by Admin
јули 18, 2026
0
Охрид њуз: Фото: Отворена обновената „Прличева одаја“, збогатена понудата за развој на културниот туризам

На пригодна свеченост во НУ Библиотека „Григор Прличев“ по неколку месечна адаптација денес во присуство на бројни гости, митрополитот на Дебарско-кичевската епархија г. Геориј, директори на национални и...

Read more

Одбележани осум децении од раѓањето на Иван Карадак

by Admin
јули 17, 2026
0
Одбележани осум децении од раѓањето на Иван Карадак

На пригоден настан што  вчера се одржа во ЦК „Григор Прличев“ во Охрид, беа одбележани 80 години од раѓањето на познатиот македонски писател, драматург, афорист и сатиричар Иван...

Read more

Библиотеката ,,Григор Прличев” од Охрид дел од Втората меѓународна конференција ,,Библиотекарот денес: професија во трансформација

by Admin
јуни 7, 2026
0
Библиотеката ,,Григор Прличев” од Охрид дел од Втората меѓународна конференција ,,Библиотекарот денес: професија во трансформација

Во организација на НУУБ ,,Свети Климент Охридски" - Битола на 4 и 5 јуни се одржа Втората меѓународна конференција на тема ,,Библиотекарот денес: професија во трансформација". Конференцијата обедини...

Read more

Библиотеките од Охрид и Златибор во рамките на 9. Фестивал на полско цвеќе ќе потпишат протокол за соработка

by Admin
мај 21, 2026
0
Библиотеките од Охрид и Златибор во рамките на  9. Фестивал на полско цвеќе ќе потпишат протокол за соработка

Директорката на НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид,  Христина Трпеска на покана од Регионалниот форум на хортикултурните библиотеки од Република Србија од 19 до 21 мај e почесен...

Read more
Next Post
Утре ќе се одржи регионалниот поетски фестивал „Слушни го Езерото“

Утре ќе се одржи регионалниот поетски фестивал „Слушни го Езерото“

Поврзани вести

Нашата Библиотека утре ќе е домаќин на Републичкиот натпревар „Млади билиотекари“

Од 2 септември НУ Библиотека „Григор Прличев“ отворена за читателите од 8.30 до 18.30

август 29, 2024
Во пресрет на 24 Мај – Денот на Св. Кирил и Методиј промовиран новиот визуелен идентитет на  Библиотеката

Во пресрет на 24 Мај – Денот на Св. Кирил и Методиј промовиран новиот визуелен идентитет на Библиотеката

мај 23, 2025
Ќе го одбележиме 23 април –  Светскиот ден на книгата и авторското право

Ќе го одбележиме 23 април – Светскиот ден на книгата и авторското право

април 22, 2025

Категории

  • Актуелно
  • Без категорија
  • Библиографии
  • Видео записи
  • Зборници
  • Звучни записи
  • Каталози
  • Книги во издание на библиотеката
  • Книги чиј издавач е библиотеката
  • Нови книги
  • Огледало
  • Околу нас
  • Продажба на книги
Посетеност: 781

© 2024 bibliotekaohrid.mk

No Result
View All Result
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт

© 2024 bibliotekaohrid.mk

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?