BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
No Result
View All Result
Home Околу нас

ЈАВЕН ПОВИК За прибирање на понуди за избор на правно лице кое врши дејност или поседува дозвола за собирање и/или транспортирање на отпад

јули 12, 2024
in Околу нас
ЈАВЕН ПОВИК За прибирање на понуди за избор на правно лице кое врши дејност или поседува дозвола за собирање и/или транспортирање на отпад

12 јули, 2024 г. 

ЈАВЕН ПОВИК  За прибирање на понуди за избор на правно лице кое врши дејност или поседува дозвола за собирање и/или транспортирање на отпад

Националната установа Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид врз основа на член 42 став 3 од Законот за користење и располагање со ствари во државна сопственост („Службен весник на РМ“ бр. 78/15, 106/15, 153/15, 190/16 и 21/18 и „Службен весник на РСМ“ бр. 101/19, 275/19 и 122/21) и Одлука на Владата на Република Северна Македонија  бр. 41-2027/10 од  01.08.2023 година („Службен весник на РСМ“ бр.164 од 01.08.2023 година), за давање на согласност за спроведување на постапка за избор на правно лице кое врши дејност или поседува дозвола за собирање и /или транспортирање, преработка, рециклирање и уништување на отпад, објавува јавен повик за избор на правни лица кои вршат дејност или поседуваат дозвола за собирање и /или транспортирање на отпад, за движни ствари кои поради нивната дотраеност, неупотребливост или технолошка застареност не се користат од страна на НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид.

Избраните правни лица на јавниот повик имаат обврска да извршат превземање на движните ствари-електронска и информатичка опрема предмет на јавниот повик и истите да се транспортираат како отпад на соодветен начин, согласно законските прописи.

Движните ствари се наоѓаат во просториите на НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид, на улица  „Македонски просветители“ бр.2, Охрид.

Право на учество на јавниот повик имаат сите правни лица кои вршат дејност или поседуваат дозвола за собирање или транспортирање, преработка, рециклирање и уништување на отпад.

Увид во проверката на отпадниот материјал може да се изврши на лице место во просториите на НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид или електронски да се добие список за соодветниот отпаден материјал. Лице за контакт во врска со јавниот повик – Милчо Јованоски тел. 075 337 010 или електронска адреса – biblioteka_ohrid@yahoo.com .

Краен рок за доставување на пријавите за учество е 17.07.2024 година до 15 часот.

ИНФО: За полесно пријавување на заинтересираните Јавниот повик и Инструкциите по јавен повик во ПДФ документ  можат да се симанат во рубриката ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР НА ИСТАТА ВЕБ СТРАНИЦА НА БИБЛИОТЕКАТА 

Комисија за спроведување на постапка за избор

на правно лице кое врши дејност или поседува дозвола за собирање

и /или транспортирање, преработка, рециклирање и уништување на отпад

 

ИНСТРУКЦИЈА ПО ЈАВЕН ПОВИК

за избор на правно лице кое врши дејност или поседува дозвола за собирање и/или транспортирање, преработка, рециклирање и уништување на отпад

 

  1. OПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Националната установа – Библиотека ,,Григор Прличев“- Охрид има потреба од избор на правно лице кое врши дејност или поседува дозвола за собирање и/или транспортирање, преработка, рециклирање и уништување на отпад, за движни ствари, кои немаат вредност односно се дотраени, неупотребливи и технолошки застарени и истите не се користат од страна на библиотеката.

  1. ОПИС НА ПРЕДМЕТОТ НА ЈАВНИОТ ПОВИК

Предмет на јавниот повик се движни ствари (опрема) кои поради нивната дотраеност, неупотребливост или технолошка застареност не се користат од страна на НУ Библиотека ,,Григор Прличев”- Охрид и истите се наоѓаат во просторија во зградата на Библиотеката на ул. Македонски просветители бр 2, Охрид.

Движните ствари кои се предмет на јавниот повик детално се опишани во прилог 1 на истиот, со назив/опис на движната ствар, инвентарен број и количина.

Избраното правно лице има обврска да изврши преземање на движните ствари предмет на јавниот повик од наведената локација и истите да ги транспортира како отпад на соодветен начин, во согласност со законските прописи.

  • КРИТЕРИУМ ЗА ИЗБОР

Критериум за избор на правно лице е преземање на движните ствари предмет на јавниот повик во најкраток можен рок, без надомест.

Доколку повеќе правни лица понудат исто времетраење на преземање на движните ствари предмет на јавниот повик, во тој случај ќе се избере правното лице кое прво поднело пријава за учество во архивата на НУ Библиотека ,,Григор Прличев’’- Охрид.

Доколку е пристигната само една пријава за учество од едно правно лице, библиотеката ќе изврши избор на тоа правно лице.

  1. ПРАВО НА УЧЕСТВО

Право да поднесат пријава за учество имаат сите заинтересирани правни лица регистрирани за вршење на дејноста предмет на јавниот повик, односно кои вршат дејност или поседуваат дозвола за собирање и/или транспортирање, преработка, рециклирање и уништување на отпад.

