BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
No Result
View All Result
Home Актуелно

Промоција на книгата „Црковните библиотеки во Охрид и охридско“

декември 3, 2024
in Актуелно
Промоција на книгата „Црковните библиотеки во Охрид и охридско“

3 декември, 2024 г.

Во рамките на одбележувањето на Денот на Св. Климент Охридски – Патронот на Охрид – 8 Декември, во четврток 5 декември од 12.00 часот во НУ Библиотека „Григор Прличев“ ќе биде промовирана  книгата „Црковните библиотеки во Охрид и охридско“ од м-р Мариче Боздоганова советник – библиотекар во оваа установа.

-Манастирите и црквите се првите универзитети на ракописната традиција од каде се црпат податоци за нашиот културен и историски идентитет. Охрид низ вековите претставувал главно културно-просветно жариште во Македонија. Во него факелот на културата и просветата го запалил Климент Охридски и неговите ученици и соработници кои ги создале првите книжевни фондови на македонските манастирски и црковни библиотеки, вели авторката м-р Боздоганова и додава:

-Во текстот се опфатени неколку библиотеките од црквите од Охрид и охридско, како и книги кои се дел од богатата библиотека на Завод и Музеј – Охрид. Целта е да се даде слика на културното книжевно наследство од XVIII и XIX век во Охрид и околината. Анализирана е староста, писмото, темите и стил на кој се пишувани, како материјалот на кој се печатени – издадени книгите.

Како соработници во издавањето на овој вреден  материјал кој на овој начин се трга од заборавот се јавуваат м-р Елена Станкоска и Елизабета Бојчевска, а промотор ќе биде м-р Милчо Јованоски.

НУ Библиотека

Посетеност: 142
Share31
Admin

Admin

Поврзани вести

НУ Библиотека „Григор Прличев“ наскоро со нов визуелен идентитет

by Admin
мај 13, 2025
0
НУ Библиотека „Григор Прличев“ наскоро со нов визуелен идентитет

13 мај, 2025 г.  Типографот и графички дизајнер Ласко Џуровски деновиве ја посети НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид и пред вработените го презентира новиот предлог - визуелен...

Read more

Свечено одбележан 5 Мај – Денот на македонскиот јазик

by Admin
мај 6, 2025
0
Свечено одбележан 5 Мај  – Денот на македонскиот јазик

6 мај, 2025 г.  Јазикот е единствената наша татковина. Сѐ додека го чуваме, го негуваме, го вардиме, го гледаме јазикот наш македонски – ќе може да сметаме дека...

Read more

Во понеделник свеченост по повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик

by Admin
мај 3, 2025
0
Во понеделник свеченост по повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик

3 мај, 2025 г. По повод Денот на македонскиот јазик во понеделник на 5 мај од 12 часот НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид организира пригодна свеченост. Премиерно...

Read more

Промовирани книгите „Филозофска Револуција I и II“ од Стефан Шорко

by Admin
мај 2, 2025
0
Промовирани книгите „Филозофска Револуција I и II“ од Стефан Шорко

2 мај, 2025 г.     Во организација на Лајонс клубот „Деница“ и НУ Библиотека „Григор Прличев“ денеска беа промовирани книгите „Филозофска Револуција I и II “ од Стефан...

Read more

Наскоро нова поетско – прозна збирка „По стапките на Прличев“

by Admin
април 30, 2025
0
Годинава ќе реализираме 17 проекти со средства од Министерството за култура и туризам

30 април, 2025 г.  Во рамките на Проектот: „Трета годишна средба на роднокрајни автори НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид наскоро ќе го отпечати вториот поетско – прозен Алманах...

Read more
Next Post
Павле Митрески – добитник на наградата  „Патрон на градот – Св. Климент Охридски“

Павле Митрески - добитник на наградата  „Патрон на градот - Св. Климент Охридски“

Поврзани вести

Книгата поблиску до старите лица

Книгата поблиску до старите лица

ноември 21, 2022
Во сеќавање на Ванчо Николески

Во сеќавање на Ванчо Николески

април 15, 2022
Излезе книгата „Љубов“ со песни од повеќе автори

Утре промоција на стихозбирката „Љубов“ од група автори

јуни 3, 2022

Категории

  • Актуелно
  • Без категорија
  • Библиографии
  • Видео записи
  • Зборници
  • Звучни записи
  • Каталози
  • Книги во издание на библиотеката
  • Книги чиј издавач е библиотеката
  • Нови книги
  • Огледало
  • Околу нас
  • Продажба на книги
Посетеност: 142

© 2024 bibliotekaohrid.mk

No Result
View All Result
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт

© 2024 bibliotekaohrid.mk

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?