24 мај, 2025 г.
ООУ „Кочо Рацин“ од Охрид во рамките на својата меѓународна соработка со сродни училишта од Балканот деновиве е домаќин на ученици и наставници од ОУ „Веселин Маслеша“ од Белград.
Учениците од збратимените училишта од Охрид и Белград беа дел од креативна работилница „Приказни од камен и дрво“.
„Вооружени“ со мобилни телефони и многу љубопитност, учениците заедно прошетаа низ стариот дел на Охрид и преку фотографии ги забележаа деталите, текстурите и убавините што ги раскажуваат приказните за градот.
По инспиративната прошетка, децата ја посетија НУ Библиотека ,,Григор Прличев ” – Охрид каде се запознаа со нејзината работа и учествуваа во отворањето на изложбата со сопствени фотографии. Овие креативни дела се изложени на посебно пано, достапно за сите посетители на библиотеката.
Проектот е одличен пример за интеркултурна размена, развивање на креативноста и негување на љубовта кон културното наследство.
НУ Библиотека