25 ноември, 2024 г.
По Скопје и Битола манифестацијата „Денови на српската книжевност“ вчера се одржа и во просториите на Почесниот конзулат на Република Србија во Охрид.
Домаќин на овој настан беше почесниот конзул м-р Михајло Филев кој по кој знае кој пат го покажа своето гостопримство.
Во Охрид допатуваа група српски писатели предводени од проф. д-р Драган Станиќ, претседател на „Матица српска – 1826“ кои одржаа литературно читање заедно со охридските автори Славе Ѓорѓо Димоски и Наде Ќосеска.
На настанот присуствуваше и Христина Трпеска в.д. директор на НУ Библиотека „Григор Прличев“.
Поздравувајќи ги присутните, таа и им понуди соработка на писателите од соседна Србија, и потенцираше дека нашата библиотека од минатата 2023 година активно соработува со библиотеката „Бора Станковиќ“ од Врање и дека очекува контакти со други библиотеки и институции од културата од регионот.
Фото: Архива Библиотека
Анамарија Момироска – Охрид њуз
НУ Библиотека