10 јуни, 2025 г.
НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид во рамките на Годишната програма за работа во текот на овој месец ќе го спроведе Проектот: „Книгата најдобар другар на децата“.
Покануваме ученици од Охрид кои од септември ќе се во шесто одделение. Тие заедно ќе се дружат и запознаваат и со наша помош ќе навлезат во светот на книгата, токму на нејзиниот извор – Библиотеката.
Ние како НУ-библиотека ,,Григор Прличев’’ имаме задача да ја доближиме библиотеката до децата кои се нашата иднина, да им помогнеме да ја засакаат книгата која може да биде нивен најдобар другар.
Предмет на проектот се едукативни книги (енциклопедии), книги со висококвалитетна содржина и привлечни слики. Целта на проектот е доближување и имплементација на книгата како извор на информација со која децата можат да се здобијат со знаења од областа на науката, техниката, астрономијата, природата и слично.
За време на часовите дацата ќе може да го искористат својот талент за пишување и цртање.
Овој проект е одобрен од Министерството за култура и туризам.
Децата – учесници нема да сносат никакви материјални трошоци бидејќи за сето тоа се обезбедени средства. Вежбите ќе се одвиваат во траење од еден училишен час во текот на десет работни дена во Библиотеката почнувајќи од 24.06 до 05.07 2025 г.
Бројот на децата – учесници е ограничен а заинтересираните можат да се пријават на електронската адреса:
biblioteka_ohrid@yahoo. com
Треба да се наведе име и презиме, одделение и мобилен број за контакт. Изборот на учесниците во проектот по свои критериуми ќе го прави Библиотеката.
Пријавување најдоцна до петок 13 јуни.
НУ Библиотека