Документи кои треба да се достават кон пријавата за учество се следниве:

  • Способност за вршење на дејност

–  ДРД образец за регистрирана дејност;

– Важечка дозвола за собирање и/или транспортирање, преработка, рециклирање и уништување на отпад издадена од надлежен орган.

  • Техничка и професионална способност

– изјава дека располага со соодветни транспортни средства за извршување на предметот на jавниот повик.

– изјава дека за непречено извршување на услугата ќе има на располагање во секое време доволен број на лица за извршување на услугата предмет на јавниот повик.

Документите за способност за вршење на професионална дејност, како и техничка и професионална способност се приложуваат во оригинал или во копија заверена од правното лице со потпис на одговорното лице и со назнака „Верно на оригиналот“.

Доколку избраното правно лице се откаже од склучување на договорот, во тој случај склучување на договор ќе му биде понудено на наредното правно лице кое поднело пријава за учество и соодветна документација предвидена во јавниот повик.

  1. ПРАШАЊА И ПОЈАСНУВАЊА

Подетални информации може да се добијат секој работен ден од 09:00 до 15:00 часот во НУ Библиотека ,,Григор Прличев’’- Охрид.

Лице за контакт во врска со јавниот повик е Милчо Јованоски, тел. 046/262-064, e-mail: biblioteka_ohrid@yahoo.com

 

  1. КРАЕН РОК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПРИЈАВА ЗА УЧЕСТВО

Краен рок за доставување на пријава за учество е 17.07.2024 година до 15:00 часот.

Пријавите се поднесуваат:

– по пошта на следнава адреса: НУ Библиотека ,,Григор Прличев’’- Охрид, ул.Македонски просветители бр.2, Охрид или

– директно во писарницата/архивата на НУ Библиотека ,,Григор Прличев’’- Охрид, лоцирана на ул. Македонски просветители бр.2, Охрид.

Пријавата која е поднесена по истекот на крајниот рок, се отфрла како задоцнета. Правното лице го приложува оригиналниот примерок на пријавата со  документите кон неа во затворен коверт.

 

Пример како треба да изгледа предната страна на затворениот коверт за правните лица кои ке поднесуваат пријава за учество на јавниот повик преку пошта или директно во писарницата/архивата на библиотеката.

 

„Не отворај“ За јавен повик

за избор на правно лице кое врши дејност или поседува дозвола за собирање и/или транспортирање, преработка, рециклирање и уништување на отпад

 

НУ Библиотека „Григор Прличев“

ул. Македонски просветители бр.2

Охрид

Скопј

 

 

VII. СКЛУЧУВАЊЕ НА ДОГОВОР

НУ Библиотека ,,Григор Прличев’’- Охрид  по истекот на 3 дена од денот на донесувањето на одлуката за избор на правно лице кое врши дејност или поседува дозвола за собирање и/или транспортирање, преработка, рециклирање и уништување на отпад и кое ќе изврши преземање на движните ствари предмет на јавниот повик, ќе го извести во писмена форма избраното правно лице. Истовремено, Библиотеката ќе ги извести сите правни лица кои учествувале на јавниот повик за извршениот избор.

НУ Библиотека ,,Григор Прличев’’- Охрид ќе склучи договор со едно или повеќе правни лица кои поднеле пријава за учество за преземање на движните ствари и кои ги исполнуваат условите наведени во јавниот повик.

 

VIII.ОБВРСКИ НА ИЗБРАНОТО ПРАВНО ЛИЦЕ ПО СКЛУЧУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ

Правните лица со кои Библиотеката ќе склучи договори се должни да извршат преземање на движните ствари предмет на јавниот повик од наведената локација и истите да ги транспортираат на соодветен начин, согласно законските прописи.

Библиотеката и избраните правни лица се должни да извршат записничко примопредавање на движните ствари предмет на јавниот повик.

 

Прилог 1

НУ Библиотека ,,Григор Прличев’’– Охрид, ул.Македонски просветители бр.2, Охрид

Ред. број О п и с

(назив, тип модел, фабричен број и слично)

ОСНОВНИ СРЕДСТВА

Инвентарен број Количина Забелешка
1. Вентилатор 000024 1
2. Фотокопирка 001045 1
3. Монитор Самсунг 000102 1
4. Компјутер 000100 1
5. Компјутер 000103 2
6. Компјутер 000154 2
7. Фотокопирка 1550 000038 1

 

Прилог 2                                                                                                            

Пријава за учество

(Правно лице, архивски број, датум и место)

Во врска со јавниот повик, објавен од страна на НУ Библиотека ,,Григор Прличев’’- Охрид за  избор на правно лице кое врши дејност или поседува дозвола за соборање и/или транспортирање, преработка, рециклирање и уништување на отпад, ја поднесуваме следнава пријава за учество:

 

  1. ОПШТИ ПОДАТОЦИ
  2. Име на правно лице: _____________________________________________

 

  1. Контакт информации
  • Адреса: ______________________________________________________

 

  • Телефон: ____________________________________________________

 

  • Факс: _______________________________________________________

 

  • Е-пошта: ____________________________________________________

 

  • Лице за контакт: _____________________________________________

(лице кое ке биде задолжено за реализација)

  1. Одговорно лице: _______________________________________________
  2. Даночен број: __________________________________________________
  3. Матичен број _______________________________________________

Со поднесувањето на оваа пријава за учество, изјавуваме дека рокот во кој ќе извршиме преземање на движните ствари предмет на јавниот повик изнесува ________­­­­денови (од денот на склучување на договорот).

