BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
No Result
View All Result
Home Околу нас

Ениз Хилми доби награда од „Темплум“ за најдобра дебитантска книга за збирката раскази „Градот што не го засакав на прва“

декември 30, 2024
in Околу нас
Ениз Хилми доби награда од „Темплум“ за најдобра дебитантска книга за збирката раскази „Градот што не го засакав на прва“

30 декември, 2024 г.

Наградата за најдобар прозен дебитантски ракопис „Новите!“, на конкурсот што традиционално го распишува Издавачката куќа Темплум од Скопје, годинава ја доби охриѓанката Ениз Хилми за збирката раскази „Градот што не го засакав на прва“.

Ениз Хилми е родена во Охрид, таму учела основно и средно образование. Студирала во Истанбул. Работела 13 години во три македонски министерства во Скопје. Еден претпрвомајски ден ја зела ташната и дала отказ. Живее на релација Охрид – Берлин, виа Скопје.

„Станува збор за мемоар, односно патописна проза која гравитира меѓу „утописката“ потрага по загубениот југословенски простор и западниот сенс за организирање на времето и просторот, односно животот. Текстот го слави космополитскиот дух на големите градови, Берлин во случајов, каде свој дом изминативе години нашле повеќе од милион доселеници од речиси сите земји на светот. Токму во тој модерен хронотоп на отворената широкоумна метропола нашата авторка стапнува во трагите на бившата ЈУ-република. Тоа воедно ѝ овозможува да направи културолошки рез меѓу западната отворена култура и интернационална заедница, и тукашната балканска, посттранзициски заробена култура. – стои во образложението на жирито во состав: Наташа Атанасова, Елена Митреска и Стефан Алијевиќ, за наградата „Новите!“ во 2024 година, пренесува специјализираниот портал „Окно“.

За самиот ракопис авторката вели: „Поттикот за пишување на овие „берлински раскази“ е поврзан со моите чести и долги престои во Берлин. Одушевеноста ми растеше со секое патување во тој град создаден по човечка мерка, вистински отворен, кој ги почитува и развива различностите. Расказиве се обид и да го документирам малиот приватен живот од почетокот на милениумот, со одредени примеси на фикција.“

Збирката веќе може да се најде и во книжарниците ‘ Чудна шума’ , ‘ Или – Или’, ‘ Илика’ и ‘ Буква’во Скопје а се надеваме наскоро и во нашата Библиотека.

НУ Библиотека

Посетеност: 148
Share31
Admin

Admin

Поврзани вести

ДРУГИТЕ ЗА НАС. horticulturna. biblioteka .org.mk ЦВЕTНА БИБЛИОТЕКА У ОХРИДУ

by Admin
јуни 13, 2025
0
Во Охрид успешно реализиран проектот „Цветна библиотека“

ЦВЕTНА БИБЛИОТЕКА У ОХРИДУ У оквиру активности које су део промоције и развоја мреже хортикултурних библиотека, у Охриду је реализован пројекат из годишњег програма НУ Библиотеке „Глигор Прличев“...

Read more

Проектот: „Книгата најдобар другар на децата“

by Admin
јуни 10, 2025
0
Проектот: „Книгата најдобар другар на децата“

10 јуни, 2025 г.  НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид во рамките на Годишната програма за работа во текот на овој месец  ќе го спроведе Проектот: „Книгата најдобар...

Read more

Поетите Мирко Томовски и Митре Мангоски – Радождански во Пула

by Admin
јуни 1, 2025
0
Поетите Мирко Томовски и Митре Мангоски – Радождански  во Пула

1 јуни 2025 г. Деновиве нашите роднокрајни автори Мирко Томовски и Митре Мангоски – Радождански настапија на две меѓународни поетски манифестации во Пула – Хрватска. 14. издание на...

Read more

Ученици од ООУ „Кочо Рацин“ од Охрид и „Веселин Маслеша“ од Белград ја посетија Библиотеката

by Admin
мај 24, 2025
0
Ученици од ООУ „Кочо Рацин“ од Охрид и „Веселин Маслеша“ од Белград ја посетија Библиотеката

24 мај, 2025 г. ООУ „Кочо Рацин“ од Охрид во рамките на својата меѓународна соработка со сродни училишта од Балканот деновиве е домаќин на ученици и наставници  од...

Read more

Корисна посета и можност за идна сорабтока меѓу библиотеките од Охрид и Корча

by Admin
мај 19, 2025
0
Корисна посета и можност за идна сорабтока меѓу библиотеките од Охрид и Корча

19 мај, 2025г. Во рамките на Програмските активности во делот на меѓународната соработка деновиве  вработени во НУ Библиотека „Григор Прличев“  предводени од в.д. директорката на установата Христина Трпеска...

Read more
Next Post
Ги бележиме првите читатели во оваа 2025 година

Ги бележиме првите читатели во оваа 2025 година

Поврзани вести

Министерката Стефоска: Само сите заедно ќе успееме да ја кренеме на нозе Националната и универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“

Министерката Стефоска: Само сите заедно ќе успееме да ја кренеме на нозе Националната и универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“

август 25, 2021
Нови книги во Библиотеката

Нови книги во Библиотеката

февруари 24, 2022
Почина роднокрајната поетеса Вера Поповска

Почина роднокрајната поетеса Вера Поповска

август 21, 2024

Категории

  • Актуелно
  • Без категорија
  • Библиографии
  • Видео записи
  • Зборници
  • Звучни записи
  • Каталози
  • Книги во издание на библиотеката
  • Книги чиј издавач е библиотеката
  • Нови книги
  • Огледало
  • Околу нас
  • Продажба на книги
Посетеност: 148

© 2024 bibliotekaohrid.mk

No Result
View All Result
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт

© 2024 bibliotekaohrid.mk

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?