22 април, 2025 г.
Вчера во Охрид на 75 годишна возраст почина новинарот и публицист Илче Стојаноски, кој целиот професионален работен век го помина во Центарот за печат и радио Охрид.
Покрај мноштвото новинарски – професионални обврски тој со години со голема љубов и ентузијазам ја реализираше емисијата „ Охрид во моите спомени“ при што се снимени и емитувани над 100 вакви радио – документарни емисии. Врз основа на снимениот материјал тој има напишано две книги со исти наслов „ Кажвиме за да не се заборајт“ и тоа првата во 1996 во 2003 година.
Во третата книга на Илче Стојаноски, монографијата „ Охридски времелов 1848-1948“ издадена 2012 година повторно во чест на патронот на Охрид Свети Климент Охридски тој се обиде да го потврди Охрид во еден минат период од 100 години, преку цртежи, фотографии и коментари. Започнува од 1848 година со цртежите на Едвард Лир, продолжува со првите фотографи направени во Охрид во 1863 година од Јошеф Шекељ. Потоа се нижат фотографиите од почетокот на 20-тиот век на Мери Едит-Дурхам, и други фотографии од разни автори, чии имиња не се познати, се’ до првата половина на 20-тиот век или поточно до 1948 година.
Стојаноски потоа ја напиша и четвртата книга „Охридски вистини, случки, приказни и факти од минатото“, издадена 2014 година. Последниот негов труд е издавањето на ДВД, „ Охрид во моите спомени“
Како пензионер на најумесен начин продолжи да го промовира Охрид преку ФБ страницата „ Охрид, убав мил“ чиј креатор и администратор меѓу другите беше и тој.
Дел од неговото творештво љубоморно се чува и во нашето Роднокрајно одделение.
Илче Стојаноски е добитник и на Повелбата „ Свети Климент Охридски“ доделена од општина Охрид во 2007 година.
Погребот на Стојаноски е утре – среда на Градските гробишта во Охрид од 12.00 до 12.30 часот.
НУ Библиотека