Исто така, со поднесување на оваа пријава за учество во целост ги прифаќаме условите предвидени во јавниот повик и не го оспоруваме вашето право да ја поништите постапката.         

  

                                                                                              Oдговорно лице во правното лице

 

                                                                                                                ________________________

                                                                                                               (име, презиме и потпис)

 

 

*Пријавата за учество ја потпишува одговорно лице на правното лице

 

 

 

 

 

И З Ј А В А

 

Јас долупотпишаниот __________________________________________ во својство на одговорно лице на правното лице ______________________________под целосна  материјална и кривична одговорност изјавувам дека располагам со соодветни транспортни средства за извршување на предметот на jавниот повик за избор на правно лице кое врши дејност или поседува дозвола за собирање и/или транспортирање, преработка, рециклирање и уништување на отпад.

 

Одговорно лице

 

_________________________

 

 

 

 

 

 

 

*Изјавата ја потпишува одговорното лице

 

 

И З Ј А В А

 

Јас долупотпишаниот __________________________________________ во својство на одговорно лице на правното лице______________________________________под целосна материјална и кривична одговорност изјавувам дека за непречено извршување на услугата ќе има на располагање во секое време доволен број на лица за извршување на услугата предмет на јавниот повик за избор на правно лице кое врши дејност или поседува дозвола за соборање и/или транспортирање преработка, рециклирање и уништување на отпад.

 

Oдговорно лице

_______________________

 

 

 

*Изјавата ја потпишува одговорното лице

 

Посетеност: 236
Share30
Admin

Admin

Поврзани вести

ДРУГИТЕ ЗА НАС. horticulturna. biblioteka .org.mk ЦВЕTНА БИБЛИОТЕКА У ОХРИДУ

by Admin
јуни 13, 2025
0
Во Охрид успешно реализиран проектот „Цветна библиотека“

ЦВЕTНА БИБЛИОТЕКА У ОХРИДУ У оквиру активности које су део промоције и развоја мреже хортикултурних библиотека, у Охриду је реализован пројекат из годишњег програма НУ Библиотеке „Глигор Прличев“...

Read more

Проектот: „Книгата најдобар другар на децата“

by Admin
јуни 10, 2025
0
Проектот: „Книгата најдобар другар на децата“

10 јуни, 2025 г.  НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид во рамките на Годишната програма за работа во текот на овој месец  ќе го спроведе Проектот: „Книгата најдобар...

Read more

Поетите Мирко Томовски и Митре Мангоски – Радождански во Пула

by Admin
јуни 1, 2025
0
Поетите Мирко Томовски и Митре Мангоски – Радождански  во Пула

1 јуни 2025 г. Деновиве нашите роднокрајни автори Мирко Томовски и Митре Мангоски – Радождански настапија на две меѓународни поетски манифестации во Пула – Хрватска. 14. издание на...

Read more

Ученици од ООУ „Кочо Рацин“ од Охрид и „Веселин Маслеша“ од Белград ја посетија Библиотеката

by Admin
мај 24, 2025
0
Ученици од ООУ „Кочо Рацин“ од Охрид и „Веселин Маслеша“ од Белград ја посетија Библиотеката

24 мај, 2025 г. ООУ „Кочо Рацин“ од Охрид во рамките на својата меѓународна соработка со сродни училишта од Балканот деновиве е домаќин на ученици и наставници  од...

Read more

Корисна посета и можност за идна сорабтока меѓу библиотеките од Охрид и Корча

by Admin
мај 19, 2025
0
Корисна посета и можност за идна сорабтока меѓу библиотеките од Охрид и Корча

19 мај, 2025г. Во рамките на Програмските активности во делот на меѓународната соработка деновиве  вработени во НУ Библиотека „Григор Прличев“  предводени од в.д. директорката на установата Христина Трпеска...

Read more
Next Post
Изложба на книги во чест на двата Илиндена – Честит празник

Изложба на книги во чест на двата Илиндена - Честит празник

Поврзани вести

Понудата на библиотеката збогатена со уште девет наслови

Понудата на библиотеката збогатена со уште девет наслови

февруари 10, 2021

„За да можеш да пишуваш за животот, прво мора да го живееш.“- Хемингвеј

октомври 12, 2020
Да запознаеме три руски писателки и поетеси за деца

Да запознаеме три руски писателки и поетеси за деца

март 10, 2021

Категории

  • Актуелно
  • Без категорија
  • Библиографии
  • Видео записи
  • Зборници
  • Звучни записи
  • Каталози
  • Книги во издание на библиотеката
  • Книги чиј издавач е библиотеката
  • Нови книги
  • Огледало
  • Околу нас
  • Продажба на книги
Посетеност: 236

© 2024 bibliotekaohrid.mk

No Result
View All Result
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт

© 2024 bibliotekaohrid.mk

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?