BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
No Result
View All Result
Home Околу нас

„Ние и Прличев“ проф. д-р Александра Ѓуркова

февруари 8, 2025
in Околу нас
„Ние и Прличев“ проф. д-р Александра Ѓуркова

Со поемата Сердарот од Григор Прличев (во препев на Г. Сталев) се запознав во текот на основното образование и можам да кажам дека преку торжествените стихови почувствував посебна поврзаност со изречените емоции, со човековото страдање и со стремежот за борба за своето право и достоинство.

Се разбира, посебното чувство на возбуда се засили и со восхитот кон необичниот и тежок животен пат на Григор Прличев, кој изобилува со подвизи во поезијата, во преведувањето и во борбата за својот народ, за образование на мајчин јазик во Македонија и за сочувување на сопствениот интегритет. Прличев се истакнува како единствена фигура во македонската преродба и во македонската културна историја пред сè како поет, како беседник, особено значаен за охриѓани и за отфрлањето на грцизмот (од училиштата и од црквата), и како личност со особен интегритет: тој, по добивањето на наградата за најдобра поема во 1860 год. во Атина ја одбива понудата да се школува во Оксфорд или Берлин со стипендија од грчката држава, а половина од паричната награда е доделена на еден сиромашен студент по богословија, според неговото барање (како што е наведено во Автобиографијата, пишувана 1884/5 год.). Прличев ја чувствува намерата за негово придобивање од страна на грчката држава и кусо одговара: „нужда велика е да идам дома“. Инаку, по успехот со Арматолос, тој пишува уште една поема Скендербеј која ја предава за учество на истиот поетски конкурс во Атина во 1863 год., но во меѓувреме претходната година тој решава да се врати во Охрид. А, поемата Скендербеј на конкурсот е рангирана како втора.

Нема сомнение дека да се биде еден од потомците на Григор Прличев, дел од семејството, претставува за мене безмерна чест и радост. А, истовремено ме исполнува и со огромно чувство на долг кон ликот на Григор Прличев и кон целото семејство. Ќерката на Григор Прличев, Деспина Прличева, нашата прабаба (моја и на мојот брат Игор) била исклучително силна жена и е целосно заслужна за сочувувањето на еден значаен дел од оставината на Григор Прличев, која потоа и со помош на нашата баба, Ружа Попсимова Минова, била предадена за обработка и чување во Архивот на МАНУ.  Нашата мајка, Лилјана Минова-Ѓуркова преку целиот свој научен опус во македонската лингвистика ѝ се посвети целосно на македонистиката, притоа имајќи ги како главен двигател сите Прличеви стремежи и идеали. Мојата насоченост кон изучувањето на класичните јазици, на старословенскиот и црковнословенскиот јазик ми понуди значајна основа кон изучувањето на делата на Григор Прличев, пред сè на преведените Хомерови епови, на неговата „Кратка словенска граматика“, на неговите беседи и сл. Всушност, со времето се покажува дека истражувањеот на Прличевите дела секогаш изобилуваат со инспирација.

Натаму, ќе споменам неколку, за мене, позначајни и пресвртни моменти во животниот пат на Григор Прличев.

По смртта на Миладинови во Цариград во 1862 год., Прличев решава дека мора да се врати од Атина во татковината, во Охрид, за да „одмазди“ за Миладинови и за да се зафати со борба против грцизмот. Особено тешко ја доживува нивната погибел и поради тоа што Димитрија Миладинов му бил учител кого особено го почитувал; за него вели: -„Он во секоја постапка имаше нешто привлечно; речта му течеше од устата како мед; свештен оган му гореше во очите…“ Несомнено е дека Миладинов за Прличев претставувал пример за учител на којшто треба да се угледува.

Прличев заедно со Сапунџиев го започнува подвигот за искоренување на грцизмот во училиштата и во црквите; како што пишува во „Автобиографијата“: често им зборувале на учениците колку е тежок елинскиот јазик и колку е полесно да се учат на мајчиниот јазик, а во црквите кога чувствувал дека читачот на псалмите не ја извршувал својата задача, самиот ги читал псалмите. Поради интригите на грчкиот владика Мелетиј во Охрид, Прличев поради решителната борба што ја водел против елинизмот, бил затворен во дебарскиот затвор од каде што излегува во 1869 година.

Токму овој период е особено значаен во дејноста на Прличев како оратор: неговите пламени беседи што ги одржувал во црквата или во училиштата, најчесто по повод на крајот на годината или по повод на одбележување на Св. Климент или на Св. Кирил и Методиј стануваат движечката сила на отпорот против елинизацијата. Постои една поврзувачка нишка – споменот и ликот на св. Климент, неговото дело огледано во беседите на Прличев (искажани во црквата Св. Климент) којшто ги повикува охриѓани на единство во градот, на сплотеност во искоренувањето на грцизмот и враќањето на Охридската архиепископија. Како најзначаен момент овде се издвојува јазикот на беседите –често им се обраќа на своите сограѓани на охридски говор, што влегува во функција на целите што Прличев си ги поставува, да го охрабри народот во борбата за националното осознавање, да апелира на чувството за заедништво и тоа на говорот којшто му е најблизок, најразбирлив. Често на почетокот вметнува елементи на црковна проповед, како во оваа Беседа за разрешувањето на црковното прашање: -„Големо собрание во едно место, малоо и големо, женско и мажко, сфи наедно собрани, со взаимна љубоф, и со христианско сӑрце, такфо собрание је от Бога благословено. Исус Христос рече каде се двајца или тројца собрани во името мое, тамо сум и јас посредé них. Ако двајца или тројца земеет сила со името Христово, колку поике сила земат вес грат собрани во едно место…“

