20 септември, 2024 г.
На покана на директорката на Јавната библиотека „Митруш Кутели“ Афердита Дука деновиве директорот на НУ Библиотека „Григор Прличев“ м-р Милчо Јованоски беше во посета на Поградец.
Првичниот контакт остварен на 21 јуни во Охрид кога поети од Охрид, Струга и Поградец беа дел од нашиот проект поддржан од Министерството за култура „Слушни го езерото“ на кој присуствуваа и директорката Дука и Николина Велкоска – Глигороска, директорка на НУ Центар за култура „Браќа Миладиновци“ од Струга продолжи во Поградец.
Директорот Јованоски присуствуваше на одбележувањето на 117-годишнината од раѓањето на Митруш Кутели и на состанокот на кој претставници на општина Поградец, Мултифункционалниот центар Поградец, Јавната библиотека „Митруш Кутели“ гостите од Охрид и Струга ги запознаа со подготвителната фаза на „Фестивал на крајбрежни поети“. Настан замислен за заедничка промоција на градовите Поградец, Струга и Охрид и локалните млади поети.
При посета на Јавната библиотека „Мируш Кутели преку мини-музејот присутните беа запознати со животот и делото на Кутели и историјата на библиотеката.
Митруш Кутели (псевдоним на Димитер Паскос) бил економист, финансиер, писател, преведувач, новинар, собирач на народни умотворби и собирач на албанскиот дух распространет низ вековите. Починал на 60-годишна возраст на 4 мај 1967 година.
На настаните присуствуваа ќерката на поетот Кутели, Поликсена Паско и внуката Мира Паско. Пред спомениците на Митруш Кутели и Ласгуш Порадеци беа положени букети свежо цвеќе а воедно се одржа и поетско – драмски перформанс.
Трилатералната средба на библиотеките од Поградец, Охрид и Струга заврши со учеството на Тркалезна маса на тема: „Поетскиот простор“ со придружба на звуци.
НУ Библиотека