Од беседите треба посебно да се спомене беседата „Чувај се себеси“, беседа изречена на годишниот испит во јуни 1866 год., којашто во Македонија е за првпат објавена во лингвистичкото списание  „Македонски јазик“ во 1966 од Блаже Конески. Прличев особено внимание му посветил на ефектот што сакал да го постигне, да се доближи до својата публика, слушателите, а оформувањето на беседата на мајчин јазик е во функција на таа цел. Тоа што е беседата напишана на охридски говор е нејзината најважна карактеристика и, како и другите беседи, и ова како стилска карактеристика ја има функцијата на постигнување блискост со слушателите и на сугестивност кон нив. Беседата е концепциски и композициски осмислена со дидактички елементи, а има јасна определба да говори за актуелната состојба на своите сограѓани и да ги поттикне да се борат за себе, да го отфрлат грцизмот и секое туѓо влијание и да ја чуваат татковината. Ова претставува обележје на сите Прличеви слова и беседи, нешто по што станал и познат во учителските и граѓанските кругови. Тоа претставува неговата специфика како беседник: ерудит и учител којшто зборува како обичниот човек. Така, Прличев остави вековита трага во историјата на Охрид, во животот на охриѓани и во македонската културна историја. Затоа, како безмерно поттикнувачки и мотивирачки и денес ни звучат неговите зборови кои носат општа, човечка морална вредност:

-„Сфите божевни номој шчо се наожвеет во црковните книги, сфите госпот ‘и собра во еден збор- чувај се себеси“;

-„Кога госпот ти викат чувај се, многу појке ти викат да си ја чуваш таткојната.“

На таков начин Прличев ја издигнува задачата за грижата за татковината и за заедницата како највисок морален долг на човекот.

Нека прозвучат и денес Прличевите пораки силно, онака впечатливо како при нивното прво изрекување и нека бидат и понатаму силна инспирација, особено за младите генерации, за чување на македонската култура и традиција, и на македонскиот јазик. Да бидеме сложни во сочувување на нашето достоинство како Македонци, исто онака како што велеше и Григор Прличев: ­-„Вистина, силна работа је народ голем разумен, собран нá едно. Гласот негоф до божии престóл фтасфит и достигвит.“

За „Прличеви беседи 2025“ во НУ Библиотека „Григор Прличев“

Пишува:

д-р Александра Ѓуркова

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Посетеност: 152
Share30
Admin

Admin

Поврзани вести

ДРУГИТЕ ЗА НАС. horticulturna. biblioteka .org.mk ЦВЕTНА БИБЛИОТЕКА У ОХРИДУ

by Admin
јуни 13, 2025
0
Во Охрид успешно реализиран проектот „Цветна библиотека“

ЦВЕTНА БИБЛИОТЕКА У ОХРИДУ У оквиру активности које су део промоције и развоја мреже хортикултурних библиотека, у Охриду је реализован пројекат из годишњег програма НУ Библиотеке „Глигор Прличев“...

Read more

Проектот: „Книгата најдобар другар на децата“

by Admin
јуни 10, 2025
0
Проектот: „Книгата најдобар другар на децата“

10 јуни, 2025 г.  НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид во рамките на Годишната програма за работа во текот на овој месец  ќе го спроведе Проектот: „Книгата најдобар...

Read more

Поетите Мирко Томовски и Митре Мангоски – Радождански во Пула

by Admin
јуни 1, 2025
0
Поетите Мирко Томовски и Митре Мангоски – Радождански  во Пула

1 јуни 2025 г. Деновиве нашите роднокрајни автори Мирко Томовски и Митре Мангоски – Радождански настапија на две меѓународни поетски манифестации во Пула – Хрватска. 14. издание на...

Read more

Ученици од ООУ „Кочо Рацин“ од Охрид и „Веселин Маслеша“ од Белград ја посетија Библиотеката

by Admin
мај 24, 2025
0
Ученици од ООУ „Кочо Рацин“ од Охрид и „Веселин Маслеша“ од Белград ја посетија Библиотеката

24 мај, 2025 г. ООУ „Кочо Рацин“ од Охрид во рамките на својата меѓународна соработка со сродни училишта од Балканот деновиве е домаќин на ученици и наставници  од...

Read more

Корисна посета и можност за идна сорабтока меѓу библиотеките од Охрид и Корча

by Admin
мај 19, 2025
0
Корисна посета и можност за идна сорабтока меѓу библиотеките од Охрид и Корча

19 мај, 2025г. Во рамките на Програмските активности во делот на меѓународната соработка деновиве  вработени во НУ Библиотека „Григор Прличев“  предводени од в.д. директорката на установата Христина Трпеска...

Read more
Next Post
Битолчанката Дана Тембелеска ќе промовира две стихозбирки во Охрид

Битолчанката Дана Тембелеска ќе промовира две стихозбирки во Охрид

Поврзани вести

Нова книга во наше издание: „Трпе и Трпана“, хумор и забава од Академик д-р Миле Миќуновиќ

февруари 25, 2022

Интервју со академик Милан Ѓурчинов

мај 31, 2020
Учествуваме на семинарот „Полската литература во македонските библиотеки“

Учествуваме на семинарот „Полската литература во македонските библиотеки“

февруари 28, 2024

Категории

  • Актуелно
  • Без категорија
  • Библиографии
  • Видео записи
  • Зборници
  • Звучни записи
  • Каталози
  • Книги во издание на библиотеката
  • Книги чиј издавач е библиотеката
  • Нови книги
  • Огледало
  • Околу нас
  • Продажба на книги
Посетеност: 152

© 2024 bibliotekaohrid.mk

No Result
View All Result
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт

© 2024 bibliotekaohrid.mk

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?